Шлајмови кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Eleonorastrumica, 15 јуни 2012.

  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    170
    Имам проблем со моето мало од кога е родено е со шлајмови што се не направивме,зимоска со инекции си го решивме проблемот и тоа околу 10 исприма и се исчисти,докторите ни рекоа демек од што многу е саклетчија односн од што многу се поти му се стварале,пред 2-3 саати му давав сокче бевме да се шеткаме и се засркна и кога зема да плука шлајмови ме исплаши,по некое време пак побара сокче и пак истата приказна,давајте некој совет освен инекции и сируп дали има некој домашен лек или освен бисолвон за исфрлање на шлајмовите инаку имаме 10 месеци,читав на нет дека помага боров мед ама нели е прерано сепак ми траб мислење и искуство од вас
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Е од што е тој шлајм??? Утврдивте тоа? Затнато носе....
    Можеби е на алергиска база, бронхитис, слевање од нос, синуси....Не го оставај така, затоа што може да се спушти надолу и да закачи бронхопнеумонија (да не ти вадам памет, педијатар најубаво ќе ти каже).
    Бидејќи има 10месеци бебето, давај му чај од бел слез а има и сирупче од концентрација од бел слез, доста помага и масажа има сега многу такви креми/мастови (ќе ти ги каже педијатар) или несолена свинска маст.
    За да убаво го истера шлајмот давај му повеќе течности да пие. Пред некој ден видов во Тинекс дека имаат купка на Мукоплант со која се бањаат децата за искашлување (претпоставувам некои билки кои го откукуваат носето и белите дробови за полесно искашлување).
    Сируп од тегавец исто така е добар за искашлување, за сируп од бршлен не сум баш сигурна зашто е мало бебето.
     
    На Gea и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.068
    ^^
    Има деца кај кои често се ствараат шлајмови, ако твоето е едно од нив не е лошо да си купиш инхалатор...
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Мамички и ние го имаме истиот проблем се убивме од повраќање во почетокот и по 10 пати на ден само кај нас беше од бронхитис само добро е што ги повраќаше. Е сега една пријателка на мама и кажала една тиква да сездлаби убаво да си се извадат семките и во влабнаината да се стави мед (ама ако е помало детето од 1 година се става шеќер) и сок од 1 кг лимпони да стои 48 часа и секое сабајле да му се дава по 1 лажиче само проблемов е што сега во ова време тешко се наоѓа тиква
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Доколку сте во можност носете го на море . Германските доктори за вакви случаи го препорачуваат Ханиоти затоа што имало најголема концентрација на јод и тоа најпрво рано наутро околу 5 часот шетање покрај плажа (сеедно дали детето спие или е будно) и потоа бањање со гњурнување на детето по 4-5 пати. И да се напие вода или загрцне ништо страшно ,а првите 2-3 дена може и да поврати ,а со тоа и шлаемот ќе го исфрли. Друга варијанта е Дојран ,а и за таму важи истото со утрински прошетки (за бањање не знам како е). Трето е солена соба ,но не знам дали во твоето место има. Како домашен рецепт ќе ти препорачам во водата во која го бањаш да ставаш по малку морска сол која ќе помогне за искашлување,а и да употребуваш аква марис капки за нос кои ги има и за бебиња.
     
    На cacikr, joy1, Eleonorastrumica и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    И ние го имаме истиот проблем деновиве, малото префати вирус од нас, со мм сме катастрофа, само што синчето е многу мало 4 месеци не знае како да ги исфли шлајмчината, нас ни препорачаа да си купиме инхалатор( исто и ставаме капки марисол во носе и со пумица пробуваме да вадиме).Сметам дека секој од погорните совети е на место и помогнителен, од чај од бел слез, до морска сол, морска соба, исто има еден сируп на природна база Бронховит, а бидејки кај вас велите е почест овај проблем, најдобра е веријантата што ја кажа АИТ, ако сте во можност на море, шетање рано на изгрејсонце, и наместо гаргара, како што правиме ние возрасните, малото да се нурне под вода.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.720
    Пол:
    Женски
    Ние шлајмовите ги решаваме со чајче од бел слез по некое време ги повраќа и после тоа сме ко нови. Види пробај не е на одмет а плус и чајчето не е многу вкусно го правиме со мед и лимон и немаме гајле.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    170
    Давам му чајче од бел слез да пие,мачкам го мукоплант маст ,во водата исто ставам сол кога го бањам ,и сега пред да заспие го слусам како повторно теско ги подгтнува ,свекрва ми му правеше некој си чај не знам од што билки и него давам да го пие,па читав некаде на нет демек помагал боров мед,не знам дали да земам да прашам во аптека или да се консултирам со педијатар знам мајка ми кога бев мала обавезно на мене и на брат ми ни даваше таа го правеше домашен.
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.356
    Сп што го храните бебето?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    133.661
    Пол:
    Женски
    Покрај другото што смее да го јаде на таа возраст - го хранат со млеко - замена за тоа нема, мора да пие и јаде млеко и млечни производи. Гледам дека пропагираш оти проблемот со шлајмови како и со синусите е до млекото и млечните производи и во ред, се сложувам, држи вода тоа, ама на детето не може да му го скрати млекото ниту млечните производи. Сепак се работи за дете од годинка.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.356
    Мајчиното млеко секако не создава шлајм.

    Секогаш има решение ако не е бебето тешко болно и има функционален дигестивен систем :).
     
  12. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.134
    за шлајм само вода од морков
    сварете му морковче и давајте му од водата кога ќе се олади да пие за ден два ќе се исчисти шлајмот што го има :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. џунџуле

    џунџуле Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Ние се поднастинавме од бато, имаме секрет. се инхалираме, ставаме физуолошки во носето, но се уште подкашлува. како можам да му помогнам побрзо да му помине?
     
  14. martinameli

    martinameli Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Од бисолвон не сте задоволни?
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.658
    Допаѓања:
    251.909
    Пол:
    Женски
    Busolvan ne e preporacliv za deca pod 2 godini.Predizvikuva preukomereno potenje i zatopluvanje na teloto sto moze da dovede do gubenje na tecnosti vo organazamot zatoa ne go zemajte na svoja raka.
     
    На malooto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. martinameli

    martinameli Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на одговорот
     
  17. џунџуле

    џунџуле Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Два пати инхалирање, и често ставаме физиолошки во носето. малку се подсмири кашкањето.
    Сенадевам ќе ни помине скоро.
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Jas vcera ja nosev na orl mojata, vekje cel mesec kako i tece noseto i kasla i ni dijagnosticiraa alergiski rinitis. Ednoto uvce i e cisto, a drugoto pocnalo da sobira tecnost od sekretot non stop sto se laci vo noseto i ne moze da go duva i toa doveduva do otitis. Srekja navreme kje go sprecime i ni dade eden prasok 10 dena da go pie i mienje so solena voda, a so fizioloski vekje ne, spored doktorot, fizioloskiot ne e dobar i ne vrsel rabota, sprej so morska boda kupiv i denes nekolku pati go cistime noseto i pocnuvame i so prasokot pa kje vidime rezultati.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.658
    Допаѓања:
    251.909
    Пол:
    Женски
    Sto ima stetno vo fizioloskiot spored nego ti objasni li?
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Nema nisto stetno tuku nemalo fajde, so fizioloski sekretot samo pominuva niz nozdrvite i izleguva, a morskata boda go razvodenuva sekretot i taka polesno se isfrluva. Toa mi go objasni sinokja aptekarkata koga gi zemav lekarstvata, ja praduvav bas za fizioloskiot sto mi rece doktorot i toa bese nejziniot odgovor :)
     
    На Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.