На колку месеци ви пијат сами бебињата? Моето е 8+++ и сеуште не го држи скроз сјајно шишето. Користиме филипс авент. Исто и чашка му земав на бејбилав со клунче и рачки 6+ ја држи ама не знае да ја дигне и така смука само
12+ знае ама стскленото му е тешко и не сака да го држи кога пие млеко. Вода пие од такво со силиконска цевка и 360° на нук.
Еднаш на брзање купив Чико интуи флоу шише бидејќи само тоа беше големо во зегинот во кој бев. Имам две Авент и се супер, а ова на Чико го пробавме неколку пати ама многу е чудно и не знам дали јас нешто грешно правам или едноставно не го бива. Цело време се витка цуцлата ко да се прави вакум. Ќе му го тргнам шишето и се слуша како влага воздух и се прават балончиња. Се мачи да пие и на крај ќе го фрлам. Ако има некој вакво шише плис кажете дали има некоја финта.
Некоја што користи Babylove шишиња да ми објасни нешто ако може. Најдов у ДМ само со М цуцла. Сите беа со М ама не можев да најдам од колку до колку се користи М, и дали одговара ко 2ка обичните. Има ли Л ако се така 1(Ѕ), 2(М), 3(Л)? Ќерка користи едно на МАМ ама почна да тече од сите страни, па сакам да го сменам.
Јас сеа купив такво стаклено, дека за млеко, и е со м цуцла, а мислев дека е со с, дека на брзање не прочитав, па купив и две резерва м. Имаш резерва цуцли пакувани по две за 99 ден, мислам дека имаше букви на нив. А изгледа шишињата и одат со м, оти претходно пластично купив и тоа е со м гледам. Со она што го имам на мам 1 е и исто тече како ова м. Јас претходно користев бабу нова со широко грло, такви сака, ама тешко се наоѓаат па се префрлив на babylove. Babynova за мајчино користев с, за ад м.
Мами сакам да купам стаклени шишенца од оние на ДМ ако може помош каков отвор да земам , бебе е 6+? Второ прашање Од кога почнавте некапечка чаша да користите? Бебе не пие од шише вода, кога го гледа брат и се тегне по чаша , сега испи цело мало филџанче директ од него
Јас имам некапечка од Нук онаа 360 што е, не знае дека треба да повлече. А од шише и од чашка пие. Бебе е 9++
И мојата пие од отворена чашка а не знае од некапечка, влече од чашка со клунче а не знае да влече од цефка
Кои цуцли највеќе ги прифаќаат бебињата? Пробани се baby love од DM, canpol, baby nova и ниедна не ја сака