Јас не ни ставам туш, не бива, никако не можам да се погодам да ми се допадне . А многу сакам. Како се испракса? Често гледам туторијали за hooded eyes на јутјуб ама најчесто девојките што покажуваат воопшто немаат спуштени капаци. Уште не сум нашла некоја со очи како моите. Па дури едниот капак ми е поспуштен од другиот. Ај на тој поотворениот ќе се погодам со туш после 1000000 бришења, ама на овој другиот никако и ептен се разочарувам .
@CameliaMiller @Harper и јас имам такви очи, дур научам како туш да ставам цела вечност испадна. Стварно долга почетничка фаза беше тоа.
И јас имам еден поспуштен капак, сосе поспушена веѓа Па се' правам различно. Цела шминка е практично различна на двете очи На тоа помалку спуштеното, се' правам порамно и пониско, на тоа поспуштеното, се повисоко и пооштро, па некако ги подизрамнувам Инаку, на јутјуб ѕирни ја Британи Никол, таа има доста спуштени и puffy капаци. Нема некои вау туторијали што се однесува на шминка на очи, али одлична е барем основни работи да добиеш идеја како https://www.youtube.com/user/bnedens
За спуштени капаци пробајте wing-от да ви е што е можно погоре, слабо а заострено и никако преку цело око него доволно е само до почетокот или средината на зеницата. Не користев ни јас ајлајнер ама се заинаетив и сега ми е must have.
Исто мислам дека и cut crease убаво одговара на таква форма. Моите капаци не се којзнае колку спуштени, но би сакала да имав малку поголеми очи, а и на левото око капакот е сосема малку поспуштен за разлика од десното. Најчесто правам cut crease и супер стои, тушот го правам со една тенка линија за да не ги затвори очите дополнително, а сепак да даде некаква форма. Наместо тоа, можете со црно водоотпорно моливче на внатрешната линија од горниот капак да нанесете, убаво стои и така.
И јас мака мачам со спуштени капаци.Кога бев почетник многу се нервирав за тушот.А и сенките не ми се гледаа.Единствено кога ќе ги затворам очите се гледаа. Па уште и трепките ми беа даска рамни ниту една маскара не ми беше добра.Еве уште водам борба со тоа.