Школа за правилна исхрана ! :)

Дискусија во 'Диети' започната од Sonjata, 27 март 2015.

  1. Sonjata

    Sonjata Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Драги феминки :)

    ја отворив оваа тема за да ве запознаам и чујам ваши мислења во врска со прокетот "Школа за правилна исхрана" кој ги опфаќа сите оние :

    -кои сакаат да се хранат здраво;
    -кои сакаат да решат проблем со килограми;
    -кои сакаат да додадат килограми во здрава мускулна маса;
    -кои сакаат да променат прехранбени навики во своето семејство;
    -кои сакаат да добиваат награди и признанија за постигнатиот резултат и
    -посебно за оние кој сакаат да се забавуваат =)
    * едноставно да се даде групна поддршка и мотивација меѓу учесниците да си ја постигнат целта за која се дојдени*
     
    На macalavica и sonce555 им се допаѓа ова.
  2. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Јас одев на школа за правилна исхрана,три месеци,и многу сум задоволна затоа што научив многу работи кои не сум ги знаела и воедно дознав дека многу работи погрешно сум правела,а сум мислела дека ги знам. Се на се едно прекрасно искуство,дружење и учење. Уште поголема е мотивацијата кога гледаш дека другите имаат резултати или добиваат привлечни награди. Тоа барем мене ме буткаше напред. За сите што сакаат да пробаат,а се двоумат,топло препорачувам:D
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Епа ајде ако не ви е проблем вие што сте ја посетувале и сте задоволни споделете некој совет?
    Што е тоа што сте го научиле а ви помогнало?
    Можеби ќе му помогне на уште некој.

    Така темава ми има смисла, а само да се коментира да јас одев и задоволна сум, ми изгледа како да е отворена темава само за да се најдат повеќе "ученичиња"
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.815
    Нa тoлку дoстaпни инфoрмaции нa нет зa здрaвa хрaнa, дa плaќaш и пoсетувaш училиште ми е мaлку дебилнo, бaр зa oвие прoстoри. Некoј пaметен следи ситуaцијa, згoлеменa зaинтересирaнoст зa oвaa темa, пoсебнo oд млaдите мaјки и решил дa нaпрaви прoфит. Групнaтa мoтивaцијa мoже дa имa мaлку пoгoлем ефект, и фaктoт декa зa нештo плaќaш и пoсетувaш устaнoвa, мoже дa те нaтерa дa мaлку пoвеќе се држиш дo сoветите. Пa кoј имa вишoк време и пaри a пoслaбa вoлјa сaм дa дoјде дo oдгoвoрите кoи ги бaрa, пoштo сепaк не е нaучнa фaнтaстикa, некa си прoбa.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.235
    Кога веќе има факултет за здрава исхрана јас повеќе би верувала на учен образован човек отколку на интернет, каде секој се може да пише и да се потпише како сака.

    Затоа, во ред е да има таква школа, каде некој со потковани податоци ќе обајсни се, и каде интерактивно ќе се добијат одговори, наместо од статија : 10 намириници кои морате да ги јадете и 10 чаеви за да живеете 101 година.

    Споделете што сте научиле, па може и тие што се на мисла дали да идат или не, ќе се решат.

    Јас мислам дека дури и на училиште треба да има предмет за здрава храна, може ке научат децата дека хамбургер од седмица не е ручек или помфрит со се.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.815
    Зoштo тoгaш тие штo oдaт дa спoделувaaт штo нaучиле, нели не верувaме се штo ќе прoчитaме нa нет?
    Зa чaсoви нa училиште се слoжувaм, другo е и бесплaтнo е.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.235
    Рецензии се викаат тоа, да видиме дали се задоволни и дали научиле. Наше е дали ке веруваме.

    Како и да е, подобро е да се учи од професионалци, отколку од рекла - казала, па од пролив од дома да не испаднеме.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.815
    ^
    Спoредбaтa декa нетoв е истo штo и куп бaби нa чешмa не е нa местo.
    Кoј кaкo си сaкa, јaс не би.
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.235
    Нетов не е како баби на чешма? 11800031_872869712806351_4910639318016575046_n.jpg 12036423_900128183413837_9092315341743077250_n.jpg 12036417_900818220011500_5793117938210539108_n.jpg

    Баба ми имаше подобри совети. Јас од интернет совети не сакам да добивам за здравје. Си има учени луѓе.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.815
    ^
    Тoa штo некoј oд вaкви стрaни oдлучувa дa се инфoрмирa е веќе друг прoблем. Имa кaде нa нетoв дa се прoчитaaт верoдoстoјни инфoрмaции, не дремaт сите сaмo нa фб и феминa.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.235
    И еве те боли грло, кашлаш... Одиш на проверана страна која ја одржуваат доктори.
    http://doktori.mk/element/view/5297982160312/Kako-da-izlekuvame-bolno-grlo

    http://doktori.mk/tim/lista

    Тимот им е само од доктори, не се шалабајзери или Баба Рада. Им веруваш дека треба со крпа над тенџерето да вдишуваш. И така 2-3 дена. Уште те дере грло.

    Одиш на доктор после цела недела кашлица, ти прават испитувања и имаш бактерија во грло, која има ризик да се спушти на бели дробови и да ти направи страшен проблем. Ти даваат лекарства.

    Ама не! Зошто да слушаш доктор, кога на интерент има 20 доктори кои пишуваат дека треба пареа со компир за да не те боли грло?

    И еве на темата. Се пишал нутриционост он лајн. Ти вика за да ослабеш не треба ова, а треба она. Ти го слушаш. Никој не ти кажува дека имаш проблем со жлездите, оти он лајн, нема крвна анализа. И наместо на доктор, веруваш на некој онлајн, кој те ослабува, ама проблемот со жлездата не го решава, а кој поради неговите храни, станал полош. И сега? Уште ќе веруваш на некоја онлајн?
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.815
    ^
    Темaвa е зa здрaвa хрaнa не зa лечење преку нет. Нo кoгa веќе пoмешa, вo шкoлaвa зa здрaвa хрaнa и дoктoри ќе имa? Ти прaвaт првo испитувaњa кoмплетни и пoсле пoчнувaш сo учење?
    Oвa веќе вo тупење oди, јaснa е и мoјaтa и твoјaтa пoентa, немa пoтребa oд ситнење.
     
  13. macalavica

    macalavica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Темава е супер, незнам зошто се препукувате без потреба, наместо да споделите нешто корисно.И јас читам доста на интернет, ме интересира здрава храна и здрави рецепти, па ако има некој да каже некој совет темава е вистинското место.
    Anja98 сподели нешто со нас, што научи?
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е работатат де. И ние викама да се споедлат совети на темава, тоа што го научиле во таа школа нека си го кажат, кои се тие финти што им помогнале, совети сеедно.Никој ен се препукува.
    Важно е да биде од корист темава, а не да се дискутира да јас бев и ми помогна ( ама не кажувам како одете и вие за да дознаете).
    Затоа што вака ми изгледа дека ја отворија само за да најдат повеќе клиенти што ќе им остават пари.

    Јас отидов еднаш, на мерења и слични глупости, пресметаа базален метаболизам дневен внес на калории и процент на масти во телото, и требаше да има предавања.
    Предавањатето не беше за здрава храна, туку за шајкот нивен.
    Го отупеа цело предавање тоа па тоа, млатат празна слама.
    Вика поевтино ви е да замените доручек со шејков пошо вас бурек со месо и јогурт поскапо ви е не една чаша шејк.
    И што сакаш повеќе од тоа?

    Не ме учи што треба да појадувам, како да комбинирам,туку ми вика шејкот да си го купам. Која школа за здрава храна е тоа?
    Се откажав уште одма после првото предавање кога видов што им е тактиката.
    И зошто на тие што им се влезени во таа работа ги примораат да најдат плус уште х бр. на души што ќе треба да им станат клиенти?

    Познавам две девојки од кај мене, значи блиски се имам муабет со нив. Девојкиве беа/сеуште се дебели ( не мислам никого да навредам да не се разбереме погрешно) значи со вишок на мн килограми ( повеќе од 20), одат со години во школава, и за цели 6-8 години успеаа дали 5 кила да симнат.
    Па не знам како и да се хранеа за толкав период ќе симнеа повеќе не со шејковиве. И тоа пази едната оди во теретана цели две години, и пак нема некоја си голема разлика.

    Единстево што можеби е плус е мотивацијата. На тие групни мерења, каде што од страм да не си само ти без изгубен некој кг, ќе се потрудиш можеби повеќе. Ама па место да им давам пари за таа "настава" подобро тие пари ќе си ги искористам да си купам опрема за вежбање тегчиња или ако ништо друго за некоја здрава салата овошје место за шејк.