Очите можеме да ги истакниме и со големи трепки,покрај тоа на кој начин со шминка може да се истакнат очите? http://www.youtube.com/watch?v=AFmKVL5ClQM
Според мене ,најдобар начин е смоуки ајс . Го користам доста често ,се разбира како вечерна шминка , а најмногу ми се допаѓа црно - бел смоуки , иако и кафеавиот е доста добар.
Toчно .smokey eyes,ама ако имате плави очиња или зеленки можете и со тиркиз моливче да ги исцртате на капаците и одоздола
Имам мали очи и би сакала совет за како да ги поистакнам. Исто така како да ставам туш, а да не ги направам уште помали? Фала од напред
Истакнување на очите Еве ти туторијалче како со туш да направиш очите да ти изгледаат поголеми: http://www.youtube.com/watch?v=Ny70r-iYxuQ А инаку најпознат трик ти е бело моливче на долната линија, веднаш се забележува разлика.
Истакнување на очите Хмм и jас имам слична мака па вака обично ставам сенка или пак вака туш оди некако па незнам тебе колку ќе ти помогне
За тие што имате мали очи,белото моливче е најдобар трик пред се како што спомна и Саја Бело моливче на долната линија од окото ќе ставите,исто така можете и на горната од внатре но внимавајте тогаш со нанесување на тушот да не ги помешате во едно...односно поклопете ако ме разбирате Исто така под долната водена линија на окото,од како ќе нанесете бело моливче ставете нежно кафена сенка,да не биде сепак многу темна. Ова ќе направи визуелно долната линија од окото да ви изгледа што подоле од колку што изгледа.. И малце од истата кафена сенка на ќошето од капакот на окото,тушот на горната линија и толку
Очите најубаво се изразуваат со Туш и Римел. Оние кои имаат убави и големи очи и само римел е доволен. А оние со мали очи ќе си мачат маки, без исцртани очи со туш и бело моливче или сенка очите нема да им дојдат до израз.
Бело моливче стои на светли очи. Инаку маскара најдобро оружје. Како и да се нашминкаш без маскара не изгледа убаво.
Дефинитивно, шминката ги истакнува очите, визуелно ги зголемува димензиите, дава длабочина на погледот и сјај во очите. Посебно маскарата, покрај туш/моливче и сенка.
Дечки незнам дали е за тука прашањето но сестра ми има многу така испакнати очи надвор и гооолемо око има онака prominent eyes има , сега брзо и е свадба и неможеме да најдеме совршена шминка за тие очи? Може помош?
Јас би избегавала темна сенка во преклопот на окото. Во таква ситуација поентата е да се издолжи окото, уместо да не направи уште по ококорено. Ептен тенко засенчано тушче издолжено на краевите и на почетокот на окото. Избегавајте многу темни и црни сенки пошто тие дополнително истакнуваат, поготово на долнипт капак.