Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шишиња, цуцли и чашки за хранење

Дискусија во 'Бебе' започната од HeidiDiWalt, 29 август 2013.

  1. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Токму така, дефинитивно е мит, ова со зеленчукот нема никаква врска, се зависи од бебе. И нас ни препорача матичната сокчиња на почеток, јас не сакав да давам шеќери, без поконкретна нутритивна вредност и си почнав наизменично овошје, зеленчук, од полесни за меше кон потешки. Имам близнаци, еве ги 10 месеци, едното овошје не сака да помириса, секој ден се мачиме, а се дави во карфиол и брокула така сварени, да си ги грицка, и грашок и оди во секоја комбинација. Другото пак си сака поблагичко, онака со поголем ентузијазам го јаде доручекот, ама ретко да одбие и ручек. Битно да има да се јаде. :D И не само моиве, на многу блиски знам што почнаа со овошје, а децата на крај им преферираа зеленчук.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    8.657
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав "така сум читала" :)
    Малото на другаркава баш и реагираше на солени вкусови и долго се мачеше одпосле да му ги вметнува некако после овошје, сигурно е индивидуално и до детенцето. Ќе знам за сигурно за 6 7 месеци, сега споделив податоци кои ги читав онлајн.
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    На мене за првото дете совет од матичната ми беше да сварам јаболко и првите три дена да му давам само од сокчето-т.е. водата во која се варело јаболкото(без шеќер!) Колку да го подготвам дека ќе му дадам нешто поразлично од млеко :)
     
    На sencuk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Какви тенџериња/лончиња користите за варење/припрема на храна за бебе?

    ММ ми сега ми го загоре лончето од металец (ми иде да се отрујам) и сега мора ново да купам, па да прашам какво користите "против загорување" :?:
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Купи си пак металац. Јас имам металац мало од 500мл и супер ми вршеше работа со првото бебе.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Zenski, ovie sisenca na podarok gi dobiv, i ne znam dali da pocnam da gi koristam, ili da zemam Avent natural anti colic 0+. Sto mislite?
     

    Прикачени фајлови:

  7. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ги пробаш? Ако не сака да пие, тогаш земи други. Јас купував медела, авент, авентот најмалку ни го сакаа, меделата де ја има де ја нема, после сменив со антиколик на кико и до 8 месеци теравме без мака со нив. После тоа веќе земавме и на Нук и комбинираме.
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Vazi, fala. Posto ne pisuva anti colic pa se opsednav :D
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Пробај и ќе видиш јас томи типи и авент користам, авентот тој во дм што го има ептен е добар не тече обично другите сите течат ако е потопло млекото, а авентов не. :)
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Fala zenski, ke probam, ako ne gi saka ke kupam avent, da ne frlam pari pred vreme. Ne znam kako ke bide nisto, ama sakam da molzam i sise da nauci da fakja, posto na rabota sum na trudnicko, ama i specijalizacija vo tek, pa sakam barem nekolku casa da mozam da go ostavam da odam na klinika. I gledas se rodi nekoe najplaclivo so nejke shishe da vidi :D Zdravje neka e dobar i neka krka kako taka, drugo se se samo nasi zelbi nebitni.
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Захтевно е молзењето особено ако бебе не фати града, а и да фати да се измолзиш можеби и нема некоја голема количина да извадиш. Пред се здравје породи се па ќе видиш како ќе биде текот на работите па и да комбинираш ад со цицање пак ќе порасне битно е да има среќна мајка и да не е напната :)
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Taka e. Ke ve baram po drugive grupi drugarki :D Seriozno, mislam od forumov imas tehnicka poddrska 24/7 :):inlove:
     
    На Tess36 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  13. Belinda Carlisle

    Belinda Carlisle Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ве молам кој може да сподели искуство со шишенца со цевка, за пиење вода, зедовме од чико, а потоа и на babylove, но многу тешко се влече од механизмот на цевката, не знам кое би било по соодветно.
     
  14. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво.
    Ми треба мала помош.
    Бебчо ми е претежно на мајчино млеко, т.е. го дојам. Ама ми е цело време на града и се случува да е лут и мрзелив да не сака да цица па му давам АД. Е сега прашањето ми е, дали има шишиња за кои мора ептен да се помачи за да ја испие содржината во шишето? Не сакам да престанам со доење ама па не сакам ни 24/7 да сме на града.
    Иначе 40 дена е малото.

    Ви благодарам ❤️
     
  15. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Philips Avent. Ima 0+, 1+ mesec za nego taman.
     
  16. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    На ова мислите?
     

    Прикачени фајлови:

  17. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Da. Samo ke gledas dali e za 0+ meseci, 1+ mesec, 3+ meseci.
    Toa 0+ na primer koga ke go navalis ic ne kape, i treba bas da se "namaci" za da smuka. Toa 1+ malce pogolem protok ima itn.
    Jas i na Twinshake zemav 0+, ama mnogu tece.
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Од какво шише давате вода на бебиња кои почнуваат со цврста храна?
    Имам едно шише авент, пиеше на почетокот измолзено млеко од него,но цуцлата е со едно дупче.
    Се мислам дали да купам нова цуцла со две дупчиња или некое шише со клунче?
    Земав од Икеа едно шише со клун со 3 дупки,ама се закашлува од него не знае да пие. Инаку цица бебето,па затоа не користиме шише.
     
  19. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    На твистшејк чаша со клунче-не капе треба да влече а и од исто што пие АД
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dimssi

    Dimssi Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Што мислите и некој што има искуство со baby nova шишиња? И имав земено Philips Avent, но не и се по ќеф, бљуцка, ги турка со јазичето и мрда со главчето лево десно. Случајно зедов едно од baby nova па го пие млекцето без проблем. Имате искуство мислење за нив?