Баш се сложувам со тебе, и јас почнав некаде на 16 да се шмикам.Сакам да се шминкам и без шминка(особено туш) се осеќам празно.Девојки сме и треба да се дотеруваме, убаво се чувствувам кога изгледам добро.Доколку тинејџерки се шминкаат мислам дека тоа треба да биде подисретно, без 5 кила ПАШТЕТА на фаца нека има пудра ама да не биде и претерано, моливче или туш потенка линија и маскара нема потреба од црнила околу очите.
Кај нас во школо иде вака: На 13 пудра,креон,римел На 14,коректор,римел,туш,кармин Што ќе биде на 15,16? Јас имам 12 години и лицето според годините ми е мазно Пудра?Хахах нема шанси Се знае,лабело,понекогаш сјајче и многууу малку римел,ама само некаде на роденден,скоро е неприметлив.А не во школо.Колку е лошо да ставаат коректори,пудри.Па лицето им е мазно им се развива,они стискај,стискај го!
Имам 19, а пудра само ставам петок/сабота. Може и тогаш да не ставам. Па за тоа со сјај сум цело време.
Обожавам шминка и глупаво ми е кога сум без шминка, ама само кога сум излезена.По дома не користам шминка, на школо доколку ми се појави некое мозолче ќе ставам коректор, а за излегување туш, маскара, сјајче а некогаш кармин.Ама тоа многу ретко, досега само 2 пати сигурно, бидејќи ми е срам со кармин, мала сум.
Се шминкам само за некои пригоди како на пример за роденден,свадба или за на вечер кога излегувам.Не ставаммногу шминка само коректор,маскара,некогаш креон и сјај или лабело.
Јас имам 14 години и ретко ставам шминка..Само кога излегувам или су на свдба..тогаш ставам и тоа само маскара и сјај
11-12 години сериозно ??? значи нема потреба никаква за шминкање , некои уште немаат менструација добиено ги гледам носат црн туш јас имам 15 сега и почнав да се шминкам пред скоро 1 година до 13 годнини немав појма за ништо , првпат кладов маскара на 14 и се рашлакав цела сега се навикнав на шминкање . користам ББ крема ( им ја препорачала на сите тинејџери затоа што е полесна и добра за лицето не како течни пудри) пудра и маскара.. обично се шминкам некогаш кога ќе излагам и секој ден за нашколо креон ставам само на кошот на окото некогаш за да изгледа поубаво , ама креон преку цело око никако + јас ко што сум несмасна ќе се напраам ко костур видеа што може да ви се најдат : https://www.youtube.com/watch?v=BMAw9qpRfTc https://www.youtube.com/watch?v=ygYWJ6n5Nsk
Во денешно време девојчиња од 12 години не излегуваат без туш, ример, кармин, пудра(барем така е тука), јас имам 15(скоро 16) и до пред пола година(можда и повеќе) ја неможев ни убаво како шо треба туш да си ставам, ми требаше пола саат само за туш, а сега кога ги гледам вака.....стварно незнам што да кажам, освен тоа не се препорачува толкаво количество на шминка на тие години ке им се расипе лицето
Еве јас имам таква школска, вчера ја сретнав на улица беше со пудра, римел и кармин, а во тренерки облечена. Ја прашав каде ќе оди и ми вели „Во теретана“, неможев да и се изначудам. Не е доволно што на 12 години става пудра, римел и кармин па и во теретана ќе оди така. За прошетка не сакам ни да ви кажувам каква се прави со тушот и се оправдува дека тоа и било минимална шминка, сигурно под нормална шминка им се подразбираат 5 лопати пудра. Еве и јас сум 12 па не се трупам со пудри, јас само за свадби ставам сјај. Пудра и такви работи како туш, креон, римел, кармин незнам како изгледат, а не пак да ставам на лицето.
По смелите тинејџерки нека експериментираат со тушевите и сенките во флуросцентни бои. Интересно би изгледало, секако за излегувања не за во школо! Имате на Есенс во жолта, зелена и дреч розева боја, мислам дека беа по 140 денари.
Ама зошто? Воопшто не ја сфаќам поентата да ставаат слоеви и слоеви пудра. Што покриваат на тоа 12 годишно лице? Јас имам 14, па сега за полуматура првпат се нашминкав, и тоа имав минимална шминка. Туш првпат во живот користев, па едно сто пати се бришев и ставав додека не ставам тенка линија. Туку генерацииве што се толку затупени. Имаат многу погрешни приоритети. Не им е најбитно да бидат одлични во школо, туку да бидат на секоја журка во Миднајт и што знам кој други дискотеки. Не оди на кеј за да се рекреира/спортува,за она што служи кејот, туку да се стегне во хеланки со пудрата,тушот и сјајот и да се прчи. Најсериозно ми се има случено. Се договоривме да трчаме неколку другарки и едната доаѓа со братучетка и, година помала од нас, била кај нејзе на гости, па ја донела со нас. Леле кога ја видов човече, викам девојкава втора средно минимум. Зема да трча,на секои два метра застануваше да си го поправи репчето (фејспалм). Ужасно е колку е забегана генерацијава.
Значи вака да се разбереме тинејџери се од 13 до 19 години, ај бидејќи е поменстена границата да речеме до 18, а помалите се деца така да не се сметаат во оваа категорија и не би требало да користат никаква шминка. Жалосно е да користат шминка 10,11 годишни деца. Еве братучедка ми има 10 и си става од маскарата на мајка и, на се личи само на девојче не личи!
За преку ден користам само лабело-сјајче,а за излегување само малку маскара,понекогаш креон и сјајче-лабело само.Лицето ми е чисто(само пред да ми дојди ми излегуваат неколку мозолчиња)па немам потреба од пудри и коректори
Ставам креон на врвовите, римел сјај и од пред 1 недела малку туш, пудра ставам само на вечерни излегувања
не се шминкам многу , се шминкам само за некои значајни пригоди како пр. родендени, свадби и некои др. свечености ...ако се нашминкам ставам само пудра,сјај и римел толку
Јас имам 13 години и не користам баш шминка..Само за свадби..Користам само сјајче,пудра не затоа што ми е чисто лицето,сенки,тушови мислам дека нема потреба да ставам па само 13 години имам...
Имам 16 години и почнав да се шминкам кога тргнав во средно и тоа само римел и онаа пудрана на young derm. Еве баш денес прв пат си купив каминче од алверде што стварно многу малце се приметува. За искачање ставам секогаш пудра и римел, а за на училиште многу ретко кога ставам и римел. Значи неможам да ги гледам оние од клас со 500 кила пудра. Ко Паштети се. Значи стануваат во 5ипол за да ја испеглаат косата ии да се нашлакаат со пудра. НЕ ГИ РАЗБИРАМ
Не оправдувам шминкање со маскара,креон,туш и пудра за девојчиња од 12-14 години. Мислам не излгеда убаво,знам јас дека светов оди ептен напред ама нивната кожа сеуште не е спремна за пудри,не па од тие како што земаат девојчињава Импала или некоја од Макс Фактор. Некаде на 15 години оправдуам шминкање со минимална пудра,маскара,креон и туш.Но само за вечерно излегување,а не за во школо ептен излгеда не убаво. Ако имаш некое бубљиче можеш со кореткор да си го скриеш а не да го мачкаш цело лице со пудри. За таа возраст ја препорачувам пудрата Тајм Плус на Севнтин Јас од неа сум презадоволна ја користам подолго време,пред тоа имам користено Мајбелајн\Mајбелин како и да е и Римел Ластинг Финиш. Секогаш гледам да одберам некоја полесна пудра а и немам некои недостатоци. А за 12 години за до школо само лабелце доволно ви е.Јас на ваши години лабела користев од потреба бидејќи устата ми пукаше,а вие сега од мода корисите лабела во боја.