Чисто како инфо за тие што земале Frigg, баш сакав да нарачам сега, и барајќи ми излезе ова: Спојлер: Линк https://www.webmd.com/baby/news/20220121/certain-frigg-pacifiers-recalled-due-to-choking-hazard
Јас планирам да ја користам истата од стартот се додека приметам дека му смета и дека му треба со побрз проток. Пример ако почне да се мачи да влече, ако се црвенее, ако предолго време му треба да испие и слично.
Ќе бидам тазе мама во март, па сакам да си земам една цуцла лажливка колку да имам дома некаква за почеток. Кои цуцли вие ги користите?
Го има ли некоја мама шишенцето со цевка од twist and shake? Не прифати никакво шише ни со клунче ни со цуцла обична, сакам да пробам со вакво скоро 11месеци е бебе...и дали има некоја финта да се научи да пие од такво шише?
Каква чашка да му земам на бебуш? 6++ е. Дали тие со клунчето се прикладни? Не знае да пие од шише со цуцла, само од ова знае да пие, што наликува на града. Спојлер
Сака ама многу ми е мачно. 5 голтки ако испие другото на земја. Не знае да пие убаво и се прави потоп целиот
И мојата се правеше.Ама научи со тек на време.Сега скоро па усовршена е во пиење.Инаку со клунче имам од Дм земано(не знам шо бренд беше).Пластична ама не ја прифати.Клунот често ја гребеше на непцата па завршување со плачки.
Топла препорака за чашкава. Ќерка ми не пие од шише, ѝ давам и од отворена чашка понекогаш, но почесто од чашкава со клунче. Клунчето е силиконско, дршките се лесни за држење дури сама си ја држи чашката ја навалува и пие. Сега затоа што ја нервираат непцата си ги чешка со клунчето. Околу 300-400 ден е, земена од аптека.
Здраво мајки дали некој знае што значи кога ќе се смени бојата на индикаторов за топлина, шишенцево е на nuk,кога е топло млекото е светло сино,дали ова служи уствари за да знаеш дали е млекото претопло?
Јас користам такво шишенце и сум ептен задоволна плус е анти колик имам и со тесно и широко грло и двете ги сака цуцлите исто од таму ги имам земено
Majkii moeto e 8 meseci no ne saka da pie od shishe.. Vooda mu davam od chashka ama ke pocnam na rabota mleko kako ke pie ajde ke cica pred da odam ama dodeka me nema.. Kakva chashka da zemam Preporaka ako mozhe Ubav den
Јас земав на НУК чашка со клунче за вода да пие. Пробај со таква, може ќе сака. Ако нејќе додека те нема ќе си јаде, пред после работа ќе цица. Мојава така ќе биде кога ќе почнам.