Шминка за на училиште, факултет, работа

Дискусија во 'Лице' започната од stefi556, 11 октомври 2012.

  1. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    За на работа крема, пудра, маскара и кармин
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Јас обожувам да се шминкам. Ама почнав да работам на работно место каде сме само две-три девојчиња, а некогаш во смена сум со сите мажи. Сите се културни, прибрани, професионални,и скоро сите женети мажи. Затоа не сакам да делувам предизвикувачки и слично. Се облекувм најскромно и најкултурно. Што се однесува до шминката досега носев само маскара некое светло незабележливо моливче за очи, бб крем и нежен скоро незабележлив руж и нежен скоро незабележлив розов или нуд кармин или молив за усни. Сепак сум млада и некогаш сакам да бидам тренди и да носам некој потемен кармин. Или моливче за очи во друга боја, темно зелено или тегет. Само не знам колку е тоа соодветно. Техничка работа е во прашање. Што би ме посоветувале? Сепак одам да работам , не да флертувам, ама па сакам и да си се чуствувам убаво.
     
    На theowndemon, teddytea и referentka им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Соодветно е.
    Се додека не носиш нешто што е премногу разголено и не те прави да се чувствуваш неудобно, нема никаков проблем.

    И јас исто инаку, некогаш сум на смена само јас девојка, а ако не сум, имам уште една жена со мене, ама таа е во скроз друг оддел. Пред да почнам да работам мислев којзнае колку ќе се дотерувам и шминкам, ама скоро секој ден сум ненашминкана и во фармерки. Баш би била посреќна кога би била посредена, само што сонот ми е приоритет. Плус што поминувам добар дел од денот во производствен погон, па тоа ме ограничува малку.

    Еднаш облеков штикли и баш тој ден се погоди да треба да одам на монтажа низ кал, и да се движам по импровизиран мост од палети, и така неславно заврши моето носење штикли.

    Јас мислам дека тоа што го напиша е во ред. Тоа што си средена не значи дека си отишла да флертуваш, таман работа.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhu

    zhu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Јас ставам прајмер, цц крема, коректор, веѓите ги пополнувам, контур на образите, една ептен светло кафеава сенка, маскара и молив за уста. За втора смена ставам и туш понекогаш.
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Без ич шминка ми се случило само еднаш да отидам на работа, кога детето беше болно а јас ненаспана.
    Во принцип секогаш наоѓам време за коректор под очи, маскара и кармин или лабело во боја. Понекогаш ставам и моливче за усни, и молив за очи кој малце го размачкувам со мини сунѓерче.

    Искрено не ги разбирам основките и средношколките што одат во школо нашминкани. Доказ дека школото ги нема веќе истите вредности.
     
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.713
    Пол:
    Женски
    На работа одам со шминка, моливче, сенка, маскара, руж и кармин, за во школо не сум се шминкала, а за на факултет, за на испити никогаш не сум имала време за шминка, а онака за на предавања понекогаш кога сум имала време, сум ставала лајт шминка.
     
    На Srekicka3, Недопирлива5, KuklickaMoja и 4 други им се допаѓа ова.