Некапечка е, со меко клунче е, од 4+ е, мојата има 5м пие кога е чајче, а водата поише ја плука , башка си ги чеша забите добра е искрено а мислам дека не беше поише од 300 ден. Еве ја
Ќе видам дали да ја земам. Некапечка ми треба, ама ме мисли тоа клунчето, мојов не си чеша заби, туку гризе и тегне. Таа на Авент е погодна ептен зошто не може да ја изгризе, ама он па откако се удри од тврдото клунче не сака да ја погледне...
Препорачајте ми чашка со клунче за бебе што никако не фаќа шише Оваа розевата погоре што е постирана ја има и овде и се мислам да ја земам ама бебе е 6 месеци па сакав 6+ да биде и чашката.
Здраво. Сакаме само Нук цуцли, и тоа од тие Спејс. Дали ви се случило да трга бебчо воздух од неа? Дали е оштетена? Дали ви се случило да се наполнат со вода при миење? Ваши искуства ве молам споделете, пресна мама сум
Купив денес од еурофарм од овие новата фирма twistshake шише за млеко пиење. Мн ми се допадна, а и го прифати лесно, додуша до сега не ми е правел проблеми му имам давано и од авент и томи типи ама ми беа за менување па земав вакво на среќа и го прифати. Не се скапи а и баш се практични и имаат антиколик систем за бебенца мали сега не му менува на моето многу тоа мислам. Плус има кутиче за формула да си складираш во неа за шетање ако ти треба. Баш топ. Цуцлите се меки убави, му земав со м големина тој ако е голем 9++ пие со цуцла 2+ и баш му е ок, ако му ставам поголем проток се буни и засркнува.
Мајки, ако може совет за шишиња. Бебето е скоро 3мес. (предвреме родено, корегирана возраст 1,5 месец), на комбинирана исхрана доење и ад. Досега користев томи типи со 0+ цуцла (шишињата со цевче) и супер пиеше, ама од пред 10 дена плаче ич не ја сака цуцлата или ќе почне да пие и се откажува и плаче. И така треба да ги менувам шишињата па кажете што е паметно. Пробав досега мам анти колик и твистшејк со 0 цуцла и калма медела, ниедна не ја сака, со мам некако пие ама како да се мачи. Се мислам да не е сепак мал протокот на 0 цуцлите, ама па малецко е бебето, некако од томи типи задоволна бев а следна цуцла е 3+.. Следно што мислев е чико со цуцла 2+ со широко грло или па мам 2+ да пробам..
Може ли да го сликнеш да видам кое го имаш? @LjLj јас имам на Мам 2+ дури сега и ја сменив и повеќе тече од тоа 0+ ,ама кај мене е 5 месеци веќе.
Тие што се на доење не знам дали треба да зголемуваат проток, да не се навикнат на полесно течење па да не сакаат да цицаат?
Можеби малку глупо прашање, но кога незнам, тоа е Како ги миете цуцлите, шишињата? Т.е со што? Со посебен сјај за бебиња да не има, немам видено