за Нова година планирам нешто едноставно. црвен кармин,туш,креон,маскара и толку а што се однесува за пудра не сакам да ставам бидејки знам дека ќе играм ќе се забавувам и ќе се испотам а така испотена не сакам пудрата да ја осеќам како паштета . Како и да е не сакам да фрлам пари по шминкери бидејќи како и да е ќе се размачка и сигурно не е целта на таа вечер да ни ја отценуваат шминката туку да си поминеме најубаво.
Ако е Нова година не мора сите да глумиме лампиони Се шминкам како и за секое искачање. Нема потреба за пренападна шминка, само треба убаво да ти стои на лицето и секако да ти одговара на облеката. Ни под разно не трошам пари за шминкери фризерај и слично. Нема да одам на црвен тепих, реално кој и да е пак ќе заврши на некое "лепша од ночи" место со 100 души над потребното. За приватно славење во "двојка" ретко кој се потресува околу шминката Единствено може да додадам малце туш со светки на очите, бидејќи и онака не користам нападни сенки. Впечатлив кармин, по можност црвен или поизразени очи со помош на туш и креон и тоа е. Иако секогаш давам предност на што по природен (нежен) изглед Еве некоја идеја: Спојлер
Искрено и не планирам да се маскирам, да ставам две кила пудра, маскара пет слоја, вештачки трепки, црвен кармин.. Сакам нешто едноставно, бледа сенка, креон, маскара пудра и тоа е тоа нешто вака
Што мислите за на 13г. да отидеш на шминкер за Нова година... Верујте останав за момент без здив кога слушнав...I don't wanna live on this planet any more!
Јас на 13 години ДОМА славев, со моите, со баба ми, дедо ми, со вујко ми и вујна ми. јас незнаев за славење надвор од домашна атмосфера а не па за шминка или ЗА ШМИНКЕРИ на 13 години свашта во денешно време еј..
На шминкер одам само за свадби и посебни свечености, за излегувања сама си се шминкам (а според мене Нова Година е само уште едно обично излегување, сум имала подобри излегувања од Нови Години). Наместо да фрлам 2000 за шминкер ќе си купам шминки и четки, последнава година научив многу добро да се шминкам и сфатив дека се е до четките. Годинава ќе носам светкав фустан, па не планирам да претерувам со шминката, најверојатно ќе биде нешто вака. Наместо црвен, планирам да ставам темно розов кармин.
Креон,римел (малку не многу) и сјај за усни,мислам дека е доволно,а и прикладно за моја возраст.Сенки,пудри,кармини,руж не.
дечкииии ај хелп..имам црвена коса и ке носам црно фустанче со темно зелени штикли,и такви обетки и белегзија....шминка појма неам каква зато и ми требате...ако имате некоја идеа слободно...
Јас па баш за нова година сум секогаш како дибек нашминкана. Ќе улетам ваква, таква шминка и на крај погадно, амин. http://www.youtube.com/watch?v=sOpNlGE89P4
Абе видете, јас за било кој настан кој вклучува контакт со луѓе - нашминкана сум за никој никаде. Или едното око ми е понашминкано од другото, или на едното имам утнато линија, или пак изгледам како некој штотуку бокс да ми мавнал... Се нешто како што не треба да е ми се дешава. Најсериозно, не претерувам. Не знам, може од тоа дека се плашам да не утнам нешто - на крајот излегувам како урдичка од дома. За оваа година не планирам ништо особено, мислам нова година ауууу. У реду је...
Шминка за нова година бе хахаха ќе си закажам кај Дадар да ме направи како вампир во очите За нова година ќе се нашминкам исто како што си се шминкам секојдневно.Значи пудра,бронзер(што го користам и како руменило)крем(бледо) сенкиче,туш и маскара.Ако е нова година,не значи дека како кловнови треба да шетаме и да светкаме на 500 метра.
ахаххаха....то така се вели и значи демек еднаш во годината можи да се допушти нешто плус... и на крај краева секој со своето мислење нели
Сеуште немам одлучено, ќе барам инспирација по женскиве сајтови, на we heart it секогаш има нешто интересно или пак по youtube-ов. Сепак мислам со мачкини очи нема да згрешам.