Средно сум и ставам течна пудра,камена пудра, маскара, бронзер, понекогаш туш и кафена сенка али и тоа ретко. И да станувам цел сат порано И НЕ за да наставам 100000 кила пудра туку да се потрудам да не изгледа нападно. Да имам време убаво да размачкам се за да не изгледа нападно. А ако го правам сето ова за 15 минути ќе бидам ко со паштета на лице.
Јас почнав кон крајот на втора година на факултет да се шминкам секој ден. Во средно ставав креон и маскара најчесто и тоа 3та и 4та година. А многу ретко , ако имав голема желба и време ставав и пудра. Навистина нема потреба девојчиња на 16 години да се шминкаат толку многу бидејќи немаат потреба. Туш почнав годинава да ставам и тоа не секој ден, понекогаш ако имам желба. Се знае за на работа и на факултет подискретна шминка, малце течна пудра креон и маскара, а за излегување може да се експериментира повеќе. Мене опсесија ми беше косата во средно, многу време поминував да ја средам. Мораше секогаш да ми биде права. Мало-будало. Не дека сега не ја средувам, ама знам да си ја фатам или да ја оставам виткана.
Пудра не преферирам, лицето ми е доста чисто и немам потреба. А маскара и лабело користам секојдневно.
мм ставам пудра, креонче или туш-ама двете заедно не, маскара, и руменило бидејки сум многу бледа во лицето па малце боичка да стаам
За на училиште ставам коректор малку само кога ми се познаваат подочњаци ако не сум убаво наспана,потоа маскара,лабело и за крај се прскам со парфемче и тоа
Исто, исто. Не знам како не ги мрзи, толку да се тинтрат на сабајле бе. Јас трета година сум, средно, и ставам лабело и малку пудра понекогаш.
Па зависи од денот, од колку саат почнувам со предавање, зависи дали планирам да одам на кафе после тоа и сл. Коректор ставам обавезно, течна пудра, моливче за уста + кармин, моливче за веѓи и зависи од денот, некогаш ставам само маскара, а некогаш и маскара и туш. Вака кога набројав од што се се состои моето шминкање за на факултет, изгледа многу нападно ама воопшто не е. Ве уверувам
за на факултет мислам дека треба барем минимум шминка да се користи, јас лично кога одев на факултет и во 06.30 да станев, едвај очите ги отворав и на крај памет ми беше да се шминкам, сепак наоѓав барем неколку минути да ставам црно моливче, 1 слој маскара и сјај за усни....ништо повеке. е сега имаше и девојки што идеа со фризури виткани, пегланаи и со впечатлива сенка на очи, туш, руменило хехех како за на свадба, а не за факултет, сите се чудевме кога девојкиве стануваат и имаат време да се средат до тој степен........сепак треба да се има некоја граница на се, па и на шминката која се користи за одење на училиште, факултет или работа. Jас сум за поприродна и не нагласена варијанта на шминка во овие случаи.
За во основно не се шминкав воопшто,а за во средно сега ставам коректор,малку пудра и линија туш. Се дешава и некогаш сјајче да ставам,ама ретко,претпочитам лабело.
Не значи дека ако некоја се шминка станува половина час или час порано за да се среди. Мене за да се нашминкам целосно ми се потребни од 5 до 10 минути, иако знам тоа да го направам и многу побрзо. Од 7мо одд. се шминкам постојано. На моменти го одмарам лицето од шминка, како сега одреден период, но сепак мислам дека шминка е потребно да се има за на некои места. Не може некој да ми каже дека тип топ дотерана девојка/ жена со шминка и без шминка изгледа исто средено. Во основно ставав понекога пудра, но маскара и моливче постојано. Во средно се шминкав фул, со пудра, руменило, сенки, туш, маскара... На факултет ја намалив шминката, почнав да се шминкам понежно. Сега е најчесто малку пудра, руменило, туш, маскара и кармин. Понекогаш само коректор, маскара и лабело. Мислам дека маскара и кармин/ сјај не одзема многу време, а може многу да го смени ликот, па и коректор
Основно не се шминкав воопшто. Па и во средно, сега последнава година почнав да ставам маскара, моливче, пудра и сјајче.
Секако дека да, а зашто да не? Основно неее, ама од втора средно до денес да. Поготово за факултет и за на работа, не гледам зашто да не. Секоја девојка изгледа поубаво со основна шминка, сакала да признае или не. Ако гледаме така треба само за свадби и слични прилики да се шминкаме. Со причина постои и дневна и вечерна шминка, односно шминка за прилики. Да не требаше секојдневно да се шминкаме, ќе постоеше само свечена шминка. Се си има свое, за каде и кога како и колку треба, ако човек има осет ќе ја знае границата. Не е финтата се или ништо, или без грам шминка, или ми дошле у школо со дреч розев кармин и сенка. Сенката за мене не претставува дневна шминка, поправете ме ако грешам. Сум пробала најнежна кафена да ставам преку ден и пак се приметува и добива понападен изглед, може е до мене.
Во прва год не ставав многу само пудра и маскара некогаш и туш, а сега во втора ќе почнам да ставам малце нежна сенка маскара пудра и моливче за веѓи. Ќе сум шминкана колку без ич, ама лицето ќе ми изгледа природно.