На ова мислев, веројатно е истото https://www.zegin.com.mk/index.php/mk/avent-natural-stakleno-shishe-0-meseci-120-ml Да, за стимулацијата така е. Од доктор ми е тоа потврдено иако имам и доста читано на темата. За предвремено родени бебиња секако се препорачува измолзување и за одржување на лактација и за зачувувањето на колострумот. Плус самото млеко се прилагодува според потребите на бебето, затоа на почеток на лактација има колострум а и понатака составот на млекото се менува како расте бебето.
Треба да пробаш повеќе. Мојава само нук ја прифати. Лупнав пари за авент ама не ја сака. А сега веќе никаква не сака освен за спиење. И тогаш ја плука прави проблем ама накрај ја прифаќа ,без цуцла не знае да заспие.
Јас додека бев на комбинирано (доење/пумпа) користев медела калма. Кога комбинирав АД со мајчино пумпа исто меделата. Но, кога скроз се префрлив на АД земав авент натурал и веднаш го прифати. Исто и цуцлите од авент одма ги прифати ( претходно МАМ не ги сакаше). Чисто како инфо според она што им е пишано на официјалната страна, медела калма е само за мајчино млеко бидејќи со АД знае да се запуши валвулата. Така да убаво чистење и веднаш промивање да не се засушува. Јас бев задоволна со меделата бидејќи нема пасивно голтање, мора бебе да си се активира
Да не знае некој каде има шишенца Медела за новороденче? Не калма, туку најобичното ни го препорачаа, дека бебуши се многу мали, прематурчиња, ама во ниедна аптека ги нема, најдовме само едно, а ни требаат минимум уште 3.
За прематурчиња има цуцли од dr.browns. Компатибилни се со Медела шишињата. Се продаваат пакувани по 2.
Да ми предложите шише со бавен протек бидејќи бебушка ми се засркнува и зајдува па ќе прекине. На доење сме и се измолзувам. И на колку време се менуваат цуцлите од шишиња и како да знам кога треба да ја сменам?
Препорака за шише за бебе од една година што сега ќе почне да пие кравјо млеко? Различни ли се тие за млеко од тие за вода?
Медела калма. Проток скоро никаков Мојава не се научи да пие од меделата, арно имав авент купено па и давав. Сега не ни пие од шише, веќе 5 месеци сме.
Калма на Медела. За менување, мислам на некои 3 месеци или кога ќе смени боја, ќе потемне, ваљда тоа е знак, што знам, нека каже некој друг ако знае повеќе. Бебето ми е три месеци од кои 1,5 месец е на дохрана, не сме дошле уште до таму да се истрошат цуцлите.
На колку време менувате цуцли на шишињата (тие што сте на ад) и кога се преминува од s на m цуцла? Исто и за лажливките, на колку време да им ги менувам, моментално паралелно користат по 3,4 што им се посимпатични, планирам исти да им купам, само не знам кога е време да ги сменам со нови.
И мене ме интересира ова, нека споделат поискусните А што глупост направив со цуцлите лажливки тоа чудо нешто. Прво купив на Бибс од 0-6м, поминаа 3 месеци ај реков да сменам. Купив исти такви, истата марка, барем така мислев дека се исти, доаѓам дома ги вадам, гледам новиве цуцлата помала од тие претходните. Ама бебо не се буни, ги прифати.
На шишињата вообичаено се менува цуцла со наполнети 3 месеци. Освен кај некои брендови, како што се твистшејк и чико, кај кои цуцла број 2 е со наполнети 2 месеци. А за менување (исто бројче - нова цуцла), зависи колку е користено шишето ама отприлика на 2 месеци. За лажливките, јас ги менувам отприлика после 2 месеци користење. Секогаш имам 3-4 отворени во исто време, фрлам едни, отварам нови и си запишувам кога сум ги отворила за да имам евиденција
И моите се на бибс, иако големи вака им личат, нив најмногу ги чматаат. Се мислам и шишиња да им земам бибс, иако се доста скапи, сега користиме на медела и авент, ама со авентот се мачат, а со меделата плукаат, лом се прават.