Ми излезе на фејсбук некоја реклама најверојатно беше за шминкање, девојката беше непрепознатлива, а коментарите под постот беа дека е лажна реклама од страна на девојката, ете зашто мажите бегаат и слични коментари. Сметате ли дека малку се злоупотребува шминката? Се шминкате само да си ги истакнете природните црти или си правите целосна трансформација? Мене ова со трансформацијава ми е чудно од аспект на како после ќе те види без шминка? Како поминува сето тоа?
Иако понекогаш сметам дека ставам многу шминка, грешам. Ставам толку колку да ги истакнам природните црти, воедно и да ги нагласам. И без шминка не се разликувам многу, дечко ми пример појма нема кога имам а кога немам ставено Него сум му иста,не глеа разлика. По светов почна да се злоупотребува и те како, постојано нови трендови,луѓето почнаа целосно да го трансформираат својот изглед се' со цел да наидат на позитивни коментари од другите, и да се вклопат во толпата на "извештачени лепотици". Нема ништо природно. Без веги,без трепки,па трансформации на нос.. Страшно.
Прв и единствен пат кога бев на професионален шминкер беше за матурата. И тоа беше последно. Не дека бев премногу изопачена, тогаш ми се чини и ги немаше овие трендови со контурирање и такви работи, ама некако не се чувствував како јас самата. Од тогаш за секакви свечени пригоди се шминкам сама. И без разлика дали ќе решам да се нашминкам понежно, или ќе се фатам за потемните нијанси, секогаш личам на себе Интересно ми е да гледам видеа со такви трансформации, чудесно е колку шминката може целосно да го смени ликот, цртите, обикот на носот, брадата, усните, до степен на непрепознатливост. Само што мислам дека такво нешто никогаш на себе не би применила.
Колку и да може шминката да смени еден лик, јас секогаш сум за опција природно. Можеби сум убава така исцртана, но некако повеќе си се сакам и ми се допаѓа кога малку, само малку ќе ставам шминка, колку да се нагласи природната убавина. А имам лице и очи кои ,,плачат" за шминкање, сите досега ми рекле, имаш очни капаци да му е мерак на човек да те шминка и што се можеш да направиш од себе ама нее, јас си ја сакам мојата природа без претерано шарање.
Сметам дека шминката треба да перцепира како да сакаме да изгледаме убаво. Ниту јас не преферирам да изгледам како стакло во лицето или како извајана кукла. Сметам дека премногу се вложува во таквите работи, човеково лице треба да се сака такво какво што е. Се шминкам во умерени количини, до граници каде треба. Доколку претерам не би се чувствувала како јас да сум јас. Се согласувам дека природно си е природно, но не секој има убави црти и нормална кожа.
Кога бев помала, прва или втора година средно, тогаш сите почнаа да се шлапаат со шминки и мене ми беше интересно, па за излегување се испробував со пудри од мајка ми, ББ кремови, туш, римел, сенки, кармини, руж евентуално.. После сфатив дека туш на пример ужасно ми стои (или јас не знам да го ставам) ,и за сенките имам некое слично мислење, па останав само на ББ крем и римел, и евентуално кармин и/или руж. Тоа траеше негде до крај на трета средно, после баталив шминка скроз дури и за вечерно излегување. Ми се чудеа некои луѓе. Кога тргнав на факултет, и излегов со една колешка на вечерно кафе, ме изнагледа зачудено и ми рече, абе ти воопшто не се шминкаш, ниту за излегување? Искрено, многу поубаво се чувствувам во своја кожа кога сум blank canvas. Не ми е гајле каков впечаток ќе оставам на некој, плус и многу време заштедувам пред излегување, и на сабајле. Иако знам за одредени прилики да се нашминкам, како што се родендени и прослави, најчесто сум без воопшто шминка, само лабелце. А за конкретното прашање - сметам дека шминката треба да се користи за истакнување на цртите на лицето, а не да се доведеш до степен на непрепознатливост, како што мене ме нашминкаа за матурата, ќе заплачев кога се видов во огледало, ко торта да имав на фацата.
Шминката претставува можност секоја жена да го дотера лицето како што тоа го прави со облеката. Таа е финалниот дел од една секојдневна подготовка која со текот на времето станува рутинска активност за негуван изглед. Лично, преферирам дискретна шминка со неутрални нијанси која само ќе ги истакне цртите на лицето. Таква шминка користам за секаква пригода. Им се восхитувам на жените што умеат секогаш да бидат средени. И малку време значи многу кога станува збор за личниот изглед. Убавината е минлива, но одржувањето низ годините многу кажува за себе. Со малку труд може многу да се постигне кога се знае што се сака. Професиналното шминкерство е многу актуелно. Никогаш не сум посетила професиналец и немам потреба на друг да му го препуштам тоа задоволство од причина што кожата не ми поднесува многу ''малтретирање", а и не сум некој љубител на користење комплетна шминка. Кога ќе се погледнам во огледало од другата страна сакам да се видам јас без многу бои на себе.
Less is more. Имам убаво лице и не се замарам со шминкање, не фрлам пари на разна козметика, дома чувам само основни производи. Тие техники на трансформација нит имам поим како се применуваат, ниту ми требаат, ниту ме интересираат. И се надевам ќе помине овој тренд кај жените, бидејќи не ми се допаѓа. Гледам премногу лица кои толку личат едни на други, а всушност не личат на себе... со/без шминка - непрепознатливи, онака, до степен да те збунат, да не знаеш кого го гледаш.
Подалеку од маскара се немам нашминкано одамна, а други потешки работи од матура. Ни претходно не сум носела шминка ама тој ден решив дека неќам воопшто чисто зошто лицето ме болеше од сите "потребни" работи кои морав да ги трпам. Искрено мислам дека и малку шминка менува многу. Пример еден период во средно менував повеќе начини на шминка, прво колку да изгледам за годините зошто бев како деветтолетка. Кон крај на средно истакнував очи ( кои патем се огромни ), со малку шминка сепак и го добивав онај аниме ефект. Толку ме подмладуваше шо дм вика дека ако ете ме запознаел два месеци порано страв ќе му било да проба со мене. Чисто зошто малите работи можат, и прават огромни промени, големите трансформации, во мои очи се непотребни, досадни и исти, а претпоставувам и тешки за носење зошто подалеку од крем и маска за лице немам друго ставено многу долг период.
Истакнати веѓи и трепки проследено со нежен кармин е сосема доволно, дури и пудрата некогаш е непотребна (барем кај мене) и да.. тенка линија туш скоро и неприметна Ова мислам дека е сосема доволно, не само за мене, за секоја девојка за секојдневен изглед Секако има девојки чие лице не е чисто и мазно па се трудат со 52555989 слоеви пудра да го поправат тоа за да на крај резултатот е сличен на фасадава од мојава куќа. Жал ми е за истите, не сум го имала тој проблем никогаш за да знам како би се справила јас со истиот... ама не ги разбирам оние кои исто како мене немаат таков проблем а сепак го "глетоваат" лицето со сите можни видови пудра (подлога за пудра, коректор, течна пудра, камена пудра, перли... Итн) Да не многу мудрувам, само ќе кажам дека ги жалам момците кои се будат до таквите "глетовани" дами, сигурно утрото им е далеку потрауматично од ноќта
Во принцип ставам лесна шминка,!се шминкам само да си ги истакнам природните црти, а не сакам целосна трансформација. Посебно ме нервира претераното контурирање на лицето, буквално да не можеш да се препознаеш. Не изгледа убаво и е премногу вештачки.
Единствено кога ми се смени личниот опис беше на матурата. Ама се свиѓав како ме направија, беше во позитивна смисла промената. Инаку со шминка само си ги истакнувам природните црти. Сакам шминка многу, но се во граници на нормалата.
Кај мене е истакнување на цртите на лицето. Ретко се шминкам и често добивам критики за тоа. Очиве мои плачат за шминка.