Барав,но ваква тема не најдов.Овде можете да им препорачате шминки на "почетниците" во шминкањето,производи кои не се многу нападни,по нежни за девојчиња
Јас кога бев почетничка најпрво требаше да научам како да ги употребам производите и да не ми се тресат рацете. Прво, да се научи како да се нанесе маскарата! Тоа е најважното мислам, најопасно е да се ракува со маскарата. Да се научи како да се употреби виткачот на трепките. Ако не се природно виткани, прво со редовна употреба да се даде убава форма на трепките, а притоа освен маскарата да се употреби сјај за усни во некоја нежна нијанса, што може без проблем да се отстрани од рабовите на усните ако сте ја промашиле линијата. Откако тие две вештини ќе се научат, на ред е моливчето-ајлајнерот. Јас би препорачала вежбање прво, ако не сте задоволни од резултатот, бришете. Нормално дека ќе сакате тоа да го направите со влажни марамчиња, што значи дека и маскарата ќе се избрише, така да, подобро да се користат чепкалки за уши. Едноставно наводенете ги со течноста од влажните марамчиња (just press the q-tip on the wet whipe) и бриши. Нема нешто поедноставно. Ќе видите дека е многу мачно да се избрише маскарата и дури на некои почнуваат да им паѓаат трепките. Па затоа најдобар бришач на шминка е маслиновото масло. Ако немате маслиново дома а не сакате да купите големи шишиња, едноставно земете си од аптека, и помалку ќе ставате, оти со шише можеби ќе направите беља. О да, вазелинот е добра опција за хидратација на линијата на трепките. Бидејќи цел ден се прелиени со тон маскара, се суши коренот, и паѓаат трепките. Затоа е добро да се користи вазелин. Добар е и како балсам за усните. Откако сето ова ќе се научи, ако сакате да преминете на сенки, препорачувам да се користат нежни, не толку забележливи бои. И да е боја на капакот на окото, сепак го истакнува окото, па и со ајлајнер-перфекција. :up: Сенката ќе се размачка ако не користите база, ја препорачувам таа на Есенс, не е скапа, а и течна е. Тие што се кремасти, по некое време стануваат неупотребливи, се сушат. Друго, за да не се размачка ајлајнерот, би препорачала користење на сенка од истата боја над ајлајнерот. За тоа ќе треба да се користи закосена четка (има на Есенс такво, 100-150 е мислам). Ако имате чисто лице, не препорачувам користење на пудри и такви работи. Се надевам помогнав и со среќа.
Одев по редоследот-прво да се научи маскара, после алјајнер. Затоа така реков. Мај бед. Не знам за другите, но чепкалките за уши ми се спас за секоја грешка.
Доколку ти е мерак да ставаш пудра.. како мене што ми беше иако немав потреба само да се шлакало нешто на лице... би ти препорачала да си земиш некоја полесна .. ете на пр јас почнав со Кетрин Арли ..
Јас не сум да почнеш уште од сега да ставаш пудра уште од сега еве јас имам скоро 17 години и до сега пудра ставам само кога имам црвенило некое или бубуљица. Потоа сенка ти препорачувам да си земеш некои неутрални бои или ако сакаш во боја земи светло виолетова или бледо розева. Молив НИКАКО НЕМОЈ ЦРН многу е драматичен подобро земи сив или темно кафен. Јас искрено сум најголем противник на црн молив, имам кафени очи и мислам дека многу лошо изгледа на нив, но сепак се зависи од личноста. Маскара е тука е правиот проблем. Прво изборот е многу голем исто така и цените зависи каква сакаш. Есенс маскарите ти се добри за почеток а потоа можеш да преминеш на Мејбилајн. Сјај земи исто така некој неутрален , бледо розев или кожа боја нема да згрешиш.
Како бе дечки сенки, креони, кармини и слични тракатанци без пудра? Треба да имаш кристално чисто лице, со порцелански сјај и врамнотежен тен за да нема потреба од пудра. А девојките во пубертетот се подложни на акни и митесери, па според мене и пудрата е битен фактор, без пудра се останато ми изгледа не довршено. Значи доколку имате потреба од пудра, купете некоја наменета за млада кожа, по парфимерииве ќе ви предложат соодветна според типот и захтевите на кожата, повеќе или помалку покривна. Пред пудрата обавезно некакво хидратантно кремче, што лесно се впива, потоа пудра во соодветна нијанса, кој нема да изгледа како лицето да сте го мачкале со паштета. Ставајте во умерени количини, сегде подеднакво да нема воочливи разлики помеѓу вратот, деколтето и лицето. Може да ја нанесувате со прсти, со сунѓерче или четка.
Кога ќе кажам шминка за почетници, си мислам на девојче која што штотуку влегла во своите тинејџерски години(13/14/15). На овие години, според мене, потребно е пудра(камена) или коректор(за акни,доколку девојката ги има) и тоа сосема малце. На второ место ќе го ставам сјајчето за усни како втор најбитен чекор. После тоа, секако маскарата и малце креонче. И како опција може светла сенка со светки да се стави на капакот. Повеќе од ова, почетниците не им треба. Тоа што ќе го стават повеќе од ова, ќе е претеризам.
Да надополнам: и само пудра без шминка не одговара!Задолжително маскара па и останати тракаташки по избор.Бидејки ако се шеташ само со пудра на лице ќе те помислат Каспер Туку јас сум за избегнување на пудра доколку нема потреба од неа.Маскара, креон и сјајче стои и без пудра е сега руж да ставиш а да немаш пудра не изгледа убаво.Зборувам за преку ден а за ноќно излегување по дискотеки ова, она препорачливо е малку пудра за подобар изглед
Аууу шминка без пудра? Па тоа е страшно И нешто најважно за почетниците: Никогаш, ама никогаш не ставајте пудра само на едно мозолче, колку и да ви е остатокот од лицето чисто, СЕ ПОЗНАВА и многу е грдо
Ни мене не ми изгледа убаво било каква шминка без пудра, а има пудри за млада кожа, што можат да ја користат тинејџерките од 13-14 години, ако веќе почнале да се шминкаат. Според мене, на тие години е доволно малку пудра, маскара и сјајче, евентуално малку креон. Се друго ми изгледа пренападно и несооодветно за таа возраст.
Најважно според мене е ако ти е чисто лицето никако пудра да не ставаш . Јас така се зафркнав, имав едно мозолче и ајде одма пудра да се ставело срамота било така да ме гледаат другите и секако се гадно се за*бав.
Црно моливче стои на секаква боја на очи. Сив доага на ред, ама кафеав молив е најголемата глупост измислена. Ги прави очите уморни, безживотни, и изгледа како само што си излегол од некоја тепачка. own: за кафеаво моливче. Инаку за почетници препорачувам само маскара и сјај. Пудра може само за вечерно излегување. Инаку не се согласувам со повекето од вас дека пудрата е штетна, секако може да го уништи лицето ако се работи за тешка пудра или некоја за зрела кожа. А од оние безопасни пудри што дури и не личат на пудри туку се на база на крем како на пример Делајн, ЈангДерм, итн. мислам дека нема никаква опасност од користење. Секако колку што може повеке да се одолжува користењето на пудра е добра работа. Јас на пример почнав пудра да ставам во 2 година гимназија, бидејки до тогаш немав потреба. Но почнаа да ми се прошируваат порите иако немам брунчиња чувствував потреба да ставам пудра. Користев лесна пудра од аптека на база на крем и лицето не ми се уништи. И многу битно е да се чисти лицето секојдневно пред спиење посебно со тоник за да се извади секоја нечистотија.
јас кога имав 13 години првпат ставив пудра.ставав бидејки имав пеги,а барав крема за пеги,но каде и да отидев ми викаа мала си за вакви креми.не се шминкав многу,само малку пудра за да ги покријам пегите и сјај...
Ако мислиш на марка ,јас би ти ги препорачала на есенс.Имаат ниски цени и солиден квалитет.Можеш да почнеш со маскара,коректор (ако има потреба) и карминче (нежни се кога ќе ги ставиш изгледаат како сјајче).За свеж изглед може и малку руменило
Јас шминка ставам само маскара и сјај и за мои години е таман така? Ама сакам да научам како да си ставам сенки некој добри кои на You Tube кои прикажуваат видеа со шминки за почетнички? За да знам барем малце да се нашминкам
Сега ја забележав темава Можеме да ставаме во темава и идеи за шминкање и слики од пудри, маскари и наше мислење за нив Да ни препорачаат тие што веќе поминале низ овие години, искуства од различни производи Јас би сакала да ми препорачате камена пудра ?
Мислам дека маскара и сјајче е бејзик кај секое девојче. Веројатно кај повеќето и пудра, јас тоа не користев на почеток, а ни сега, ептен на мозолче едно ако ми излезе во пмс, тогаш ставам инаку чисто лице имам и немам потреба од пудра, само ми прави полош изглед. После иде карминчиња во светли бои, па може и некој руж, па туш ставање. Јас додека научив туш да ставам што маки истргав. Па сенките би ги додала на крај иако ја сакав да се шлакам, па одеднаш и сенки и туш почнав да користам, сега би идела пополека на пример. Ама добри 2 години за целосно да си најдам што ми одговара ми требаше.
Ако е како мене со hooded eyes, башка и такви месести... долго почетник ќе биде За очи како нашите тешко се наоѓаат туторијали затоа обиди и грешки многу, додека се најде што одговара, без разочарување. Инаку јас се' уште се сметам за почетник со тушот, најчесто ставам ептен црно моливче waterline-от под трепките и го поврзувам со wing. Бидејќи во спротивно џабе цел труд околу сенката