Дали треба да се шминкам во средно училиште? Сега сум осмо но од септември ке бидам 1 год средно, и не знам дали воопшто треба да се шминкам? или да ставам само маскара за очи и сјај за усни? Што мислите?
Дали треба да се шминкам во средно училиште? во секој случај зависи од тоа каква личност си мислам дека за во средно не треба толку многу пренападна шминка со сенки и такви пренападни кармини.доволно е туш\молив за очи,маскара и сјајче или лабело.
мене како за 1 година ми е доволно ако е потрено пудра ако не е,римел сјајЧе и некогас некое нежно моливЧе пудра секако ако имас некои проблеми со лицето теЧна или сува пудра за покривајне или коректор сепак ако има потреба ако не подобро не нежно и природно
па со лицето немам проблеми па затоа и јас мислам само маскара и сјај да ставам иначе не сум по тушот
И јас ќе бидам прва година од септември,и исто планирам да ставам малку пудра по потреба,маскара обавезно и сјајче
SweetChild, мило ми е што така мислиш . и јас мислам дека нема потреба премногу нападно да се шминкаме за во средно. маскара сјајче малку пудра и тоа е тоа
Па да, секојдневно не практикувам многу да се шминкам иначе и јас исто како тебе маскара и сјај, а понекогаш кога станувам касно ниту за тоа немам време
Најчесто не се шминкам. Евентуално ако станам многу рано или ми биде досадно - некоја светла MAC сенка за очи слична на природната боја (да не се познава, а сепак да остава впечаток на одморени очи) и нежен слој маскара (Masterpiece\2000 calorie - Max Factor) и обавезно Nivea Cherry Ако имам подочњаци, пробувам да ги средам колку-толку со мраз или кесички од чај, и потоа ако има потреба ставам малку коректор. Најважно ми е лицето да ми е секогаш чисто и свежо
Луѓе ар ју нормал?!? Ве читам погоре за во средно требало маскара,пудра,моливче... Абе јас ни еднаш,ама ни еднаш немам одено со пудри масакри и сл глупости(во нормални денови) и не од тоа дека сум бубалица,конзервативна што ја знам-едноставно немам време за тоа,или подобро речено несакам да го губам на тоа зошто да станам порано па макар и 5 минути да се шминкам кога можам да се одморам,мислам хелоу некако ми нема смисла тоа,одењето на школо го сваќам како дел од секојдневие, како одење до продавница да речеме,сакам да кажам тие луѓе пред кои јас треба да се појавам со трепки до нос и 2кг пудра ме знаат уште од дете, ме знаат цел живот и сега супер сум била во основно без шминка и сега само затоа што се менува името на инстиуцијата ќе се менувам и јас ,ќе пораснам за 3месеци(во основно:аау види ја дете а ставила маскара и пудра на шо личи, а во средно-по 3 месеци од основното:ауу како без пудра и маскара,види ја бубалица) Значи не според мене ако ти се осеќаш дека сакаш да се шминкаш ок,дека тебе убаво ти стои шминка ок, ама да се шминкаш затоа што си одела во средно ми е безвезе
call me old fashion but....зарем не е премногу девојчиња???? Јас во основно, средно па и пола факултет одев без шминка. Првата пудра си ја купив на 20 години, а првата маскара на 18 (затоа што многу сакав и уште сакам убави трепки).Можеби ја имав и сеуште ја имам привилегијата да имам чисто лице, ама сметам дека не е до тоа, колку што не се чувствував спремно, зреано, соодвтно и во приридно опкружување со шминка. Денес, да, се шминкам. За на работа кога како, ама гледам да сум средена секогаш. Шминката ми се состои од нежен слој мат пудра, понекогаш одозгора малку камена (за да не блесне течната), малку руж и маскара и/или моливче. Кармин или сјајче. Истата сум и за ноќно излегување. Не умеам баш и многу да се нацртам со сенки, тушеви и слично, па можеби и затоа... Ама за на училиште шминка, јас не сум за...Можеби сосема малку пудра за прикривање умор на лицето ( на 16 год!!!!- умор), или некоја акна. Или пак едноставно за заштита од надворешните влијанија. Ама толку!!!
Се согласувам feminium, ама ова е се’ почесто. Вазелин-ако, испукани ти се усните, тоа е во ред. Ама пудра, сјај за усни маскара или туш ми е некако несфатливо. Можеби јас имам застарено мислење. Не знам за оние во средно, а за оние од основно пак... Девојче од 6 одд. дошла со 1 кило пудра и со трепки до нос (како што кажа ти). Па на училиште ли одиш или ќе шеташ на модна писта??? Алооо . Лицето ми е целото црнки и бубуљици-ама во пубертет сум и до сега немам ставено ми грам пудра, а камо ли маскара, туш и што уште не. Времето што си го искористила да стоиш пред огледало со оваква уста, си можела нешто да поднаучеш нели???
Јас за на училиште ставам само маскара и лабело, мислам дека е доволно бидејќи сепак тоа е училиште и одиме за да учиме нешто а не да се покажеме, иако има многу девојки кои одат да се покажат. И да мислам дека нема потреба од толку шминка па и туш ццц Позз и имајте убав ден
Додека бев средно скоро никогаш не се шминкав, а и сега кога сум на факултет ретко ептен кога сум расположена или кога сум покасно на факултет, предавањата ми почнуваат во 8часот уште очите не ми се отворени ќе ставам сенки, маскари и триста чуда, а за пудра и немам потреба имам чисто лице
Сега сум одмо и до сега немам ни еднаш ставено некаква шминка. Кај мене во одделение има 3 ''популарни девојки'' кои секогаш имаат пудра, маскара, моливче и сјај ставено, со изговор дека по школото ќе излегуваат. Еднаш една стаила пудра 3 нијанси потемна од нејзината(дека на мајка и била) затоа што и излегло мозолче на челото Па девојко постои коректор за до толку!
Значи во досегашното мое образование(сега ќе бидам 4та на факс) никогаш,ама баш никогаш немам отидено со шминка на школо,ниту пак на факс.Тоа подразбира ни само пудра,ни маскара,ни сјај ништо ништо. Не дека сум премногу конзервативна,но се знае за кога и каде треба да сме нашминкани. Значи шминка додека се образуваме-категорично не!
Малку пудра (која ја мешам со крема за лице за полесно да се впие во кожата и да изгледа што е можно поприродно), сосема малку руменило во праска боја, маскара и невпечатлив сјај за усни (кој повеќе личи на лабело). Многу ретко се случува да ставам и туш за очи, но гледам тоа да не изгледа пренападно, туку само да даде изглед на погусти трепки.
За во средно и за на факултет нешто вакво препорачувам (се разбира не толку маскирано и гипсено како што е тука со фотошопот)
За во школо ставам само малку пудра бидејќи немам толку чисто лице и толку. Никогаш не сум се нашминкала, да ставам на пример сенка, кармин, туш и ред други работи. Сеа ќе бидам 2 година средно и кога ќе видам некои девојчиња ко на свадба да дошле, а не во школо просто ми се гади
За во училиште никогаш не сум се шминкала,едноставно сум немала потреба од тоа.Се мијам,ставам крема,лабело и тоа е се.А кога станува збор за работа зависи од работното место,минимална ненападна шминка ќе е доволна