Фала ти многу . А каква козметика користат знаеш? Не ми одговара manhattan пудра воопшто, а се имам шминкано кај Мина од чаир и ми шлапна 100 кг , па светев ко лампион во лицето. Ако ти текнува со каква пудра те шминкаа кај Вале, многу ќе ми помогнеш за конечно да се одлучам.
Да ми препорачате шминкер што нема да ја качи цената 500% кога ќе му кажам дека сум невеста? Крајно сум изреволтирана од вакви примери, од 1500 денари шминка, кажуваш дека си невеста, оп 5500?! Фала однапред
Јас ке се шминкам кај Хиба cut&cut studio.Јас се знам и приватно со неа, но нема тоа врска. Таму обична шминка е 1500 ден, за невеста 2000 ден што сметам дека е доста коректно. Девојката преубаво шминка
Такви им се тарифите, не е дека намерно ја дига кога ќе чуе дека си невеста. Ти ако сакаш не кажувај дека си невеста.
Јас никаде во мојот град не можев да најдам некој ефтино што шминка , па и за фризура Од 100е па нагоре. И така закажав кај една. Не сакав да кажам дека сум невеста ама пошто ќе ставам венче , ќе требаше таа таму според фризурата да ми го намести. Кажав дека сум невеста и оп цената е 120еу. Шминка и фризура. Ги закажувам и мајка ми и сестра ми таму, исто шминка и фризура, а за нив 1500ден е цена.
Женски невеста ќе сум во мај, не сум од Скопје ама сакам таму да се шминкам. Ги читам само Даниел, Небојша, Арменд, Шубревски и уште 100 други, ама неможам да се одлучам. Според вас кој прави најубаво во пакет шминка и фризура? Исто ми е да не испадне само кај нив да закажам, а да ме прави некој си трет вработен. Колку порано треба да имам закажано? Сакам за мене, сестра ми и кумата (и уште некој друг ако не ми се наметне до тогаш )
Јас бев за невеста кај Даниел,имам само пофални зборови. Се препотив дента,шминката не ми мрдна, на очи минимално ми стави сенка, изгледав нежно а сепак нашминкана. Косата исто не ми мрдна. Ми наплати 6000ден. Локните ми ги правеше една од вработените,он ми ја направи фризурата. Подлога на лице ми стави една од девојките потоа презема он. Задоволна бев во секој поглед. Закажав 3-4 месеци однапред.
Здраво на сите,ме интересираат мислења и искуства одстудио ГАГА-Сарај , особено невестинска шминка и фризура
Јас би ве советувала за невеста да си одете кај фризерката што вие цел живот пошто таа едвај чека да ви прави невестинска фризура и ви ја знае и косата каква ви е,многу невести имаат погрешено во изборот ќе одиш кај некој прв пат само за невеста може и да не ти ја погоди посакуваната фризура.Јас не ни размислував за друго местоо кај што одам секогаш на фризер и шминка и таму бев за невеста.Презадоволна сум од нив двете
Здраво женски, што мислите кој е подобар за невестинска шминка и фризура, DL Art или Oktay во комбинација до Simsaltirova?
Бидена сум кај Даниел - катастрофа !! И јас и невестата, мене за 5 минути ме нашминка па дома сама се преправав, а невестата шминка немаше до ресторан све и се разлеа. Јас невеста се правев кај Арменд, шминката на толку играње, потење не мрдна, не спиевме вечерта дома па заборавив се за вадење шминка и легнав така, верви станав истата ама за фризура немам никаде добро искуство. Имам долга,густа, тешка коса и кога бев кај Арменд на консултации одма ми кажа дека што и да направи ќе се одпушти, не ме послуша да ја оставиме пуштена заради фустанот што беше одпозади преубав па ајде му попуштив, изгледаше феноменално додека попот круната не ми ја сплеска на глава.. да беше пуштева каква таква барем подобра ќе беше.
Nie ke pravime skromna veselba mala registracija April ili Maj mesec, pa ako imate nekoja idea za frizura