Мислам дека сеедно е кој ќе го користиш, сите истата работа ја вршат, вријат вода Јас го имав од Чико.
Мене ми го дадоа на поклон. Најнеискористена работа. Стави ги во тенџере и зовриј ги. Буквално истата функција ја има. Чико беше мојот.
Мамички која цуцла е најприфатена од бебушките? Нук, твистшејк и уште една никако не ги сака... бар на минута две
На томи типи ми ја прифати или да пробаш во ремедика аптеката има медицинска цуцла обично таа ја прифаќаат малце се грди на изглед ама тоа е.
Моиве само бибс прифатија. Иако огромни им личеа на нив на почетокот, па земабв им изнакупив еден куп други брендови, од сите правеа фаци и ги плукаа. Малава од болница излезе со бибс, поголема од неа беше , ама мерачки си ја шматкаше до дома. Сега се 6++, уште купувам само бибс, не бараат цело време, ама за заспивање и смирување по оброк бркаат работа.
Види мам или авент И ние пробавме, бејбилав,бејбинова и овие две. Слични се мам и авент. Сакав да пробам и нук ако не ги прифати авентот-тие последни ги земав.
Моето не прифати ниту една цуцла.Тогаш многу се нервирав, ама од оваа перспектива ( 19 месеци сме сега) сум среќна кога гледам колку тешко оди одвикнувањето.
Најмногу ми е за додека му спремам ад, ама ќе видиме дали би прифатил некаква, а во право сии подобро да неприфати отколку мака да мачиме подоцна ...
Ни поголемиот не сакаше цуцла, ниедна не ја прифати, а што сторив купување, сите ги проба. Мене не ми плачеше додека се спреми ад бидејќи секако цицаше пред секое ад, а мм спремаше во меѓувреме додека го доев. Нема кој да ти помогне да ти прави млеко? Мислам дека сте на комбинирано.
Знам дека ти е мачно сега ама не му наметнувај подобро нека поплаче 5 мин додека му спремиш АД. Знам дека многу олеснува цуцлата ама ко ќе ги видам 4 годишни деца после со цуцли си викам добро е што не прифати моево. Твоја си е одлуката секако, јас не би ја наметнувала, ќе му го најдеш начинот да го смириш верувај
Ние сме само на доење, до сега не сме користеле шишенце. Но, за некоја недела ќе морам да го оставам на чување неколку часа, па ве молам препорачајте ми шишенце (планирам да измолзам па да му го дадат). Од цуцли ги прифати само Авент. Па си мислев можеби и такво шишенце? И тогаш ќе е бебе нешто повеќе од 2 месеци. Дали да земам шише за 1+ или 3+ месеци?
Секогаш имам барем две отворени, отприлика на 2 месеци ги менувам. Освен ако нема оштетување, тогаш веднаш фрлам