Сама ќе си се нашминкам како и секогаш,доволно сум спретна.Бев 1 на шминкер и увидов дека ЈАС можам и подобро Иако ќе бидам во домашна атмосфера јас ќе си се нашминкам,чисто за слика некоја де Како и секогаш мај фејворит мејкап стајл Секогаш вака се шминкам,а за ова шминкер не ми е потребен,знам и самата
И јас имам лошо искуство со шминкерите и тоа ми се случи баш за матурата! Од тогаш реков дека пари за такви работи не фрлам. Летото, за свадбата на брачед ми се нашминкав сама па илјада пати повеќе комплименти добива тогаш отколку за матурата! Така да, за Нова година ќе се шминкам, дефинитивно, сама. Дури да ги давам парите за шминкер ќе се подновам со убави и квалитетни шминки.
Сама ќе се шминкам . Многу трошоци идат и за новогодишни подароци како и секоја година ми е традиција да му подарам нешто на моите. А и да не беше тоа не би одела на шминкер, што знам некако фрлени пари ми се. А имам чувство дека поубаво сама ќе се нашминкам. Eдинствено нешто што би додала е дека ќе имам вештачки трепки, само колку да почувстувам дека таа вечер е различна од претходните
Јас да си прашам прво вие што ќе кажете дали да се шминкам кај Владо Георгиев да не ме искритикувате и да ме сметате за плитка исто и несакам после никој да не сака да се дружи со мене и да ме смета за шмизла окупирана со НГ, па да знам што да си одлучам. П.С. Поефтино зимал од Дадар за новогодишна шминка. И што викате? Може да се шминкам кај професионалец?
Kaj нас во нашиот град шминката е околу 300 денари, што и не е многу. Е сега ако си фатен во рацете како мене и не е толку трагично да идеш и да те нашминкат. Јас само молив знам да си ставам и пудра, и ако не е помалата ми сестра и на свадби ќе одам ко за преку ден. Она ме средува . Јас немам против и оние кои одат кај Дадар, имаат пари и одат. И јас да имам многу и јас секој ден ќе одам и на фризер, и на козмтичар, и на масажи. Ама немам, па затоа дома сестра ми ќе ме шминка, а тие пари ќе си ги искористам за нешто друго кое ми е попотребно во моментот. Но не можам да ги разберам девојките кои и последните пари ќе ги дадат за Дадар да ги нашминка. Тоа не. Тоа не е нормално, да стискаш за јадење за да изгледаш нашминкано и дотерано по последна мода .
Никогаш не сум била за нова година на шминкер па нема ни сега немам вишок пари за фрлање за тие пари ке се подновам со нови шминки што ке ги користам не само за нова година туку преку целата година ке се нашминкам како и обишно што се шминкам пудра,некоја нежна сенка,руменило,моливче,маскара и лабело
Ќе се шминкам сама, како што се шминкам и на секое друго излегување. Не се потресувам за Нова година, една вечер како и сите други, а тие пари што би ги дала за да ме нашминкаат професионално, ќе ги дадам за нешто друго покорисно и потрајно.
Не се замарам. Не оти сум талент и верувам дека ке се направам тип топ, напротив не ме ни бива многу...али за неколку саати опа опа Као на некој да му е гајле дали дома сум се прошлапала или некој ме шарал.
За било која свеченост, така и за Нова Година, се шминкам секогаш сама, согласно облеката. Ако е Нова Година не значи дека треба да се нашминкам некако нападно, поинакво, па на крај да личам на лампион. Е, сега, затоа во облеката си дозволувам нешто светкаво....така бидејќи се` е светкаво и во бои, па и јас да одговарам со општиот амбиент.
Па добро, јас негледам на тоа идење на професионална шминка како паѓање во занес и транс, и непотрени негативни коментари. Може навистина звучи глупаво цела таа идеја, меѓутоа кога веќе ќе лупнеш 3000-4000 денари само за дочек (најчесто оваа цена е за дискотеките, кои патем се движат до неверојатни 10 000 денари за овој 31 декември), мислам дека ништо нема да значат уште плус 300-500 денари за шминка. А и постојат многу девојки кои и не се така спретни во тој талент, а немаат сестра/братучетка/мајка која е вешта, и ова би и дошло како одлично решение. Моите другарки се пример за тоа, едноставно не им одат тие работи како шминкање или фризури- со еден збор немаат вешти раце и талент за тоа, па затоа и шминката им е минимална и фризурата едноставна секогаш. Не би изреагирала со негативен и зачудувачки коментар ако ми речат дека ке оди некоја на шминка, ништо чудно и ненормално ми е тоа... Зборувам генерално, и за некои други поважни настани, нормално ми е тоа посета на шминкер, кои изубилуваат денес, и немора да се познато име, има и одлични професионалци, само помалку познати и за малку пари ке те блеснат. Јас сум исто анти талент за шминка, допрва почнав да ја учам техниката на смоуки еуес, меѓутоа и оваа нова година сама ке се средам како умеам, чисто бидејки непланирам да одам на којзнае какво место и ке бидам со најблиските во домашна атмосфера за прв пат, но доколку се решев за друга комбинација, во која ке вложев многу повеке за самата резервација и облека, тогаш сигурно ке одев на шминка.
Во една тема веќе реков дека планирам да бидам Белград за Нова година, а каде конкретно таму не знам се уште, а и не зависи само од мене. Така што за шминката ќе ја задолжам мама. Јас не знам сама да се нашминкам. Единстевно што можам убаво да направам е да ставам маскара и креон, а со тушот и четките не сум спретна. За секаде ме шминка мама или братучедка ми. Тие ми се најблиски и секогаш тука, па кога треба посвечена шминка ги барам нив зашто сама очи ќе си извадам. Кога би била тука со друштво, во дискотека/кафиќ можда би одела и на шминкер. Зошто да не? Ќе ме нашминка супер, професиоанлно, со добри шминки и нема да мрда цела вечер. А 500-600 денари на тие останати трошоци и нема да ми направат разлика голема. Еве, баш читав во Силуете во Охрид шминка и фризура е 800 денари. Тоа не е претерано. Те шминка професионалец... Сепак е Нова година. Шминката е исто важна колку и облеката.
Јас многу, многу не се замарам со Нова Година и никогаш до сега не сум се шминкала нешто поразлично од обична вечер само + и сенка ама малку А оваа година пошто ќе бидам на плоштад неверувам дека нешто посебно ќе бидам нашминкана
Девојки добро би ми дошол ваш предлог за шминка за нова Инспирирана од величанствени султан на канал 5 се решив и ја да се праам султан будала и зедов туника за нова во зеленска боја... Ххх се зезам... Бојата е нешто мешавина од втората и третата слика па која боја сенка, едно друго би ми одговарало со туникава...
Јас вака ке се нашминкам, и годината ке си ја напишам како римајндерче, кога ке ме прифати склерозата у стари дани да си знам
Па би одела кај професионален шминкер да ама да биде најмногу до 500 а да платам 3000 или 4000 тоа не долази во предвид.Сеа мислам ок сите сакаме да изгледаме што поубаво и повпечатливо ама за голема сума не би одела.Мислам во муабетот не е толку важна шминката за Нова Година или кај ќе бидиш туку е поважно КОЈ ЌЕ ТЕ ШМИНКА.Сепак мислам тоа малку ја крева суетата. Инаку јас моѓам слободно да речам дека се шминкам професионално ,а и шминкам многу друграки кои одат на некакви свечености или забави. позззз
Баш ваква тема барав... Јас не користам многу сенка а сакам да ставам за вечер.Ама незнам каква сенка... Фустанот ќе ми биде црн,на половината ќе носам црвен колан,имам црвени обетки и црвен лак и за обувка црни салонки. За шминка искрено си немам поима Па ако може помош? Каква сенка?Кармин или сјај?
Ама која шминка и да ја ставам нема да го покријам кратерот на носот Зошто секогаш на њу ијр? Ќе си се нашминкам како и за секое излегување, не претерувам, ниту фрлам пари кај шминкери и такви ствари. Добро нанесено пудро, руменило, моливче за очи и маскара. Толку!!!