Здраво мамички, За прв пат јас наскоро ќе станам мајка ☺️☺️ Па сакав да купам за моето бебенце кога ќе се роди 1цуцла лажливка и 1 шишенце, ама незнам од кои да земам Сега гледам има попуст на нук, ама нз дали се добри. Вие што ме советувате да земам некое од шишенцата на нук и од нивните лажливки или од некоја друга марка?
Се зависи од бебето.. за шишињата не знам ама цуцлите моето ептен добро ги прифати, имам и бибс овие се слични ептен.. Од овој тип имам јас
После година каква чаша, шише користите? Дома обично пие од обична чашка, ама за излегување не знам дали е подобро да прејдеме на оние накапечките чаши?
Јас би лажливка на почеток ваква, цела силиконска полесно за дезинфекција. Филипс авент, во ремедика аптеката ја има сигурно. На друго место не знам. А шише, пошто не знаеш дали ќе користиш, едно за секој случај, кое може и понатака за вода пример да се најде. Стаклено авент натурал 0+. https://zegin.com.mk/mk/avent-natural-stakleno-shishe-0-meseci-120-ml А ако даваш комбинирано доење плус дохрана (дохрана може да е и молзено, а не ад) јас би медела калма. Ама таа е поскапа па не би ја зела веднаш, туку само ако има потреба. Ако е на ад добри се и др браунс.
Земи обична цевка да има вода во нејзе и одозгора држи ја, бебе да ја лапне и пуштај му водичка, да укапира дека има вода во цевката. Ќе му дојде и да шмукне. После понуди му го шишето со цевка и пробувај најизменично.
Јас оваа не би ја препорачала, од искуство. Претешка е за новороденче. Извесен период се лажеше, ама не траеше долго. Кога го однесов првата недела на контрола во Ремедика кај Марина Поп Лазарова, коментарот и беше: Аха, оваа за вежбање вилица. Кога би го вратила времето, одма би му понудила Бибс, доста се лесни, а и интересни. Не фати цуцла подоцна никаква, сите скоро ги пробав. Сепак секој со своето искуство. Поздрав!
За лажливката ли? Ако Марина не ја препорачува не знам зошто и е на цело одделение кај бебињата. Бибсот не знам дали има соодветна големина за новороденче, а и друг совет од педијатар заради хигиена е да е целосно силиконска. Каучук исто има што се без пластичниот дел. Понатака може да се сменат.
Ако е оваа тешка за новороденче, не знам која е лесна…моево не е прематурче ама е родено со помала родилна тежина, заради други проблеми лежеше на детска клиника во скопје и кога видоа која цуцла ја има сите доктори ми рекоа браво мајка, најдобрата цуцла си ја одбрала…тоа е моето искуство
Majki na kombinirano hranenje sme znaci prvo cica pa dohrana so ad. Imam od avent sise so 0+ gorniot del od kaj so teci mlekoto bebeto mi e 3++, koga gi menvate za protokot da mu e pogolem so 2 ili 3 dupcinja posto ova so edno dupce na protok e.
Iskustvo so proizvodite na Twistshake? Konkretno me interesira za termosot i sisencata - dali se pogodni za novorodence?
Го имаме и термосот, и шишињата и задоволна сум. Шишињата ги користам 1 година и како нови ми се, само цуцли си менувам.