Идеи за шминка На 14 години нема потреба да се грижиш којзнае колку за шминката, особено на очите. Но кога веќе би ставила, би можела некоја премногу светла сенка за очи, дури и не толку забележлива. Креон само ако имаш крупни очи, но доколку имаш ситни никако. А и одамна не сум видела некоја девојка која става креон (освен ако нема крупни очи, како што напоменав). Маскара, колку да ги истакнеш трепките и тоа е тоа.
Вашата шминка низ слики Би сакала да прашам за совет - Ќе носам темно праска боја фустан за на свадба па прашањето ми е Како да се нашминкам? (во смисла која боја на сенка да нанесам) Благодаран.
Идеи за шминка За матурската ќе се шминкам сама, зашто одлично го правам тоа. Фустанот ми е црвен, штиклите и ташничката црни, а очите ми се сини ( каков опис). Што ми предлагате, каква шминка да ставам? Нејќам да одам по салони да ме шминкат,зашто сите скоро исто ги шминкат.
Идеи за шминка Starbucks, мој совет е да не ги истакнуваш премногу очите со јаки сенки, можеш црвен кармин, а и не мораш. На сликиве скоро сите се исто нашминкани, нежно кафено, крем или бело-сиво на очите, нежно малку руенило и црвен кармин. Спојлер http://www.mrsjennmarie.com/2011/02/red ... ke-up.html
Идеи за шминка Црвен кармин нема теоретски шанси да ставам, заш не ми стое. Сестра ми ми вика да сум ставила некоја јака, нападна шминка, ама нема шанси. Не ми стое. Ќе испадне спој од првата на Џесика Алба и првата во спојлер, некоја неутрална, сивкасто - кремава, светла, зашо ми ги отвара очите. Веројатно некој безбоен сјај ќе ставам, не многу, чисто колку да ми се познава дека имам ставено нешто на устата.
Идеи за шминка Смоуки ајс значи бело, сиво и црно и црвен кармин, најсовршена шминка според мене. Секако и креон или туш
Идеи за шминка Па да би можела да ставам посилен праска-црвен кармин со неутрална сенка да да благодарам
Идеи за шминка Би сакала да ве прашам за совет. на матурската ке носам кремав фустан, каква шминка би ми одговарала? може и слики...