Јас го нарачував од нивната страна сега гледам стакленото го нема веќе. Да побараш на www.eliksir.mk има dr.browns производи и во некои аптеки.
Барав во Еурофарм ама веќе немале нивни производи и неможеа по шифри да бараат дали има некаде нешто, па поминсб во 4 аптеки и ненајдов. На страната пишав, ми одговорија дека чекаат од производителот, немале ни тие....
Ако те носи патот накај центар и ако не си проверила таму јас најчесто наоѓам во Еурофарм на плоштад кај хотел Мериот што е
Babylove од дм, со широко грло се ако пие од такво, не се скапи и имаат резервни цуцли со различни отвори.
Да покукам требало,најдов во аптека во Струмица нарачав шише поголемо и цуцли за него, а од ДМ земав лажалки цуцли на авент 6-18м па ќе видиме дали ќе бендиса
Ми треба совет за какво шише да земам. Сакам едно да земам само сега па здравје ко ќе излезам од болница или ко ќе сум таму ќе видам според ситуација дали треба уште. Би сакала да дојам но нели не знам што ќе се случува. Планот ми е на излегување од болница да земам пумпа ако треба ( медела свинг би ја земала па претпоставувам едно шише би било медела само цуцла ќе докупам ). Ама за шишево што сега би го земала се двоумам меѓу авент и бибс. Да ми кажете ваши искуства. Малце изгубенка сум.
И ние почнавме со медела калма ама после некои две недели престанав да го користам зошто мислам дека со тоа шише синко премногу воздух голташе. Бибсот мислам дека му е омилено шишенце заради формата на цуцлата. Многу убав вакум се прави, буквално не можам да му го извлечам од уста. Ама сепак, ќе ти препорачам авент анти колик за почеток. Како за првично шише, мислам дека најдобра работа заврши. Да немавме проблеми со грчеви, само стаклени шишенца ќе користев.
Јас ова првенствено го гледав https://www.zegin.com.mk/index.php/mk/avent-natural-stakleno-shishe-0-meseci-120-ml Која е разликата меѓу натурал и антиколик? Мислев вакво да земам па после да видиме како ќе тераме. Ако е на ад поголем е изборот мислам, а за молзено од шише се надевам поубаво ќе ми објаснат во болница.
Грчеви може да има без разлика дали е на ад или доење.. Затоа моја препорака беше барем едно анти колик да си имаш дома ако даваш од шише, се разбира. Ама убаво е и ова шишенце. Многу е тешко, потешко е од Бибсот.
Инаку, разликата меѓу натурал и анти колик е што натурал е стаклено, а анти колик е пластично и со систем за намалување на голтање воздух кај бебето. И Dr. Browns се убави анти колик шишиња само се премногу големи (150мл е големо скоро ко за 260мл) и имам впечаток дека пребрзо течат за новороденче. Ако се одлучиш за стакло, моја препорака е бибс, а ако се одлучиш за анти колик - авент
Avent Natural. Од старт беше на ад но мислам одговара и со доење. Треба да шмука за да тече млеко. Иначе и натуралот има антиколик систем. А лажливки цуцли најдобри ни се покажаа од дм. 2 цуцли 99 денари, ги менував на месец ипол. Ако сакаш слика слободно пиши ми лп. Со лесно. Иначе мислам дека уште од сега можеш да почнеш со стимулација на млеко. Јас касно дознав. Гледам на тикток многу трудници веќе стимулираат млеко, штом планираш пумпа да земеш почни од сега и доколку излага млеко почни да го складираш. Здравје кога ќе имам второ сакам да се помачам за да дојам.
Таа ми остана дилемата, авент натурал или антиколик. За стимулација на млеко не би се согласила. Стимулирање на брадавиците лачи окситоцин кој предизвикува контракции во матката. Со тоа ако почнеш во бременост уште да стимулираш со цел да извадиш млеко, може да си направиш проблем од предвремено породување. Мене колострум прв ми протече во 18 недела што е и доста ретко и рано. По разговор со докторката ми кажа дека не е тоа доказ дека ќе имам млеко, ама дека треба да внимавам да не ги притискам градите и стимулирам. Јас секако сум со ризик за предвремено породување, така што не би го правела тоа. Природниот процес си е тој, породи се, бебе на града па ќе дојде млеко.
Со симулирање на градите во бременост пред 36гн може да дојде до предвремено пораѓање. Исто така не е гаранција дека ќе имаш млеко. Мислам дека не вреди ризикот.
@Thinkerbell. и јас ја имам истата дилема за прво шишенце, па од муабет со другарки и тука што прочитав, најмногу го препорачаа натурал и скоро сигурна сум дека тоа ќе го земам. Инаку и тоа има антиколик систем. На ова мислиш сигурно. Исто така се сложувам и за стимулацијата. Јас не би го правела тоа од причините што ги наведовте, башка мислам дека бебето само треба да си го извлече колострумот и да го прими свеж, а не замрзнат па одмрзнат. Таа опција би ми била за ептен недај боже ситуации каде што бебето се родило многу мало а лактацијата започнала па да не се губи млеко.