Јас кога одев на факултет ретко се шминкав, ама сметам дека пудра, маскара и сјај е доволно. Сега за на работа пак така практикувам ,а понекогаш и моливче ставам или наместо сјај некој кармин со понежна боја.
Се шминкам секој ден за на работа и тоа ми е една добро усовршена рутина која ја терам веќе со години, и тоа за било какво дневно излегување, не само за на работа. Дневната рутина на шминкање ми се состои од следното: 1. Крем за лице 2. Крем за околу очи 3. Течна пудра 4. Коректор под очите (ова е must за на работа, зошто рано станувам и не личам на човек наутро ) 5. Маскара 5. Руменило во нежна праска/розевкаста боја 6. Nude или нежно розово карминче (најчесто мат) или неретко само лабело. Сјаеви мразам и не користам веќе со години. Ич не им ја поднесувам лепливоста Во средно нон стоп се шлакав, еден сјај за недела дена го трошев и изгледа ми се смачија Значи, ненападна, нежна шминка која дава среден изглед. Моливи и сенки за очи не користам за преку ден. Некогаш така инцидентно може да се случи да ставам некоја беж, нежна сенка, ама тоа само ако сум станала порано па имам време сабајлечки
Сметам дека секое девојче мора да биде барем малку средено, без разлика дали е во средно, на факултет или на работа. Во мојов случај (втора година средно), пред да одам во школо рутината ми е: - Крем за лице обавезно - Малку коректор под очите и ако имам некоја бубуљичка (гледам сите сте напишале дека наутро не личите на човек под очите и ви се чудам, мене па ми се поизразени подочниците и се останато попладне, а наутро сум си некако посвежа ) - Еден слој маскара на трепките - И last but not least лабело (порано користев сјај ама открив дека лабелава даваат поубава боја и подолго траат). Пудри не користам ни за на школо ни за излегување, ептен само за посебни пригоди. Не сакам уште сега да го трујам лицето со хемикалии, имам убава кожа (пу пу да не ја урочам ) па ми фали уште да ја расипам. Мислам дека ова ми е доста и дека е доволно за да изгледам средено, затоа што сепак не ми е убаво кога ќе видам дека некои доаѓаат како што станале од спиење, ниту пак ми е убаво кога ќе видам некои со триста кила пудри, креони, тушеви и што уште не. Затоа средината си е најдобра. За излегување си ставам и тушеви и моливчиња и карминчиња, ама за во школо не практикувам.
Треба да си посветиме минимално внимание на нашиот изглед, па каде и да одиме. Било тоа кафе/работа/факс...па макар и до град-шопинг. Каде и да мора да си средена првенствено за себе а потоа што вели дечко ми: незнаеш кој ќе сретнеш. Минимална пудра, маскара, туш и сјај се основни работи.
Јас имам 14, и за на училиште се шминкам.. т.е само креон на пола око, маскара малце и веѓите ги цртам Незнам што ми текна, се навикнав.. И не сакам веќе.. Ама како да престанам, ми се чини без креон не сум убава.. Незнам зоштоо.. Како може поубава да си без шминка? Несакам да ми стане навика ова засекогаш
Јас за на училиште пудра ставам ако ми е лом лицето...бидејќи немам убава кожа и маскара...друго не...сјајче чат-пат евентуално...
Никогаш во средно не се шминкав за разлика од оние со 3 тона пудра, коректори, креони и личеа на баба роги баш онака утрински. Секое утро ставав обавезно крем,лабело и коректор доколку некаде имав бубуљичка. Апсолутно друго ништо. Маскарата можеби ептен ретко , еднаш месечно, а може и тоа да не.
Во средно ставав само маскара. Си се навикнав некако, па неизбежна ми беше. Сега, на факултет, ставам коректор, маскара, и некогаш моливче, зависно од расположение. Сјај ретко ставам, почесто сум со лабелото в рака.
Од шминка преку ден само бекутанче , уствари тоа ми е најмоќната шминка !!! Лабелце обавезно , некогаш маскара , зависи од расположение
во средно ставав пудра но дека имав проблеми со лицето, не ставав често поминував и со коректорче и сјајче,за разлика од моите соученички што бе со сенките во раце со 3 кила пудра и со трепките до веѓи на факултет лежерно маскарче ретко пудра бидејќи сега лицето ми е чисто стакло да не се урочам малку руж и сајај друго не и косата ми е најбитно да ми е средена и чиста или убаво фатена...
Јас никаде не излегувам без шминка. У принцип сум мн бледа, имам бел тен, и полни усти така што морам да балансирам. Пудра минимално ставам, и руж обавезно кај мене, маст хев е , бидејќи споменвам премногу сум бледа, а ружот ми дава бои на лице. Маскара исто така, и тоа мн за да ги истакнам очите, клепките ми се мали и кафеави. Коректор по потреба. И лабелце, сјајче, карминче зависи
За во школо многу ми зависи расположението наутро.Има денови така излегувам.Има денови малку си се опуштам со шминката.Но најчесто ставам крем на лице, маскара и лабело.Некогаш горниот капак внате на окото го исцтрувам ама нежно и не заприметно.Имам зелени очи многу убаво ми ги истакнува.
8-мо сум и досега никогаш не сум се шминкала за во школо бидејки сметам дека нема потреба,школо си е школо (барем сега бидејки сеуште сум основно) а и сабајле ме мрзи од кревет да станам па да не зборам за шминкање.
Во последно време скоро и да не се шминкам за на училиште или тоа е најчесто само римел и лабело. Крајни граници да ставам пудра и моливче + римел
Кога станам порано ставам маскара и пудра а ако немам време одам без шминка.Баш сега овој период дека е ладно не ми се станува рано само за да се шминкам.
јас сум средно, и кога идам на школо обично не се шминкам, мислам дека е непристојно! ставам само карминче и тоа розево( хаха нз што ми стана во последно време со тоа), понекогаш некоја сенка а ретко маскара. значи не сум нападна многу
Јас сеуште сум во училиште. И не се шминкам,односно само ставам лабело,најмногу кога е ладно,бидејќи устата ми се распукува и ја ''штитам'' со лабелото или некој сјај ако се најде.
Јас имам чисто лице и неам потреба да се шминкам и коа се шминкам стаам римел и малце пудра пошо ми се шара лицето малце и тоа е се
Кога одам на факс ставам само ББ крема, малку маскара колку да не ми бидат бели трепките и лабело, а кога одам на работа тоа се цели ритуали На исчистено лице ставам крема Гарниер за сува и чувствивтелна кожа (одлична е како подлога) потоа нанесувам пудра - Макс Фактор Ластинг Перформанс, па ставам коректор за подочњаци од Буржоа - био, чекам да се упие малку па го голема дебела четка нанесувам од бисерниот финиш од Севентин. Потоа во зависост од облеката и расположението повлекувам линија по должината на капакот на окото црно моливче - Артдеко, па нанесувам некоја нежна незабележителна сенка во земјени тонови - Бела Оџи или Севнтин. Нанесувам маскара - Ример и ставам руменило Буржоа или перлите Џордани Голд од Орифлејм. На устата карминче или сјајче.