Има некои и за присуство на свадба каде што се обични гости даваат и по 50 евра за шминка, така да ништо да не те чуди. Јас не би. Сама ќе си се нашминкам
Ние со мм ќе се регистрираме во матично идната недела, се прашувам што да носам, а за шминка и фризура ќе и се препуштам на другарка ми ме шминкала и порано и задоволна сум, Си купив сукња широка и долга до колена е сега за горе е проблемот. Предлози од некој ќе ве молам. Поздрав
Ми треба шминка и фризура за свадба ама несакам да бидам како со малтер по лицето. Значи од шминки не користам ништо освен лабело во боја . За некои посвечени пригоди само пудра, маскара и карминче и тоа позајмувам од мајка ми . Затоа ми треба некој што ќе користи квалитетна шминка а не многу шминка, за да личам на себе. Ако знаете некој во Скопје што може тоа да го среди и притоа да не биде 350 евра кажете.
Јас бев во Фран и се разочарав кога видов дека употребува Импала од 100 денари.За шминка со трепки и фризура платив 2 500 денари,девојката се гледа дека има талент знае да шминка ама ако веќе земаш толку пари барем по квалитетна козметика.Кажав да ми ги истакне очите и така и беше (не видов какви сенки употребува),маскарата беше Мејбилајн лаш сензејшн,трепките не се познаваа воопшто дека се вештачки,ама вечерта во ресторан ми се направија како брчки на челото и под очите од пудрата.
Штом ти се насобрала пудрата, девојката дефинитивно не знае да шминка. Тој што знае да шминка знае и да одбере добра козметика, без разлика дали пудрата коштала 100 или 1000 денари.
Не знам Китен до што ќе да е ама веќе таму никако.Пудриве јас што си ги употребувам за секој ден ми стојат на лице и по 12 часа па никогаш не ми направиле такви "брчки",ќе заборавев да кажам после тоа едвај го средив лицево од гнојанчиња.
И јас се шминкав за мојата свадба во ФРАН па бев задоволна како сето тоа издржа цел ден на температура од 40 степени. Тоа беше летово, месец јули, а свадбата на другарка ми беше во мај. Тогаш се шминкав сама со тестер од Есте Лаудер и од тогаш па навака не можам да си го средам челото. Заклучок: воопшто не е битна цената на козметиката туку имаш производ што ти годи и обратно. Брчките ти биле од камената пудра која ти ја ставила за да те фиксира и е подобро отколку да светиш на слики верувај.
Според мене,ќе се измамиш лошо кај нив.Само погледни ги тие двете сестри,како транвестити изгледаат и таква ќе те направат.Грозни се и двете
Фран според мене е катастрофа.. Еднаш бев и ич не бев задоволна. Дома морав да се преправам..А ми рече дека Импалата била една од најдобрите пудри Ај важи.. Инаку за мојата свадба се шминкав кај Шурбевски и немам коментар, само него и Арменд ги признавам кај нас за шминкери, се друго нема врска. Шминката чинеше 3000 денари и мислам дека од цела свадба за тоа ми беше најмерак.
Незз само од каде муабетите на форумов дека Импалата била лоша пудраЗа тие пари треба да работи со по квалитетна козметика,ама ај памет за следниот пат.Колку е обична шминка кај Шурбевски (не невестинска)?
Јас во Фиторе си закажав и тоа едвај ми закажаа..Секој детал посебно ми е смислен, па никако не би сакала шминката и фризурата да ја утнам.
Дефинитивно и јас Фиторе би го одбрала, за таков ден, не 50, 500 би платила, само да биде како треба...
Феминки после подолго време разгледување на студија за шминка и фризура за мојата свадба уште повеќе сум збунета. Ќе ми кажат за некои дека се добри а после некој близок што отишол се разочарал и ми вика се најлошо за истите. Вистина е дека се работи за вкусови ама навистина сега незнам за кој да се одлучам. Ако имате некој предлог ама навистина некој добар што може да ме среди за свадба кажете. Искрено се надевам дека ќе ми помогнете зошто не барам нешто специјално само некоја нежна шминка и едноставно собрана коса, тоа е се.
Дaли имaте искуствo сo студиo гaгa oд сaрaј, невестински пaкет зa кoсa и шминкa чини 6000,00. Кaкo инфo дoкoлку требa нa некoј