Zdravo Bebeto mi e 4m i e na ekslusivno doenje. Nejki da mi fati sise do dusa sega pocnav edna nedela da i davam oti nemozam da mrdnam nigde. Fati cucla lazacka tocno na 40 dena samo od nip kaucikova ista kako bibs so se cuclite. Imav sise avent pocnav da i davammlekce odmolze o se davi si igra so jazikot i pocnuva da ppaci. Ajde babynova silikonska nejki. Mi rekoja cim e lazackata od kaucuk zemi takva. Ajde od baby nova zedov i sploskana i kako oblik na grada nejki i nejki placi si igra sonea. Zedov nuk sise trgna nekolku pati se izradvav i tolku nejki i nejki. So prvoto dete nemav vakva maka odma fati toj avent so kerkami neznam so da kupam sega. Dali Mam dali tomme tippe dali chiko. Ve molam za sovet. Inace si cica se bez problem na kaj 5m ke pocnam so cvrsta hrana i sokcinja. Ednostavno sakam sise da fati
Ако сакаш пробај и со други или биди упорна со едно. Да не те разочарувам ама може и ич нема да фати, на другарка ми исто. Му го купи секој вид на шише и ниедно не сакаше, таа мораше да тргне на работа порано и дома му даваа 200мл млеко со лажичка
Здраво, бебе ми е 2 месеци и сега пред некое време почнавме да пиеме од шише мое измолзено млеко само од десна града бидејќи на таа града никогаш не сака да цица, се турка, плачи, тоа трае веќе 2 недели, а за од лева нема никаков проблем, си цица најнормално. Е сега прашањето ми е да споделите од кои шишиња/цуцли сте најзадоволни, јас имам една од чико и уште една најобична најефтина таа ми ја препорачаа во аптеката прво да сум видела со таква цуцла дали ќе фаќа да не купувам полно скапи и за џабе парите да бидат ако не ги фаќа. Ги фаќа и двете што ги имам дома но од двете премногу се засркнува, се дави, ја боли стомачето после само 1-2мин пиење. Дали има некоја подобра опција или сите шишиња, цуцли се такви ? Вакви ми се шишињата, 0+
Од Филипс Авент Анти колик за да не ја боли стомачето ние тоа го користиме од почеток со послаб проток е и нема да се засркнува.
Јас би ти ја препорачала Медела Калма, поскапа е, но баш е дизајнирана за бебе да не се одбие од града, што во твојот случај е многу важно. Пред да ми надојде млеко, комбинирав со ад и имав на Томи Типи шише, ама баш мнг му течеше и го пиеше за секунда, кога сменивме Медела, друга приказна, побавно пие и не му тече толку, не се засркнува. Стварно е поскапа, ама мислам дека вреди.
Има цуцли 0+, 6+ и тн. од истите брендови, јас пробав да му сменам на поголема ама не ја прифаќа и уште со истата тераме (имам неколку исти). А шишињата, ќе приметиш по бебе. Моево почна да се нервира да се поти и црвенее кога пиеше од првото шише околу 4+ дека спор проток и земав од истиот бренд поголемо со цуцла со побрз проток (следното бројче)
После 2 месеци приметувам дека сум и купила цуцла лажливка за 18 мес. Не ми ја сака сега таа 6+ што е. Може нешто негативни последици да има? Само за успивање и е инаку, 5 мин ја цуца.
Моето на 8++ сам фати. Имав дома отворено, му нудев нелолку пати, не сакаше. Тогаш ни дојдоа гости и детенцето имаше цуцла, овој кога виде одма ја грабна неговата. Сега знае да си ја земе понекогаш.
Со син ми многу ми се најде таа цуцла искрено. За заспивање место да седи на цице по пола саат 5 пати во текот на ноќта вака со цуцлето ке си заспие.
Да првата ќерка на 7м. Упорно нудев зошто не се издржуваше. Ненормално многу ми олесна цуцлата. Еве сеа имам второ бебе 5м и тоа не сака цуцли ама јас упорна пак па ќе видиме . Сеа зедов каучукова од Дм 6-12м што е и има разлика мм два пати ја успива со неа. Ако не си пробала пробај со каучукова бебињата повеќе нив ги прифаќаат.
Да каучукова имам на fregg се случува да ја фати и да задреми ама многу ретко. Од маж ми исто не ја сака ама ќе бидеме упорни