Дали може да ми го пратиш ценовникот во порака? И мене ме интересира... Или ти кажа цена само за овој пакет? Што значи консултација, пробна шминка и фризура?
Не можам да ти пратам ЛП. Поим неам што е консултација. Пиши ми порака ти, па да ти вратам. Ова за невеста е? Сигурно?
За шминката ке се погрижи Ксенија Вангелова цената е 1500 ден а за фризурата Кики Серафимовска цената е 2000 денари. Незнаев за кој да се одлучам па на крај направив едно истражување на фб каде најчето одат невестите за фризури и шминка и одговорот беше во двете претходно споменати стилистки. Поздрав
Според мене Шурбевски е најдобар за шминка. Врвен професионалец е, максимално посветен, работи со квалитетна козметика. Однос со клиент - перфектен, опуштен, пријателски. Се имам шминкано неколку пати и сум презадоволна. Знае да го истакне она најубавото од лицето, така убаво го контурира лицето, да јас без јаболчници останав ваква кога се погледнав . Шминката е трајна, без проблем имам издржувано целодневни свадби во сред лето. Последните два пати ми правеше и фризура и од тоа сум презадоволна, едноставно човекот е мултиталент, си ја знае работата и има вкус за убаво. Првиот пат за свадба каде што бев старосватица, ме шминкаше и ми ја навитка косата со преса па фатена на едната страна, ми зема 4000 денари. Вториот пат за кај сестра ми за свадба, не шминкаше и ни правеше фризури и на двете, плативме 200 евра за двете. Сега јас имам закажано свадба за во мај и пак закажав кај него. Кој е заинтересиран нека му звони уште сега, зошто за мај термините се веќе се закажуваат.
Кики Серафимова само се фали со флизурите, кои се распаѓаат за еден час. Мој совет е да одиш кај Ајтен Алиеска да видеш што е правење на коса. Ќе ти стои цел ден. И да не веруваш во се што ќе слушнеш.
Женски, помагајте Се двоумам за шминка и фризура (невестинска) кај кого да правам. Дали кај: - Сејменовски - Шубревски - Hairdo
Девојки,за Даниел сте дискутирале.Цената за пакет невестински(шминка,фризура и ако треба надграба прамени) е 6000, а за не невеста е 5000.Одделно варираат цените на фризерски услуги и само шминка,но пакет цените се тие.Инаку топло препорачувам
Искуства со Дарко Мишовски или Бобан Тодоровски за шминка и Hairdo за фризура? На толку желба кај Шурбевски, фул е за мојов ден.
Кога е твојот ден? чисто да имам ориентација кога да закажам, јас сум крајот на август, ваљда рано е....
Јас закажав кај Арменд.Мислам дека е најдобар во нашиот регион, а и кого и да прашав меѓу Фиторе и него , ми го посочија Арменд.Многу бил педантен не те правел ради реда само,а и користи висококвалитетна шминка што ми е многу битно за тој ден. Се надевам нема да згрешам со изборов.
Не си згрешила воопшто. Самиот третман кој ќе го добиеш и професионалниот однос не може да се спореди со Фиторе. За квалитетот на шминката и фризурата, па да не зборуваме. Имам супер искуство со Арменд и за сопствена свадба би го одбрала само него.