Што има врска тоа ? И јас од 7мо почнав со некои полесни , малку руменило сјајче . Не гледам што има чудно тука , тоа е чувствителна возраст , некои плус имаат проблеми со акни , со нечисто лице , ако тоа прави да се чувствуваат поубаво зошто да не . Има и пудри наменети повеке за тинејџери , за млада и проблематична кожа.
Зарем на толку млади години да се уништува лице? Не е чудно во денешно време ама е штетно. А и не е долично, барем по мене. Без разлика дали е полесна или потешка, пудра си е пудра! Јас неколку години сум само со пудра на лице и ги знам негатвните страни од тоа користење.
Јас сум 8мо, и за во училиште само маскара понекогаш, ептен ретко.. ( ако сум ептен таква...замижана.. ) и толку. Пудра не користам, и сјај исто така бидејќи не ми стои баш убаво.. само лабело.
Зависи од расположение. А кога ставам, ставам само маскара малце пудра ако има излезено некоја мозолка и обавезноо лабело
аман бре уште од основно уште од средно со туш на очи мислам претеризам доволно е малку маскарче на очи страмота е од наставниците и професорите никаква граница да се немало на факултет никогаш не сум ставила туш ни молив на очи малку лесна пудра маскара руменило и сјајче е повеќе и од доволно сепак тоа се образовни институции според мене све си има граница,стапнале еднаш на факултет незнаат побрзо што да направат од шминка до облека дури и со фризури одат омг што све немам видено очај...
Јас да кажеме почнав од 7мо со пудра , руменило , сјајче и безбојна маскара. Едноставно не се чувствував убаво и сигурно ако не се средам а не дека имав некој проблем со акни и такви работи ама бев несигурна . Сега пак хоби ми е ,обожавам да се шминкам . За во средно одев со моливче за веѓи , маскара , пудра и руменило некогаш и туш а сега за на факултет обавезно и туш и карминче . Кога излегувам без шминка( а тоа премногу ретко се случува ) се чувствувам некако чудно , како гола да сум излегла
За на училиште никогаш не сум ставила шминка, мислам на: маскара, сјај. Пудра ставам само кога ќе ми искочи некоја бубулица, и тоа не ставам на цело лице туку само на неа.
па за на училиште обавезно ставам пудра и креон, иако не е нешо нападно, али морам да си бидам средена
Па користам пудра од оваа година имам акни од пубертетот па морам да користам,ставам и сјајче и маскара понекогаш и толку
За средно повеќе се замарав пудра,креон,маскара,може некоја сенка побледа незабележителна и обавезно сјај.Сега за факс само пудра и маскара и лабело,а ако ми се рано предавањата може и ненашминкана да отидам,не ми е многу битно.
Основно сум и користам пудра зашо ми треба во тој период сфакате ми излегуваат бубулици, и посвежо ми е лицето со пудра и сјај-лабело и ретко римел многу ретко и понекогаш руш
Не се шминкам за на училиште, не одам на кафе пак за дотолку да се средувам, ако сум малку црвена на образите, на тоа место ставам малку пудра,нископокривна,колку да се прикрие малку црвенилото,а маскари,сјаеви и такви работи не ставам.
Значи многу ми е без врска кога ќе видам како некои девојки се шминкаат за училиште. Еве имам една школска, кога сме прва смена станува уште во 5 и до 6 се шминка, пегла коса, после бара гардероба што да облече и 7 тргнува од дома бидејќи живее на 10 мин од училиштето. И замислете после сето тоа спремање она седи 7 часа и си оди дома. Не дека девојките не треба да се средуваат, баш напротив. Ама крема, малку пудричка ако е исипано лицето, лабело, сјајче и евентуално маскара. Претерано ми е комплетна шминка со сенка, туш.... Нема смисла толку да се оптеретува кожата