Јас сеуште имам ама ми се намалува откако почнав со електрична пумпа, со рачната само ми се дуплираше, не знам дал да ја вратам рачната сакам да дојам бар до 6 месеци.
Јас и со рачна и со електрична, но сепак снема. Со оглед на тоа и дека на почетокот немав многу знаев деканќе снема.
Па и јас немав многу на почетокот до 60мл молзев после 100мл па до 170мл стигнав. Сега до 100мл пак >_>
Цуцлите на Авент Филипс зелените шо се, знаете ли точно каде ги има, денеска се убија барајќи и нигде не можеле да ми најдат? Како може да се толку тешки за наоѓање ни онлајн не може да се нарачат од никаде. Мака мачам со цуцли, 4 до сега смениме, прелакома е, ми спие на цицка па се буде и само шмука и се повраќа отпосле а ако а тргниш одма плаче, се буне...
Аптека во Ремедика сто посто има...има и во еурофарм скопје ама треба да бараш точно во која аптека има...Ремедика има сигурно
Мајки малата ми е 5+ месеци и досега не фати никакво шише. Имав Авент стаклено 0+ уште пред да се породам и 2-3 пати само има пиено молзено во тоа, ама сега не сака никакво. Како започнуваме со вкусови, ќе треба да почнам и вода да и давам кога ќе има оброк, па се мислам да купам авент натурал пластично. Е сега како е со цуцлата, има величини? Какво да земам? Цуцли лажливки само на Авент ги сака и тоа само за заспивање, инаку не.
Imam medela sise so calm ne go koristam mnogu ednas dvapati nedelno ako ostavam molzeno za maz mi da drzi nokna smena. Gi perev so sjaj i gi staviv vo zovriena voda so soda da se steriliziraat. Gledam kako pobeleni se sisinjata ko od bigor. Prasanjeto mi e kako gi odrzavate koga nemate sterilizator?
Ќе си земеш купечка вода или дестилирана и САМО со ВОДА ќе ги стерилизираш не знам зошто си ставала сода нема потреба од тоа.
Синко има 26 дена, цуцла не сака да прифати, планирам да му давам и измолзено млеко ослучај да сме излезени па да му дадам шишенце. Според вас кои се подобри шишиња предложете ми, гледам ги фалите мам, томи типи или нук? И битно ми е да не му створи зависност.