Кои цуцли лажливки се најприфатени сега? Пред 3ипол год кога првото ми беше бебе користевме од Мам. Но уште тогаш почна да ги снемува и последните едвај ги наоѓав во ДМ или Еурофарм. Сега не сум видела да има од нив,а цената беше прифатлива 2 за околу 300ден. Во блиска околина имам бебе гледам користат Бибс, две за околу 600ден биле. Имате препорака за некои други?
Да јас земав Нип за бебушка ко што гледам да не речам скоро исти се а дупло па и тродупло поефтини.Може грешам незнам,а ќе видиме дали ќе ги сака.
Да, ако сакаш пиши ми,ќе ти пратам слика. Имаш анатомска и симетрична, има 0-2, 0-6, 5-18 и 16+ месеци. Мојата дирекно 0-6 ги прифати. 0-2 и беше мала а веќе на 4 месеци ја цуцаше 5-18. Земи и таква и таква форма. Цуцла е спас
Ауу, јас сега дознавам за овие ноќни што светат. Навечер кога спие полека со прсти ја барам устата за да и' ја вратам цуцлата Инаку, користиме на Бибс.