Мајки дајте совет ве молам. Недела дена малиот ми е полн мрсулчиња, отпрво течеа, ама неколку дена со ред си ги голта, аспиратор помага само површински а тепачка е за инхалации. Сакам да му земам морска сол да инхалира, со плачки ќе е знам ама мора да му помогнам, кашла со шлајм и свири кога не е искашлан. Инаку прима антибиотик ама подобрување нема, среќа температура немаше деновиве ( денес 37 знам дека не е за паника) а дури утре сме на контрола. Не знам дал да чекам до утре или да го носам уште денес на доктор...
Ти пишував нели дека и ние сме исто од претходната недела. Пробав прво на природна база со инхалации и со хербион сируп, вака навидум имаше подобрување но во четвртокот на контрола направивме крвна слика и леукоцитите ни беа покачени. Сега и ние сме на антибиотик. За шлајмот многу ни помогна дексаметазон во инхалациите, по пола ампула во 2,5 мл физиолошки пред спиење. Само треба во консултација со педијатар бидејќи е кортико. Сега е подобро, имаме уште малку од антибиотикот, поткашлува ама ептен по малку од време на време. Јас кога е викенд го носам на ургентен кај нас, чисто да го преслушаат да не спуштил случајно на гради.
Женски малава сабајле стана со затнато носе и кашлање. И ставив физиолошки, влечев мрсулчиња, ама нема подобрување, сега кога кашла се слуша дека има шлајм, плус носето и тече. Дали смеам да дадам чај од бел слез на 2 месечно бебе и ако да, каков би ми препорачале?
Zdravo majki, ve molam za sovet. Nie sme 4 meseci i imame slajm, noseto ni e cisto, samo krckame. Gradite ok, cisti Samo slajmceto ni e vo grlo. Ima li nacin da go otstraneme? Vi blagodaram
Малечково има 2 месеци. Слушам некогаш (наутро најчесто), како да крчи и да има шлајм, тоа првите 20-30 минути откако ќе се разбуди. Обично и носето му е како затнато наутро ама го чистам со аспиратор и се е во ред . Го носев на педијатар, го провери и вика дека нема ништо. Му објаснав дека тоа се слуша обично наутро или додека плаче, после преку ден буквално како ништо да нема, си дише слободно, не крчка воопшто. Педијатарот вели ништо не е и дека се засркнувало детето при цицање, затоа така се слуша, но сепак сакав да слушнам и друго искуство/совет.
Штом педијатарот го преслушал значи нема спуштено. Насабајле и мене ми е секогаш затнат носот исто и на синко.Може имате настинка па насабајле дури му пушти носето хрчи.
Бебе ми е 10 м имаме растечено носе повеке од една недела прскам аква маринс или ставам капки навечер спие малку му се подзатнува но не се буди како поарно да е одколку цел ден што му течи, педијатар ми кажа витамин ц и повеќе течности? Некој совет Дали е долг период на растечено носе? ( не кашла,нема температура? Значи само носето и можеби вади горни запчиња 1 и 2
Zdravo majki Imam 9 mesechno bebe sabotata i bese crveno grlceto i prepisaa ospen 3x3ml , denes pochna da kaslat ima slajmce na grlo nemoze da go ispluka ... sovet kako da i pomognam za slajmceto . Matochnata ne potera krvna slika i crp se e vo red
Majki pomagajte, bebe 2 meseci ima slajmovi gradite mu hrcat koga spie, noseto mu go cistam, nekogas znae da gi povrati …. Inaku sme na prasok Aptamil , za pedijatarot e normalno no ne i za mene, za greota e
А го има слушнато со слушалки педијатарот? Моето пример хрчи,полно мрсули,гради чисти и преку спуштено на плуќа. Ако ти е шубе, носи го нека го слушнат.