Абе дојдете кај мене јас ќе ве шминкам и песни ќе ви пеам,фрлени пари се тие тн професионалци шо да не со позлатена шминка ќе ме шлака не не сама ќе си уживам во новогодишното нанесување на фенси шминка дури мислам ни за свадба не би дозволила да ме шминкат па толку немам поверение ни на фризер ниту на шминкер.. Е сега јас како професионалец би сакала да прашам дали на циклама карминче можам да си дозволам малце по јака шминка или подискретно да не бидам нападна,мислам дека погоре видов слика нешто слично ама нели е ту мач? помагајте девојки ве има во голем број кои професионалци бе нека дојде Дадар да прочита тука и нека учи
сама се шминкам СЕКОГАШ... имам еден шминкер овде близу отидов еднаш ме натафри како нацртана воопшто природно не ми изгледаше ... никад више не му се повратив сама се шминкам и воопшто не се претрупувам сакам кога нема многу шминка поприродно да изгледам ,а и да се чуствувам. За оваа Нова Година шминката ќе ми биде крем боја
Butterfly-itgirl4s или истакнуваш очи, или уста. Немој двете Иначе ја ќе ставам пудра, римел туш и сијајче. Нешто вака
Батерфлај по дискретно нашминкај ги очите, малце сенка, туш и масакара. Можеш на пример со сива сенка да ги истакнеш контурите на очите, но нека биде во умерени количини. Јас вечер ќе имам темновиолетов кармин, а очите ќе ги нашминкам на овој начин. Зошто кога и очите би ги исткнала ќе бидеш многу нападна .
Јас шминкав 2 девојчиња, затоа останав ненашминкана. Ама, ако и така не се шминкам многу. Си ставив малце креонче на горниот очен капак и го размачкав да изгледа како да сум ставила сенка , на устата вазелин,ни пудра, ни сенка, ништо друго.
вчера вечер баш убаво бев нашминкана другарка ми ме имаше нашминкано римел туш еден мал слој на црвена сенка и сијајче на усните
Шминка ко шминка, ја ставив и до 00:00 ја снема. Намерно не ни ставав многу шминка, само пудра, моливче и маскара.
Кај мене вчера не мрдна шминката додуша и секогаш ми е така, сега и поради пудрата не мрднува, плус и на трепки ставам пудра, па римел и како вештачки беа, како стреа на очиве да имав така да според мене, убаво треба да се нанесе пудра и нема мрднување на шминката
Ставив малку маскара, поизразито црвен кармин и толку,а повеќе внимание им посветив на ноктите-шарите испаднаа супер.
Јас ставив пудра, моливче, туш, маската, потоа на устата ставив лабело па потоа коректор за уста и на крај сјај од праска
За оваа година најобично бев нашминкана како и секој ден. Ставив само туш, маскара и пудра,сенки такви работи не, зашто заклучив дека ме праат подебела во фаца
Па не планирам пак кај Дадар да одам, многу ме фаќа скапо, а ова е втор БИТЕН догаџај во рок од 2 недели. Затоа ќе одам во Диор, 2000 овој пат. Си закажав порано во 8 часот. Шминка и фризура. И плус на ноктите само корекција ќе направам. Досадни се овие светкиве. А трепки вајда пак ќе ставам. Се исплати бе, сите викаат најубава бев за нова година. Јес да јас не памтам, откако се начукав и повраќав околу 12.30 си легнав и спиев после тоа. Ама откако станав утрото како нова бев и замисли не ми се рашмља шминката. Ете затоа Дадар е најбољи!
Мене Стара Нова ми е побитно од Нова бидејќи се 2 у 1 и се ќе направам за најубава да бидам! Дури и другарката што треба да ја шминкам, намерно малце ќе ја утнам за да не е поубава од мене.
Како и секое искачање малку сенка,туш,маскара,пудра и руменило,и после 00.00 одма ја избришав зашто си легнав да спијам