Значи стварно незнам кај да се шминкам за свадба. Шурбевски слушам на сите им викал дека не е слободен во бараниот термин, а тој ми беше посакуван. Се мислам за Даниел Николовски, ве молам тие што биле кај него дали знаете што шминки користи? Во Фран бев, ич не сум задоволна.. користи ефтини шминки, а и самата шминка не беше добра, очите различни, пудрата неразмачкана на брадата ..
https://m.facebook.com/profile.php?id=356022067919026&tsid=0.8581609749235213&source=typeahead Искрена препорака, нема да зажалиш. Доаѓа дома девојката.
Даниел Николовски беше задолжен за мојата шминка и фризура за свадба и сум пре пре задоволна. Човекот е чудо. За саатипол бев комплет готова, кога се видов во огледало останав На сите ви го препорачувам.
Искрено ни не погледнав, не ме интересираше, ми беше битно да ми трае, и со оглед дека беше топло, добро ми издржа до крај.
Луѓе се што работи даниел ми се свиѓало, еве и тука читам најдобри кометари абе МЕНЕ МЕ УПРОПАСТИ ЗА МОЈАТА СВАДБА. не можам да се гледам на сликите. а фин се, немам збор, чист, бев и на пробна, тогаш се беше ок, дента друга фризури друга шминка. Ми се смени ликот на многу полошо. Сплескана коса со локни, туш дебел на очи. Ко завршивме ме прача ок ли си, викам не, и ме убедуваше дека не сум навикната де се гледам, знали ко акреп бев
Мене пробна не ми ни напраи, се видовме, ме виде што сакам, го прашав за косата дали да ја мијам претходно или сабајлето, проба со пеглата две локни да види дали ми стои косата и толку. Презадоволна. Неодлучна, не требало да стануваш ако не си се свиѓаш, немало да ти прави проблем сигурна сум. Мада имам роднина една која ја пратив кај него и мислам дека ме колнеше, го умрела, два пати косата и ја преправал, прво виткана пуштена, после сакала собрана, па шминката го малтретирала еден саат секоја линија да ја преправа...
Јас се шминкав за мојата свадба кај Даниел Николовски. Задоволна сум ептен, шминката беше природна, дискретна бидејќи јас така му кажав на консултацијата. Ми издржа супер цел ден и вечерта.
да, пак ке речам изгледа беше до мене, сите го фалат, не требаше да станувам, требаше да барам да ме препарави, фин е цовекот нхе викам не. нека не те предомислувам јас, еве имаш мнг повеќе позитивни кометари, битно е да си се свигаш на крај, Учи од мојата грешка.
Девојки едно ќе ви кажам знам дека ви е битно шминката да ви трае и секако убаво да изгледате. Но, она што е најбитно од се' е како вие ќе се чувствувате на свадбата. Бидете весели, среќни, направете си го ќеифот и уживајте со вашето момче целиот тој ден. Фустанот, шминката, фризурата, сето тоа се заборава, шминката ќе се избрише, косата ќе се растури. Она што останува е како вие сте си поминале тоа се прераскажува.
Абе така е, ама за да се чуствуваш убаво, мора и да си се сфиѓаш кога ќе се видиш во огледало Инаку во старт си осуден на пропаст хахах btw закажав кај Даниел )
За да уживам во свадбата треба се да е погодено: шминка,фризура,фустан,временска прогноза,музика, расположение на гости. Јас секако ќе сум сум весела и среќна
Абе ние жените сме интересни суштества навистина. Зар и нешто ако не се погоди, не треба да се ужива во свадбата? Ама ајде да не идеме офф топик.
Дали знаетр негде во околината на маџари ченто хиподром автокоманда поточно гази баба да шминка некој убаво или некое студио ми се брза а немам уште нигде закажно а за на свадба ми е важно ми е да праи и фризура и шминка комплет и да не е висока цената
Далеку сум од свадба правење ама еве денес слушнав нешто и останав зачудена...или во друг свет живеам или не знам што е работава ама еве и вас да ве прашам би дале ли 200 евра скоро за шминка и фризура за свадба заедно??? Нормални ли се или јас не сум нормална? Искрено јас не би... За 200 евра некои венчаница шијат, а не шминка и фризура..Страшно.