За на училиште не практикував многу шминка,на факултет се шминкав класично но не нападно а еве сеа и за на работа исто си се шминкам,некогаш помалку некогаш повеќе зависи како со времето стојам.
Не се шминкам за на училиште (и нема да е шминкам). Навистина ме нервираат НЕКОИ шмизли од мојот клас кои доаѓаат нашминкани на училиште.
Не се шминкам за на училиште. Само лабело Нивеа ставам и тоа е се. Не ја сфаќам потребата да се шминкаш за во училиште. Искрено ме нервираат некои гуски кои идат со 100 кила шминка на нив. Поготово кога сме прва смена Катастрофа
Ја просто им се чудам на таквите. Не знам како им се стануе цел саат(или колку и да е) порано, само да набутаат едно 29188429кг пудра, па и туш, па и руж. Ја не се шминкам за у школо, дефинитиваменте. Ниту се иам шминкано, ниту ќе се шминкам.
Ок за основно, па и за средно, ама зошто се буните толку за фах? Јас секогаш сум нашминкана, секако не со сенки и се, ама пудра, туш и маскара. Да тоа е образовна институција, ама сепак неможам да одам туку така пребледена цела, ко дух.
Се согласувам со тебе.Сепак на факултет човек не може да оди како годе.По тренерки или нешто слично,ненашминкан.Секогаш се средувам за на факултет,шминка ставам пудра,руменило,туш,маскара.За основно мислам нема смисла да се шминкате сеуште сте деца,јас кога бев основно не знаев што се шминки,Почнав да користам од средно и тоа мн поретко малце маскара,некогаш моливче туш.А пудри само за излагање сум корстела.
А мене пак многу ме нервираат некој што одат како забаталени и без грам шминка, ни еден чешел на коса трзнат. Па женски сме,среди се, не ти вика никој да се правиш кловн, но малку пудра или коректор,маскара и моливче.. нарочито на факултет. Ако си од 9 на факс, стани во 8, пет до десет минути работа е сето стварно не сфаќам, и ако видат па некое девојче средено фармерчиња, блузе тесно, поднашминкани (не нападно) и одма почувате со буљање као несалам,но тоа е во нашата држава.
Се согласувам и јас, зависно од времето ама барем пола сат одвојувам и обрнувам на изгледот и шминката на факлутет. А за предходните постови ''што ги мразат шмизлите од средно што одат нашминкани''. Зошто ги мразите или ве нервиаат? Сигурно има некоја посебна причина, ако вие можете да ја истакните вашата женственост и убавина природни тие можеби неможат. Па ако ве нервираат мој совет кажете им го тоа в лице, објаснете му колку е убав животот без шминка и обрнување на изгледот можеби и ќе ве послушаат оти знаете лошо е да си нервозен во средно
Во средно користев туш, маскара, малку пудра и кармин во посветла боја... Во факултет секогаш се шминкам нормално не со нападни бои...Сакам секогаш да сум средена од главе до пете
Во средно користев пудра, маскара и сјај најчесто, а сега за на факултет си обрнувам малце повеќе внимание и ставам и туш и малку руменило. Доколку се спрема некоја половина час и повеќе не значи дека ставила 100 кила пудра или дека изгеда како кловн, баш напротив, ќе си посвети повеќе време за да не изгледа нападно, а да е средена. Повеќе време и внимание треба за со малку да изгледа добро. Без разлика дали е женско или машко, треба човек да се посвети на себе за да остави добар впечаток.
Не се шминкам за на школо...насабајле незнам кај се наоѓам не пак да се шминкам...ко ќе сум попладне ставам пудра понекогаш ако имам некоја мозолка и маскара еднаш-два пати во месецот и лабело обавезно..
Јас ниту сум се шминкала во основно, ни во средно, а ни на факултет... Јас кога ке станам за на факултет не знам на кој свет сум,а не пак да се шминкам.. .И онака не одам на бендис.А колешките од на факултет претжно се шминкаат.Има некои кои ставаат дискретна шминка но има некои кои исто се шминкаат и за на факултет и за во диско...
Во секој случај - нежна и ненападна шминка Најчесто крем, коректор, римел и лабело ( безбојно, само малку сјај остава ) или во краен случај кога не изгледам баш добро природно ставам и пудра и туш
Порано не користев многу шминка но во последно време почнав. За на факултет ставам маскара, моливче, малку руменило и кармин. За посвечени прилики - повеќе.
Ставам ББ крема, малку камена пудра за да не ми светне лицето, малку руж и сјај за усни. Ништо посебно!
Никогаш не се шминкам за на училиште иако 70% се шминкаат.Секогаш одам природно на школо само некогаш ставам коректор на некое мозолче и ставам лабело.Ништо друго