@Firework Од Шурбевски сум презадоволна. Секогаш ми е избор број 1. Не ми се верува дека извисил некого и тоа баш на ден на свадба. Повеќе пати и за различни пригоди се имам шминкано кај него и секогаш е коректен. И сум каснела по 15-20 ми, ме чекал, ниту еднаш не направил проблем. Сега последно за свадба се јавив да закажам за сестра ми, кума беше, и се јавив месец ипол унапред. Се договоривме, ама после неколку часа ми се јави да ми каже дека баш тој викенд ќе биде во Приштина, кога да ја запише видел, и одма се јави, што е многу коректно. И закажа сестра ми кај Васе Доковски. Исто убаво ја нашминка и траеше шминката. Кај Арменд не сум се шминкала, од она што гледам на нет ми се свиѓа. Така да кого и да одбереш нема да погрешиш. Ја кога би бирала, Шурбе би го избрала.
Штипјанки и Кумановки Ве молам предложете ми некој што шминка и прави невестински фризури, за во Март ми треба.
Девјки свадбата ми е во мај, колку време треба да се закаже порано за шминка, и дали има предлог некој што доаѓа дома за шминка само?
Шурбевски 150 евра (ако не поскапел во меѓувреме) а Арменд 200, а може и повеќе Кај Арменд беше една пријателка со природни црти на лице убави,искрено и ги покрил со шминката,на други свадби била поубава. А и фризурата и беше малце како на нусе
Јас правев свадба во мај 2016 и бев во Диор Штип, тогаш пакетот за невеста беше 3000 ден (шминка со трепки и фриз). Ме шминкаше Зоки. Пред да почне ме праша дали сакам поприродна или понагласена (да не речам нападна) шминка, избрав поприродна и супер ме нашминка. Фризот беше друга прича, без разлика што кажав без тапирање и неколку пати ја предупредив типката дека не сакам толку поткревање од корен (ја носев косата пуштена со лабави локни), пак ме изнатапираа како тетка некоја
Женски подолго време се распрашувам меѓутоа не добив конкретен одговор. Што мислите за невестинска шминка кај dl.art ?
За невестинска таму не би ти препорачала, оди кај некои проверено, сепак се работи за шминка што треба да трае цел ден.