Во средно креон + сјај/нежен кармин, не секогаш На факултет на предавања е забрането шминкање кај повекето професори, нема смисла на секоја пауза да се цртам и за пола саат да се бришам..
Преферирам природно. Во основно не користев воопшто шминка. И во средно нема да користам прва, втора и трета година. Во четврта, најверојатно ќе почнам да користам маскара, пудра и молив или туш. Но, сеуште има време до тогаш, ќе видиме.
Во основно ставав само коректор и ништо повеќе. Единствено првиот и последниот ден од учебната година ставив малку руменило и маскара. Се грижев да не биде приметливо бидејќи не ни даваат да се шминкаме. Средното, факултетот и работата се веќе друга приказна. Сакам од оваа година да почнам да се шминкам за на училиште бидејќи обожавам шминкање, ама ќе подразмислам малку повеќе за тоа. Сепак, пред професори да изгледаш како 20 годишна не личи.
Мислам дека сум мала да го оптеретувам лицето со сенки,тушеви и триста чуда.Знам единствено да ставам сјајче или пак лабело.
Ставам креон, римел и сјај. Некогаш пак ништо. Зависи ако нешто не сум расположена не ми е гајле дали сум шминкана или не. Секако на школо одам за да учам не за да ме гледаат колку сум убава. Инаку пудра не ставам оти имам чисто лице само 2 белека еден на чело друг кај врат и мозолчиња ептен ретко ми излегуваат обично пред да ми дојде и затоа нема потреба од пудра. Туш ви животот не сум ставила. Сенки имам ама за во школо не ставам. Сеедно безразлика каде и да е како и да сме облечени не ми се допаѓа како ќе видам некоја девојка или жена ептен нападно нашминкана. Мислам на секого не му стои премногу шминка или ептен плава/зелена сенка која боде во очи. За на свадба или некоја пригода ајде како така ама за во школо, факлутет не личи.
Минатата учебна година имав многу мрсно лице со бубулици и ставав на нив коректор колку да ги покријам или ако ми беше лицето многу нафрлано ставав малце камена пудра колку да не е туку така и толку. Сега ќе почнам средно и убавезно ке си ставам лабелцe а може и маскара. Љубител сум на шминка но не сум љубител на нападна шминка за училиште,поприродно подобро е а додека пак за на факултет мислам дека тоа е поинаква возраст и дека може да се експериментира повеќе со шминка но да не се претерува, да се знае каде се наоѓаме
Ставам крем-подлога,коректор под очите,ббкрема или само камена пудра ,малце руменило,ги виткам трепките со виткач и им ставам маскара и на устата лабело или некој неутрален нежно розев кармин. И обавезно ги средувам веѓите,ама не нападно нацртани,туку пополнети само. Ставам стик и нежен парфем обавезно и тоа е тоа. Ретко контурирам со бронзер,тоа ако имам екстра време и ако одам некаде после факултет.
Здраво девојки, може малце оф топик ама итно ми е. Дајте ми туторијали или слики за шминка за на училиште онака да не е нешто тешка шминка а сепак да се познава малку дека имам шминка т.е. природно да изгледам. Фала однапред.
Основно и средно воопшто не се шминкав, негде при крај почнав креон и маскара да ставам, имаше едно девојче и не шминкаше сите. А сега за на факс и на работа користам маскара , туш , креон и руменило. Сенки и други додатоци ептен за искачање , инаку што поприродно тоа попривлечно
https://www.youtube.com/watch?v=YScWIPI1cfw http://youtu.be/0z-TtJl-yg4?list=UULFW3EKD2My9swWH4eTLaYw http://youtu.be/U6XQMYF9xIE?list=UULFW3EKD2My9swWH4eTLaYw
Извини, ама кај студираш ти што им смета шминка на професори... шминкањето не е само шминкање, за многу девојки е зголемување на самодовербата и покривање на несовршеностите кои сите ги имаме на лицето ( без разлика дали се мозолчиња, темни кругови, лузни од акни итн.). Многу заостаната работа да не можеш убаво да се чувстуваш на факултет.
Пудра течна малце, многу тенка линија туш неприметна, маскара и руменило. Руменилото го ставам пошто сум анемична и бледо ми е ради тоа лицето и со руенилото малце боичка да добие, посвежо да изгледа
ББ крема, коректор, маскара и руж. Вака сега почнав, оваа година. Мислам дека на училиште треба да се носи пристојна шминка, колку да се поправи лицето, а на да се биде со триста пудри, сенки и тушеви, ко торта во лицето.