Мој совет е земи од 260мл што се големите покасно ќе ти требаат со поголема милитража и земи си едно на почеток па после ќе си докупиш ако ти ги прифати само гледај да не земеш 3-4 различни па кое ќе ти стигне да го даваш . Сега скоро сите се антиколик и гледај да биде во форма на мајчина града. Јас најзадоволна сум од Томи Типи, али добри се и Нук,поназад пишуваа и за МАМ дека биле добри али пак се зависи каква цуцла би фатило бебе сите се различни
Јас си купив едно, уште едно добив подарок. Бидејќи сме само на доење сега, само едното шише го искористив неколку пати кога требаше да дадам АД. Те советувам едно да си имаш за старт. Ако од било која причина не доиш, ќе си докупиш отпосле еден сет. 260 мл шише мислам дека ќе ти е ОК, за да го користиш и покасно, за водичка, чајче... Јас земав Томи Типи, одма ми го прифати а гледав и Авент. Тие две ми се некако најфини мене лично.
Ние ма старт користевме авент натурал и искрено топ се, после земав томи типи ама еве од пред недела пак им се вратив на авентот натурал а земав и авент антиколик И да првите ми беа од 60ка ама брзо брзо ми требаа поголеми, па земав само едно томи типи 150ка другите сите ми се 260ка нема логика помали. Или 150ка земи си или 260ка
Јас воопшто не бев задоволна повеќе се давеше од било кое друго шише демек ако направи вакум треба да тече ова и без вакум течеше и некако чудна е цуцлата прво ја прифати по малце али за недела дена не можеше да ја смисли зошто е тврда, сега секое дете е различно али позитивно искуство немам со Калмата
Јас мислам дека секое дете е различно. Е сега поентава со калмава е да стимулира како природно доење, ама зависи од детето. Вака од искуство у продажба Томи типи најфалени ми се од муштерии... Јас земав едно такво и 2 најобични од Џамбо. Зошто по некое непишано правило ќе се изнадаваме по 1000ка за шишиња и ќе го фати тоа од 80 денари
@Natural Јас па мислам дека за почеток ти треба мало шише, тоа 30 мл пие на почеток, големите не ни имаат ознака за 30 мл. Од Томи Типи користам од самиот почеток и од друга фирма не сум купила во овие 9 и пол месеци, сè ми се погодило. Додека ми дојде млеко, само во мало шише пиеше, на почеток не пијат многу. Го користеше долго време, не е дека мало шишенце ќе ти биде џабе. И да е на ад, ќе пие во него додека не дојде до 150 мл млеко, што веднаш сигурно нема да почне по толку да пие. Според мене ако земаш, земи си едно од 150 мл, па ќе докупиш ако ти треба уште.
@Natural Се согласувам со Оли и јас вака постапив пред да се породам. Томи типи антиколик од 150мл е сосема доволно за почеток. Ако одев по својот памет, ќе купев цел сет шишиња, а синко испадна цицач невиден. Среќа љубезните вработени во Бебе супермаркет ме вразумија. Шишето дали 10тина пати сме го употребиле, ептен кога сум го оставала на чување за некој час-два.
Ние купивме дека јас полна со надеж дека ќе дојам, арно ама моево цицка нефати ниту пак измолзеното го пиеше надежно купивме медела калма и за првпат кога му дадов ќе ми се удавеше од цуцлата така од памет сум се извадила... одма му префрлив во друго и толку беше. Ако си од Ск би ти го поклонила зашо ниту еднаш нема цицано од него
@Оли Не ли се дава и вода и чај од раѓање или пак се измислени нови правила? Јас на пример би давала и цај од неколку зрна ким за грчеви од почеток ако видам дека се јавуваат, па затоа мислев бар 2 шишиња ми требаат за да не треба едното да го премивам 100 пати во тек на денот.
Авент натурал. Стаклени само. И цуцлите Авент како меченце, Soothie 0+m Super soothie 3+m. Презадоволни.
Како што читам како најдобри ги споделувате шишињата и цуцлите на Авент и Томи Типи. Е сега прашањето ми е од кој модел сте позадоволни они е со цевче што се Антиколик, или Натурал, каде цуцлата е поблиску до мајчината града. Гледам и двете фирми нудат Антиколик со цевче в шишето и Натурал.
Авент натурал за новороденче според мене е најдобро. Томи типи цуцлите се потврди. Јас сум задоволна и од двете за новороденче користев авент натурал а потоа земав томи типи поефтино ми беше веќе кога беше 5++ со рачки сам да си држи. Рачките се купуваат дополнително. Првото шишенце што го имав за секој случај беше мало 120 мл потоа зимав од големите кога се виде дека нема да цица за да можам да ги користам подолго стаклени.
Авент натурал си имаат антиколик систем. Ама мислам дека не треба да се замараш со тоа. Грчевите се фаза која мора да се помине и издржи.
За новороденче стаклени или пластични шишиња треба? Сакам да земам едно - две, за секој случај, да имам за почеток.
Кој како преферира. Стаклените се секако подолготрајни, како за користење, така и за оддржување. Но и двете треба да се менуваат редовно, без разлика.
Нема врска нешто со тежината, па да не се удри со стаклена, пластиката дека е полесна, ама можеби поштетна? Од тој аспект мислев да нема некое правило, што е подобро да се земе
Пластичните сега се претежно без BPA, така да безбедни се. За тежина, ако ти треба за у старт, секако ти го држиш шишето. Има едно стаклено на авент, во памет ми остана, не стигнав да го купам, ама штом почнеме со водичка, обавезно го земам тоа.
Фала ти за одговорот, немам навистина никакво искуство, се надевам дека бебуш ќе цица, ама морам за секој случај да земам 1-2 шишенца, за било што. Инаку планирам да земам шишиња на Lansinoh, ги препорачуваат нивните цуцли како нешто најблиску до брадавици, наводно биле многу еластични и меки, па ако не успееме со тоа, секако Avent ми е следен избор.