1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шлаг пена

Дискусија во 'Рецепти' започната од peperutce27, 17 јуни 2011.

  1. peperutce27

    peperutce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Како да направам шлаг пена во домашни услови со белки и шеќер? :D
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Измати ги белките прво па постепено додавај го шеќерот т.е за да убаво стои и не паднува шлагот - беланецот, од шеќерот направи шербет и така изладен додека ги матиш белките полека додавај и мати со миксер.
     
  3. analia13

    analia13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    31
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    знае ли некој да ми каже како се прави шлаг мислам домашен?
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    белки и шеќер. со неколку капки лимон и мати долго :)
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не ми испаѓа шлагов. |(
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Од белки и шеќер? Треба долго време да се мати. На една белка (за целувки на пример) оди 70г шеќер. Може и помалку. Може да направиш и шербет од шеќерот. Ако имаш пет белки на пример, прво свари шербет од 250г шеќер со 5-6 лажици вода, да биде густ и леплив. Готов е кога ќе почне при вриење да се прават големи меури. Додека врие мати ги белките цело време без престан, да станат воздушести. Подобро е ако се постари јајца, т.е отстоени белки, од тазе јајца нема да биде убав шлагот (а зошто, немам поим). Кога ќе биде готов шербетот, ќе го додаваш во белките така што да тече во тенок млаз, и цело време матиш со миксерот. Одма ќе приметиш разлика.
    Ако ти е за торта, ќе ти стои само еден ден, повеќе не верувам, барем мене не ми стои. Има специјални средства, како шлаг фикс, мислам дека само во Овалекс и сл. се продава.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не ме бидна Annath... Најдобро е она ќесиче со шлаг да си го купам, бидејќи резултатот се сведе на пенести белки кои ниту малку не наликуваа на шлаг пена.

    Сепак, ти благодарам. Во иднина ако воопшто се нафатам да правам, после денешнава тортура ќе знам. ;)
     
  8. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Вал, можеби не испаѓа бидејќи како да кажам јачината на миксерот ти е наместена слабо... Би требало на миксерот да имаш бројчиња со јачина на вртењето доколку имаш, намести го на најјако, нема утка... :D
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Кечо, јас со блендер матев.. :rofl: (facepalm)
     
  10. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Само напред (y) Можеби упорноста ќе се исплати... :rofl:
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Можеш и да матиш во сад метален ставен врз некој поголем што врие.Значи ставаш отприлика 5 белки и 10 лаж.шеќер вклучуваш на најбрзо и матиш.Кога ќе почне да станува свиленкаст тргни за да не ги превариш белките,нема да личи на ништо.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    @Valerin не може со блендер срцка. Перките теба да ја опфаќаат целата површина на шлагот што го матиш. Вака со блендерот само долниот дел се мати. Бара подолго матење дури се добие цврст снег од белките. Од истиов шлаг се прават и целувки или пуслици, на англиски merengue а како торта Pavlova.

    @Annath горе многу убаво објасни како се прави шлагот за Васина торта т.е. т.н. шам. Имам забележано кога ќе го оставам ушпинованиот шеќер т.е. шербетот малку да се олади и после го додавам на белките дека шлагот трае подолго од еден ден. Инаку тоа е генерално и најголемиот проблем со Васината.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.