Јас кога ќе откријам од што ќе пропијат вода моиве, частам кафана. Ни за ракија, ни обично шише, ни капечки ни некапечки, ни магични, ни обични со клунче, очајна сум. Два цврсти оброци имаат, треба да воведувам и трет, капка вода да не се пиело. Повеќе пари за реквизити за вода дадов отколку за шишиња за млеко и џабе, или чешкаат заби или се бањаат со нив. Пробав и со малку сокче од овошјето што им го варам, ни тоа не пијат, никаков пијалок освен млеко.
Се зависи од дете до дете, мојот на томи типи ја прифати најгрдата цуцла според мене и после тоА од дм на бејбилов ги засака како сплескани на врвот.
Прати слика да ја видам таа нај грдата се надевам девојкава ќе ми биде модерна, што цуцли има за мерак, ама ај ќе видиме
https://bebesupermarket.mk/product/Tommee-Tippee---breast-like-0-6m-2-in-1-Xx28g Еве ја во живо си е по грдичка рачунај мало бебенце со волкава дупка од цуцла ама баш е како града и затоа мислам дека ја прифати
Си ме изнасмеала, фала ти паа така малку грдичка е да па и огромна ја се мислев, ми ја нудеа по аптеки, на филипс една зелена, по болници што ја давале, сеа обична е, ама на ок ми изгледаше за почеток, па може таа ќе ја земам за старт.
Мене па баш ми е уникатна, не ми е до толку грда Можеби дека се навикнав, бидејќи моево беше од старт со медицинската зелена на авент. Други не ни гледав
Дали има некок користено разладувач нљ вода на нип (cool twister)? Ме интересира дали може на нип фирма а да се користе шише на пхилипс авент?
Да и пумпата ја имам, па сетот што беше за новороденче со повеќе шишиња ми заврши работа кога се одмолзував си складирав директно во нив.
bebuska ke pravi 5 meseci za 4 dena i sakame da pocneme so sokcinja a za toa ni treba sisence...imame tommee tippee ama so cucla 0+ i nekako ne ja saka veke,dali da ja smenam cuclata 6+
Има многу профили на инстаграм за воведување храна кај бебиња види и од таму нешто најди си.. јас како да имав читано дека е подобро полека со зеленчук да се почне зошто овошје благичко ќе им биде убаво па после тешко ги прифаќаат солените
Јас би рекла популарен мит. Најголем дел од бебињата преферираат поблаг вкус затоа што биолошки така е предодредено, затоа и мајчиното млекото е поблаго на вкус. Нема никаква гаранција дека ако почнеш со зеленчук, понатака нема да го одбива. Во одреден момент сепак ќе проба овошје и после тоа да не сака веќе зеленчук да јаде или да го одбива обокот ако не е поблаг на вкус. Се зависи од бебето. Јас наизменично давав овошје и зеленчук и уште од почетокот на воведување на цврста храна преферира зеленчук да јаде. Откако проба брокула, банана не сакаше повеќе. И сеуште е така. Манџи јаде без проблем, а овошје јаде ако е покисело, пример киви, вишни, малини, капини, портокал, лимон. Банана да изеде е научна фантастика, поминува само во палачинка со нешто кисело во комбинација, а брокула и карфиол така си ги јаде цели само сварени. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4654709/