лелее стварно фиторее најдобри се, се немам шминкано таму, ама сликите ги имам гледано и имам слушнато дека се стварно добри, баш денеска гледав слики и немам збор, како барбики ги прават, топ! ама затоа пак се баѓи соленки изгледа, еднаш прашав за невеста шмиинка и фризура 150 евра, сега незнам колку. уште е толку?
може некој да ми ја објасни разликата помеѓу невестинска и обична шминка? зошто ја не гледам ама баш никаква разлика, освен разликата во цена
лелее и јас за ова се нервирам, бог да чува како се научиле ако си невеста поскапо е, а да не кажеш дека си невеста ќе те нашминка пак исто ќе те нашминка а помала цена.
Јас сум од Тетово и бидејќи свадбата ми е за 4 месеци си закажав за фризура и шминка од сега. Се мислев многу, се предомислував 100 пати, но на крај си реков еднаш сум невеста и сакам да изгледам перкрасно тој ден. Поради тоа си закажав во студио Chanel во Тетово и пакетот ќе ме чини 150 евра. Барем во Тетово мислам дека се едни од најдобрите, се надевам нема да зажалам...Има ли некој искуство да сподели?
Јас пак, никогаш не би сфатила како комплимент ако некој ми рече дека како барбика ме направиле на денот на мојата свадба, или пак дека не личам на себе. Не викам не, свадбата е посебен ден, ама тоа не значи дека тогаш не треба да сме свои и да не личиме на себе, затоа што е свадба, сопствена. И што ако фрлам 150 евренца за некој да ме направи непрепознатлива? На крајот на денот пак ја миете шминката, пак ја растурате фризурата. Што знам, јас знам дека ќе си одам кај фризерката што ме средува цел живот, и за шишање, и за фризури, и знам дека така сто пати подобро ќе изгледам од Фиторе и слични глупости. А муабетот еднаш сум невеста, ми доаѓа како „што ми е гајле, еднаш се живее“ пред свесното правење глупости.
9 000 денари за лак за коса, три шноли, слој пудра, два маскара, сенки и линија туш?! Абре луѓенца, нормални сте? На која планета живеам штом првпат слушам/читам за сумиве?
@Hipica Welcome to Brides World ! Инаку и јас потполно се согласувам со тебе, и ја не би дала толку пари! А сакав да прашам дали знае некој колку е шминка и фризура за невеста кај арменд - арт фешн? Гледав слики стварно се добро направени невестите па ме интересира
исклучиво Fitore живеам многу блиску до нив ,секојдневно ги гледам невестите,како кукли! да скапи се но тоа е најбитниот ден за една жена.. кога ќе дојдам јас на ред само таму
Nasle ovci pa ke strizat.....150 e za frizura I sminka e absurdno. Nekoi luge ziveat so tie pari cel mesec. Nikako ne mozam da go sfatam toj nasiot mentalitet, kolku pomalku imam, poveke trosam.
Една свежа информација за Фиторе што ја дознав денес од сигурни извори...Не закажувале по телефон, прво ти викале лично да се појавиш таму. Буквално пребирале кој може да биде нашминкан од нив, значи ако им се свиѓаш, имаш убава фаца, ќе те шминкаат. Епа поздрав! Арменд исто 150евра наплаќа.
Јас да си го кажам моето искуство со студиото на Дадар... Закажано 3 месеци пред свадба. Ми се јавуваат 2 ДЕНА пред свадбата- Дадар замина на летен одмор, има замена за него една девојка, дали ке остане истот термин? Јас се запрепастив, толку се радував што имав закажано кај него и ништо. Бидејки беше многу касно за да закажам на друго место сепак отидов таму. Девојката убаво си шминкаше, ама тој однос на Дадар кон една невеста која се надева да биде најубава за свадбата стварно е ..
Знае ли некој да препорача некој шминкер што асалано шминка, ама цената да не му е астрономска? Не ми одговори никој колку зимаат Даниел Николовски и Зоран Шурбевски за шминка? Ако е некоја до плафон, одма да ги шкртнам од листа
Арменд за шминка и фризура зема 200 евра ама нема баш никаква конкуренција човекот е врв ,а инаку за Арт Студио Естетика убвво шминкаат и фризурите ги прават перфектно на изглед ама од мое искуство фризурите не им се толку издржливи.. јас се шминкав и правев фризура за свадба(не за моја) и кога се вратив дома од фризер предниот дел од фризурата ми падна,а на сестра ми цела пунџаза нивниот однос не знам што да кажам никаква комуникација,никакава љубезност. За Фиторе немам лично искуство но имам другарка за свадба ја шминкаа и беше перфектна.
Уште како девојче знаев дека еден ден кога ќе права свадба кој би сакала да ме шминка, а тоа е Дадар. Ете ми предложија на неколку места но јас сум малку тврдоглава по карактер и не сакам да слушнам за некој друг. Си закажав уште пред месец и пол, и баш се јавив вчера за да потврдам. За денот на свадбата не сакам да бидам премногу јако нашминкана, но не сакам ни да не ми се познава, некоја златна средина. За фризура закажав во фризерски салон КА-ЕЛ, се наоѓа во Кисела Вода, имам веќе идеја што сакам, и ја покажав сликата на фризерката и ми кажа дека е изводлива и ќе ми одговара на венчаницата. Не сум од тој тип на невести кој одат на пробна шминка и фризура, многу лесно сум одлучна и си стојам до крајот на моите одлуки. Тоа ми е супер особина, но ако во случај за нешто не сум сигурна што сакам е тогаш е проблемот кај мене.
Идни невести јас би ви го препорачал Зоран Шурбевски многу пати се имам шминкано кај него и секогаш е перфектон и за невеста се шминкав кај него многу сум задоволна.Сликата е последната шминка што ми ја правеше за на една свадба,знај да го истакни најдоброто од тебе ....Бар јас така мислам