Видов на kids & co силиконски, ама не знам дали се океј, околу 800-900 ден, така нешто. И сега што заклучивме, за шишиња со бавен проток, освен калма на медела и др. Браунс, некој дали има пробано од стаклените на Бибс? Пишува дека се со бавен проток.
Мајки ве молам за совет кое шише да му земам на бебе, 2 месеци е на АД сме. До сега пиеше од калма медела ама почна страшно да голта воздух и имаме тивок рефлукс, почна да не го дојадува цело. Фала
Дали некоја од вас користи шише Dr Browns анти колик со широко грло? Како сте задоволни? Искуства? Фала
Малку доцен одговор ама убаво е Dr.Browns (широко грло), ние имаме две. Единствено мислам дека не е баш соодветно за новороденче, зашто релативно брзо тече. За над месец ипол-два е ок. И авент анти колик се убави. Медела калма јас ја баталив уште првите две недели, скроз несоодветно. Ти за кое се реши, подобро ли е сега?
Од кое шише не тече само и треба бебе да повлече дали знаеш? Баш мислев од Browns е такво и бев спремна да земам, добро што те прочитав.
Dr. Browns е некапечко шише. Значи кога ќе го превртам не капе од цуцлата. Јас мислев на самиот проток на шишето, имам впечаток дека е малку побрз од други 0+ цуцли (веројатно е малку пошироко дупчето, не знам). Се сеќавам син ми првиот месец, за помалку од 5 минути го испиваше млекцето и после обавезно ќе бљуцнеше, што не беше случај со авент анти колик на пример. Ама сега си ги користиме browns, ни одговараат. Таква е медела калма цуцлата (бебето треба здраво да повлече), ама премногу воздух голташе со тоа, не го сакам ич. Стаклените сите капат кога ќе ги свртиш ама па си имаат други квалитети и така.
Го имам од авент натурал тоа што оди со пумпата. Само немам проверено дали капе, го гористам само за одмолзување. Ов ато што викаш е друго валда, или може цуцла 0+ да се стави на ова? Те разбрав. Би го користела после 2 месеци кога ќе наполни бебе, може тогаш нема да голта воздух. Имам медела шишенце,ако одговара цуцлата може да го пробам орво тоа ако не од Browns e следно. Ти благодарам многу на објаснувањето.
И јас го земав на Dr. Browns со широко грло, немам забелешки. Калма Медела го користевме до кај 1 месец ама не се покажа баш баш...на колку време се менува цуцла. Сега е точно 3 месеци? Да му ја сменам или уште со 0?
Јас му ги менувам цуцлите соодветно на возраста. На некои шишиња му ги менувам на два месеци, на некои на три, зависи како се наменети цуцлите. Да се навикнува на побрз проток постепено