Моево очигледно несака ниедна и на авент ја земав 2мин му е најдолго користење 1 само... И решив да не фрлам пари за цуцли веќе
Мајки, да ве прашам вие што користите производи на babylove од дм. Дали има некапачка чаша? Од кое шише со рачки сте задоволни? Претпоставувам подобро е пластика да купам, да се учи да држи шише додека пие вода или пак од чаша да му дадам? Ако може споделете слика.
Совет. Му давам едно шише ад во текот на денот. Купив цуцли 6+, ама од двете што пробав до сега прави како вакум и му се собира навнатре. Купив и твист енд шејк ќе пробам и со тоа, ама зошто би можело да е вакумот? Да не треба да му купам со поголем проток цуцла?
Не е научен уште, веројатно затоа. И на син ми кога му ги сменав одреден период правеше вакум, не знам зошто. После кога се научи, нормално си пиеше.
Ок ќе пробам уште некој ден вака, па ако не ќе барам чаре. Може дека сега почнав со ад, а тоа нели и погусто е.
Каква чашка/шише за вода користите од 8 месеци? Моиве ич не пијат вода, многу се нервирам. Ретко некогаш во обичните шишиња за млеко ако им ставам вода, ќе пивнат, од друго не. Пробавме со лажичка, со мала чашка стаклена, со некапечки шишиња со рачки на бејбилов, со силиконските со цевка од сетовите за јадење, не сакаат од ништо. Какви да купам? На Нук добри се оние магичните или џабе пари ќе бидат?
Пробај со обично пластично клунче. Имам од икеа таква и најдобро се погоди. Мојот од оваа од почеток најубаво пие. Има и во дм на бејбилов слични
Добри се, за мене не беа џабе дадени пари, пропи сам вода од таква. Најчесто децата на почеток не сакаат вода да пијат.
Тазе сум во ова и ми е мачно да ги читам сите страни и препораки. Дали некој може за лаик да објасни за цуцли, чашки, хранилки? Какви, број, која возраст, на што да се внимава, tips and tricks, итн.
Сакам да си земам бар еден пар цуцли, кажете ми, на што да внимавам? Предлог какви да купам? Гледам разни форми на цуцлите па не знам со кои да би почнала
Медицинската на philps avent soothie, моја препорака Спојлер: Линк https://zegin.com.mk/mk/avent-natural-soothie-mashka-cucla-lazhalka-0-6-m-21
Дали има некок користено разладувач нљ вода на нип (cool twister)? Ме интересира дали може на нип фирма а да се користе шише на пхилипс авент?
Од какви чашки давате вода на почеток? Имам со клунче ама не знае баш да пие од неа. И давам од шише стаклено обично, као демек пие вода ама ни така не сака нешто многу. Веќе имаме еден оброк и сакам да ја научам да си пие вода само уште чашката да и ја погодам.