iskreno neznam posto prijateli sme bliski I nikogas ne mi kazva fiks cena ...ama mislam deka sminka +trepki e 1500
Да, убаво шминкаат многу, за мој вкус , меѓутоа и доста неодговорни каснеа саат ипол,и немаше ни извини после тоа, ист случај се како студио арт естетика.Ако планираш да одиш закажи си доста порано и понеси си шноли со тебе ако правиш фризура!
Иако сум од Охрид, за свадбата, шминката и фризурата ми ги средуваа во Струга. Одличен 5 и за типката која ме шминкаше и за фризерката. Ликот ми го смена сосема ама се беше изведено толку професионално што не се познаваше дека имам шминка на мене. Платив 1700 за шминкањето што мислам дека е одлична цена. Фризурата ја препуштив на не толку позната фризерка ама испадна феноменално. До душа не беше нешто комплицирано, врзана беше настрана со што ми паѓаше напред, ама испадна баш како на сликата. За косата платив 600 денари. Не би дала 100е во никој случај. Има одлични професионалци кои не се истакнуваат а работата си ја работаат одлично, за многу помалку пари. Мислам дека кај некои се наплаќа само името
Прашањево не ми е за тука. Дали некој се има шминкано кај Даниел или Дарко Николовски ( не ми текнува името )? И колку зима, дали стои шминката цел ден? Не прашувам за невестинска шминка.
Јас се шминкав и правев фризура кај Даниел, презадоволна сум, побарај го на ФБ има и страна, мислам дека нема подобар избор од него во моменотов, 90% од естрадата иде кај него на шминка и фризура, така да квалитетот ти е загарантиран
Бидејќи никогаш не сум се шминкала кај професионален шминкер, ме интересира некоја феминка да ми објасни што се' се нанесува како подлога за да трае шминката?
Feminki ke Ve zamolam ako moze nekoj da mi prenese iskustvo so Zoki dior vo Stip, se mislam za frizura kaj nego da zakazam, a za sminka sum resena veke kaj Aleksandra stilisimo Vi blagodaram
Кај Даниел пробната не ми ја наплати, уствари не ни правевме, само се договоривме, ме виде, ми ја виде косата за да се договориме што да правам односно не правам со косата и толку. Е сега која од вас и да се мисли за шминка и фризура во Струмица ви ја препорачувам Студио С за фризура и Студио Звезда за шминка, лудило се жените, прекрасно работи прават со своите раце, прави уметници
жени јас закажав шминка и фризура кај даниел само затоа што читав само пофални зборови за него, ако ме утне тешко вас Ме викна неколку дена пред свадба на пробна консултација. Е сега јас зошто немам идеја како сакам да изгледам ни во врска со шминка ни во врдка со фризура, дали он ќе ми даде идеи што најдобро би ми стоело :/
Во однос на фризура, прогуглај и види што ти се допаѓа, за потоа да го прашаш дали таа фризира би била изводлива за типот на коса што го имаш. За шминката, оди на нешто нежно, природно, да ти се истакнат убавите црти на лицето.