за полуматура не ти треба некоја голема сминка римел мозе малце молифЧе и некој сјај во боја ами ако сакас и само малце тус сепак е само полуматура не би се сминкала како поголема девојка има убави фотограви погледни низ темава...како овие несто
Шминка Како да се нашминкам за полуматура? Има ли некој идеа..??Инаку,фустанот ми е во розева=шеќерна боја.. Фала однапред!!
Јас се шминкам смоуки ајс. Дента ставам нешто понежно, или црн капак или креон со некоја боја сенка... Се чудам зошто овде не дошол овој тренд...
Зелени очи Што мислите која шминка најубаво одговара на зеленo-плавите очи .. давајте слики или пак идеи
Вашата шминка низ слики Не знаев каде да го поставам прашањево,како да се нашминкам...моите очи одат надолу поточно капаците ми одат надолу... Благодатрам позз
Најдобра техника, драматична, јас вака се шминкам откако почнав да се шминкам, а тогаш не знаев smoki eyes едноставно црната сенка, римел и креон, ги обожавам.
Идеи за шминка девојки ми треба помош... за 2 дена сум на свадба и ќе носам шарен фустан (претежно ги има златната,црвенат и црната боја) па ми треба совет каква шминка да ставам....?
Идеи за шминка Јас оваа година сум полуматурантка и сакам да ми дадете предлог за шминка, бидејки не знам како да ме нашминкаат
Идеи за шминка Зависи од бојата на фустанот, тенот, бојата на очита, на косата, ама генерално на сите млади девочиња убаво им стојат некоја подискретна шминка, понежна и поприроден изглед. Ја би ги препорачала розево-бела, праска-бела комбинациите, бело моливче, розево или праска боја карминче или сјајче, избегнувајте eyeliner-и и нападна шминка, како и smokey eyes со темни бои и вештачки трепки, ќе ве направат постари и понеприродни, ќе имате време за нападна шминка во иднина, понежни, посвежи бои и подискретна шминка е секогаш прав погодок. ПС: Може и кремасти, шампањ тонови со светла златеста или кафеава, капучино боја, песокливи пастелни бои, ако фустанот е црвен, жолт, потокалов, кафеав, црн. Може и ментол или светло лилава боја во комбинација со бело и шампањ сенки. Уште еднаш избегнувајте надградба на трепки освен ако не се од ретките(густи никако!). Јас кога бев полуматурантка бев розево-бело шминкана на очите, бело моливче долу на окото, маскара, розево руменило и кармиче и малку течна пудра. Имам светол тен и коса и светли очи оваа шминка убаво ми стоеше, на тие со потемен тен поубаво ќе им стојат праска-бело и праска-шампањ или некоја песоклива боја како трета боја со праска руменило и карминче или сјајче.
Идеи за шминка Со оглед на твојата возраст и пригодата мој совет ти е да изгледаш што поприродно, без нагласена шминка и да користиш некој сјај за усни во замена за кармин. Сепак уште си дете и не треба да наликуваш на теткица со тешка шминка на очите, впечатливи кармини итн. Што помалку шминка, поубава ке бидеш. Не се оптеретувај со шминкиве, непотребно е. И ова идеја е многу за твоја возраст. Сепак ти си знеш најдобро.
Идеи за шминка Не се трескај само многу од земја,кај нас на полуматура лани беа ломови,со бронзер по цело лице,со катастрофален руж..Пробувале да ги контурираат,безуспешно. Каков и да е фустанот,малку месо боја сенка и линија туш,не многу дебела.Можеш и малку креонче под окото ако сакаш.Стави си кармин по желба,нежно розев можеш,можеш кафеав,дури и црвен,ако имаш мерак. Само не претерувај.
И мене ми треба совет. Имам зелено-кафеави очи и облик кој дозволува секаква шминка. И плус имам кафеава коса и кажете ми со кои сенки можам да ги истакнам и очите и косата?
Девојки, ве молам за препорака на крем сенка за очи. Ја купив од maybelline color tattoo и воопшто не ми се погоди. Многу е цврста и тешко се нанесува. Дали имате и вие такво искуство?
Да пробаш да капнеш малку масло за лице па да видиш дали ќе омекне. Или пак да ја ставиш во топла вода се опушти малце ама многу малце да не стане течна ептен. Еднаш пробав вака со туш за очи и ми успеа.