Затоа што не те разбираат. Попаметна си од нив. Оние „популарни девојки“ се повеќето шмизли кои немаат баш толку многу од тоа што го викаме „памет“.
Времето ќе покаже. Ќе видиш, кога тогаш тие нафурани богаташки, што ги викаш ти популарни ќе се симнат на земја, а оние паметните ќе дојдат до израз
Јас учев во големо школо и обично тие популарните биле шмизличиња нафурани. Немој да ти биде битно да си популарна, учи си го школото како што треба, тоа дали си популарна или не не треба да те замара, тоа воопшто не е битно. Кога ќе потпораснеш ќе дојде и твоето време.
таквите ,,популарни,, девојки секаде ги има . Спојлер Но, џабе се чаламат кога убавина без мозок не бива
ПОПУЛАРНА?Ма фала али не Во моето школо ги има многу,се фрцкаат низ ходник,те исмејуваат што си облекла нешто 2-3 пати.Знаете како е лошо некој непознат така да ти рече,гадно е да ги гледаш.Мислат дека покул е да бегаш од часови одколку да си учиш...Сакам да си бидам тоа што сум,така ми е најубаво
Мразам школо! кога ќе помислам на школо ме потсетува на затвор,книги,домашни,учење,станување рано наутро...Кога ќе кажат дека треба да се прочита некоја книга јас не сум присутна,домашни не носам(само хемија,биологија,физика)....наутро ладно треба да се облечеш а кога ќе заврши 7-ми час надвор топло.....секој ден испрашувања,тестови,диктати....
Никогаш не сум сакала да бидам популарна во училиште, ама баш никогаш. Мислам дека е доволно да си имаш свој круг на пријатели, кои ќе те сакаат и ќе те почитуваат, отколку да бидеш позната и да се дружиш речиси со сите од училиште, а позади грб не знаеш кој што мисли за тебе, и плус речиси сите те оговараат. Кај нас има повеќе такви, и оние кои не се дружат со нив, баш и не кажуваат убави зборови. Треба да си бидеш своја, и да не се менуваш за да станеш популарна.
Оние што сакаат да бидат главни изгледа многу филмови гледаат. Јас не бев главна, не ни сакав да бидам, јас бев уникатна. Едноставно се издвојував по мојот стил, изглед... Гледајте да ви биде убаво, да се дружите, да учите, не се замарајте за друго.
Секоја девојка треба да биде своја, посебна, да не замара со тоа да биде популарна, да си фура свој стил и фазон и да не се замара со популарноста, а нејзината посебност ќе го изгради и нејзиниот препознатлив и уникатен имиџ.