1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шминка за очи

Дискусија во 'Лице' започната од Taylor, 22 ноември 2010.

  1. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Здраво
    Нова сум на форумов, ама стварно имам потреба од совет за тоа како треба да се шминкам.. Имам карактеристична форма, која не дозволува секаква шминка... Сум пробала многу начини до сега, но никој нема добар резултат.. Имам сиво - зелени очи, и на прв поглед, формата ми е правилна, ама кога ќе ставам црно моливче од долната страна, се размачкува од трепкањето, и очите ми изгледаат мноогу криви, свртени надолу.
    Може ли некој да ми каже совет за тоа како да се шминкам, и кои бои да ги употребувам.
    Благодарам однапред.. :)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мислам дека на твоите очи одговараат лилави нијанси,розеви нежни,плави нешто така ама може се лажам извини ако е така.
    А За моливчето што се размачкува имаш еден трик кога ке ставиш моливче врз него со стапче за уши јас ставам црна сенка размачкување ни во сон не е возможно.
    Има многу работи на интернет побарај очи како твоите испробај некој вид шминка и ке видиш што ти стои најубаво. :*
     
  3. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Фала Мноогу..
    за последното, баш сега ќе проверам... Tnxxxxx :)
     
  4. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Тејлор како што пиша Теди Беар стави и црна сенка врз моливчето или пред да ставиш моливче, а за сенки зависи и од каква боја на коса имаш и каков тен зошто секоја сенка не одговара на секој тен, а за твоите очи исто така може и некоја нијанска на сино и сиво.
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Jaс би те замолила да најдеш слика од девојка на интернет, која има слична форма и црти на лице како твојата, за да можеме да ти дадеме по прецизен совет.
    Имам колешка со нерамномерна поставеност на очите и со правилна шминка (многу потешка од обичната, бидејки секое око се шминка индивидуално), тоа многу успешно се камуфлира. Сепак и на шминкерките им требаше време да ја научат, и сега ја шминкаат секогаш посебно, бидејќи ним им одзема тродупло повеќе време нејзиното шминкање на очи одколку на останатите.

    Сепак и театарската шминка е многу поинаква од секојдневната, па таа си има и сопствена метода стекнато за секојдневно шминкање

    Пробај купи си бело моливче што пушта многу боја, и нанеси од него на долната линија под окото. Би требало и тоа да помогне.
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Па, еве, да го послушам вашиот совет:

    *пред да се нашминкам, очите ми се секогаш вакви:
    [​IMG]

    *а откако ќе ставам црно моливче (не веднаш, али по 10-15 минути), ми се размачкува слојот на долниод дел на окото, и очите ми излегуваат нешто како:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    и секогаш излегуваат исто (пошо се шминкам исто, ама не е во тоа поентата).. И на интернет стварно нема Tutorial за овој вид на очи :|
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Па добро не ти се дислоцирани очите засебно, ако излегуваат како на сликата, само се закосени навнатре. Јас разбрав дека ти се очите раформирани пример (едното помало од другото, едното око подоле другото погоре и сл)

    Пиши дали ти се случува и тоа, или имаш само проблем со спуштање на надворешните агли од кото, од прилика вака
    [​IMG]

    Морам да напоменам дека и формата на веѓите игра важна улога во оптичката визуелизација на очите.
    Ако го имаш проблемот на спуштени агли, веѓите би требало да ги чупаш вака.

    [​IMG]
    [​IMG]

    И задолжитело исфрли го црното моливче од употреба. На негово место употребувај бело. Црното визуелно ги смалува очите, а покрај тоа и брзо се размачкува.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Црното може да ти користи за повлекување линија на работ од капакот, по линија на трепките, но јас ни за таму не го препорачувам, бидејќи за таа намена тушот за очи е подобар од секој аспект.

    И уште нешто. На внатрешниот агол од очите користи исклучиво бела сенка или моливче. Таму не мораш дури ни да подвлекуваш туш на горниот капак. На надворешниот агол нанеси поинтензивна боја, тушот можеш да почнеш да го нанесуваш од средината на окото, така што линијата ќе води од почетокот тенка накај дебела. (со задолжително продолжување на крајниот агол, со дисктетен лак нагоре, кој ќе се претопи со сенката.
    Oд прилика:

    [​IMG]
    [​IMG]

    Oвде малку си поиграле со завршетокот на аголот, но важно ми е да ти го покажам почетокот, и начинот на градација на сенката.
    [​IMG]

    Значи сенката на надворешните агли, може ја добие онаа вамп (мачка) форма, но на крај измазни со четка за да не останат остри рабови. Завршната линија мора да се прелие со тенот.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Се надевам дека ќе помогнам, и дека правилно те сфатив судејќи по сликите и обликот на очи на Ен. :)
    Сепак ако бил во друго проблемот, слободно корегирај ме, ќе се обидам и за тоа да помогнам..
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И јас да си кажам дека и јас имам слични очи. Значи малку како надоврешниот агол да оди надолу.
    И на мајка ми и се такви, од нејзе сумги наследила- Lucky me! |( А крупни ми се.

    Доста време имав проблем, ама веќе речиси 5 години се шминкам на ист начин со туш(за излегување) или моливче(за преку ден). Го ставам така што почнувам да повлекувам линија од средината на капакот до крајот на окото , со тоа што на крајот формирам како мал шпиц. Би требало сликиве да доловат.
    [​IMG]
    [​IMG]

    За излегување понекогаш и сенка ставам. За ваков тип на очи сенакта треба да биде нанесена вака:
    [​IMG]



    Еве и малку постепено објаснето:
    [​IMG]




    АКо не успеав да ти помогнам можам самод а те советувам да пробуваш цело време различни техники, додека не пронајдеш тоа што е складно со твоето око.
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    За да не се растече црното моливче под околто треба да се користи првин сув молив најдобри се они долготрајинте мислам дека се некаде около 300 ден,и пред тоа на лицето пртежно околу очите да има ставено камена пудра или пудра во прав,нема шанси моливот да се растече.Јас на пример најчесто користам туш бидејки поубаво ми го оцрта окото и поубаво ми изгледа за разлика од моливот.А ти Таулор значи не ти претпорачувам да ставаш црн молив бидејки имаш маслинеста боја на очите како што прочитав најдобро би ти стоела темно зелена сенка или зелено или плаво моливче.ке ти ја отвори бојата на очите и 100%ке изгледаш поубааво бидејки црната боја не ја истакнува бојата кај секого.Еве јас имам зелени очи кога има сонце и кога сум надвор мене очите ми се жолти :D :D :D и секогаш приметувам дека подобро ми стои кога ке ставам маслинеста или зелена а секако и лилаковата.А ја исто така си имав проблем со моите веѓи, не ми растеа како јас што сакав па затоа си го решив проблемот пред 7 год, но тоа не го препоручувам на никого мислам не би мозел секој да го работи тоа.Јас моите веѓи ги исчупав во 6 одд до пола и од тогаш ја си употребувам молив за веѓи.Е сега бојата ја менував доста ми беа црни па потоа малку на кај сиво и сега веќе 3 год ми се темно кафеави.И за среќа многу ретко некој да ме примети дека веѓите ми се цртани.ми треба само 5 секунди за линијата на двете очи :D :D утре ке ги сликам и ке ви пратам слика да видите како изгледаат :D
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Хмм за тоа тешко да верувам дека никој не те приметува, можеби не ти кажува :wasntme:
    Јас имам другарка која цел живот ги црта веѓите, бидејќи и се тенки и плави, а таа се фарба темно кафеава од кога ја знам. На двете веѓи, дали има едвај 10 влакна па кога ќе ги исфарба со фарба бетер е. Така да почна да ги црта уште во основно, се испраксира, но ужасно вештачки делува. Инаку многу убаво девојче. Но што и вреди кога штом ја види некој одма ме прашува -што и е бре со веѓите? :^) Плус и на плажа, базен, сегде со веѓите цртани, а на сонце како под лупа да си, и на сите прво тоа во очи им паѓа. Еден дечко во Охрид дури и и рече:
    Ај те молам стави си ги наочарите за сонце кога разговараме, така си совршена. :$
    Моливче за веѓи врши работа за пополнување на празните места или дупките на веѓите, не за цртање на непостоечки. Можеби подобра солуција ти е да пробаш со примерите за веѓи, тие даваат по природен изглед. Незнам воопшто кај нас дали ги има, јас од Парис земав од Л`ореал и пре-задоволна бев, бидејќи нанесува дискретно, токму онолку што треба и адаптибилна е бојата.
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Eпа фала многу на сите, стварно. Јас сепак ќе пробам да се шминкам според сликите, ама веѓите не ѓи чепкам... Одвај си ја доловив формата, не планирам да ја менувам следните 100 години :rofl: :rofl: ..
    А ако и ова не успее, ќе одам кај некој шминкер, па нека ме научи веќе :lol: .. Да не ви досадувам многу..
    Сепак Благодарам, и за сликите, моите очи се наведнати надолу, ги доловивте на сликите.. и дефинитивно ќе го тргнам црното моливче од несесерот... Пошто не можам многу да експериментирам, не користам ни пудра, ни коректор, само тоа едно моливче, и за изпаѓање црна сенка (да се долови тој рокерски изглед, ситеме знаат како таква ;) )..
    Тенкксссс :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Абе ти можеш да си користиш црно моливче. За горниот капак сепак би ти препорачала туш.
    А за доле, под трепките, најдобро да поминеш тенок слој со црна сенка, или црното моливче но исклучиво суво и водоотпорно за да не ти се размачкува, и никако внатре во линијата во окото, таму помини со бело моливче.
    Инаку можеш да ги направиш црни контурите (ако веќе сакаш рокерски стил), smoky eyes ефектот, затоа најдобро е и да си земеш црно/бела сенка за очи и да ја нанесуваш според гореприложаното.
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Сум го пробала и тоа... smoky eye.. ама исто е.. пак ми се размачкува...
    Мислам, најубаво ќе биде да се шминкам само на горниот капак на окото.. а доле ништо да не чепкам :!:
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Да, ставај само на горниот капак, и горе на крајот малку закосувај ја линијата на нагоре. А доле не ставај ништо.
     
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Абе ти пробај и со бело моливче во внатрешниот долен дел од окото, а под трепките нанеси тенка линија црно моливче ама квалитетно (ако веќе го користиш често, приушти си едно поскапичко =) ) веќе напоменав `суво и водоотпорно`. Не ставај маскара на долните трепки. На крај прсни малку лак за коса врз очите (затворени :) ) за фиксација и готово! Ти гарантирам дека ќе немаш проблем со размачкување ;)
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Да точно не реков дека не ме приметуваат,тоа е мал број на луѓе кои ме приметуваат.прво јас ке кажам дека веѓите ми се цртани па потоа ке ми речат еј па не се приметува.Можеби затоа што јас имам до половина и тоа баш ми се со средна дебелина и ми се густи и потоа само продожам линија.а за бришање се бришат но зависи каков молив ставаш и на какво лице.Но тоа е....мене повеќе ми се допаѓаат така ако е вестачко и ако изгледа нападно јас сакам нападни работи :) е сега здравје натаму планирам да ги тетовирам мислам дека е 50 евра и така нема повеќе да ми ссе бришат.А кај го има тоа што ми го напиша примери за веѓи и колко пари е да пробам и тоа да видам како ке делува?????
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Идеи за шминка

    Јас сакам да прашам како да ги засенчам очите за вечерно излегување да имам појака шминка?smokey eyes :P гледав многу клипови на ју тјуб ама никако не ми успева :(
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    нешто вакво ми се допаѓа :)
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Идеи за шминка

    Дали некој би бил љубезен да ми покаже како да се нашминкам со кафена, кремаста боја?

    *За полуматура е инаку, затоа не сакам ниишто нападно, само малкуцка! :lol:
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    На Rock-a-Fella и Avril.09 им се допаѓа ова.
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Идеи за шминка

    Некоја да ми даде предлог за шминкање со сино-бела сенка,ама не премногу нападно..
     

    Прикачени фајлови: