Споредба направив и мислам дека за шминка Владо Георгиев е мајстор,за тен боја очи се само за да изгледаш совршено јас правам свадба во октомври и сега засега тој е изборот.
Кога ке дојде тој ден кој што е еден и едениствен во животот би сакала да изгледам прекрасно така да си мислам да идам кај дадар човекот со златни раце
женски сакам да ми кажете добар шминкер и фризер го фалат владо георгиев,исто и перлеи козметички салон ми го фалеа дека добро работат и некоја лидија и зорица ајде ве молам совет кај когo и нормално да е со нормални цени,кај дадар не сакам зошто моја другарка ја утна тотално за невеста како ќе му се погоди денот на него поздрав и фала ви однапред и ако имате од некој бројче давајте со време да се распрашам убавоо
Јас повторно би ја препорачала Цаци Паковска,најпрво ми се свиѓа нејзиниот стил и достапна цена,единствена од шминкерите по Скопје што нема цена поскапа за свадба. Исто би сакала да и одговорам на iva.89 (Iva неожам да ти одговорам немаш лични пораки активирано),но еве тука ќе пишам стилот на шминкање дефинитивно и е по нежен,што мене лично многу ми допаѓа,сепак сакам да си личам на себе,без нападни и темни шминки,туш,но сепак си е личен избор ако некој сака не верувам дека нема да го нашминка.Кај нејзе сепак е запазена индивидуалност кај секоја личност,а не по шаблон нашминкани сите.И уште нешто доста важно квалитетни шминки и се вракаш дома не мрднато ништо...
Јас планирам да закажам кај Лидија Перчинкова за шминка за мојата свадба. До сега неколку пати за свадби сум се шминкала кај неа, прекрасно работи и шминката до крајот на денот ми остануваше иста како во моментот кога излегов од кај неа од салон. Инаку, по препорака на пријателка лани за една свадба се шминкав кај ученичка на Владо Георгиев, заборавив како и беше името. Шминката беше далеку од лоша, ама сепак не се споредуваше со работата на Лидија - ниту во квалитет, ниту во трајност, ниту во постигнат резултат на фотографиите од настаните. Значи најтопло ви ја препорачувам Лидија на сите За фризура уште не сум смислила ништо, а немам веќе премногу време...
Што мислите за девојкава , има ли некој искуство со неа? Гледам фино шминка, ја прашав за цена и прилично е ефтина а и доаѓа дома да нашминка невеста што мене лично баш ми одговара http://www.facebook.com/pages/Izabela-m ... 69?fref=ts
Ај препорачајте ми некој добар фризерски , или уште подобро комплет и шминка ......имам некои на ум алаи во недоумица сум .
Имаат страница? На фб не можам да им ги најдам цените И јас пак да прашам, искуство некое со http://www.facebook.com/pages/Izabela-m ... ts&fref=ts
https://www.facebook.com/pages/Frizersk ... 1753417516 Јас цени не видов на фб странава ама во Теа Модерна знам дека редовно се рекламираат јас таму им ги видов пакетите ама не запаметив цени.
Ми кажаа прашав 3500 денари ( шминка, фризура и нокти) е сега прашав дали и пробната шминка и фризура спаѓа во тоа ама не ми вратија сеуште
Јас кога бев невеста бидејќи немав во коса никакви украси воопшто не им споменав дека е моја свадбата и си искористив обичен пакет не невестински и мислам дека беше 1500 без нокти, само шминка и фризура. А пробни фризури не правев.
Во ова студио имаш правено? И јас не планирам некои фризури да правам, сакам само долга коса со локни, ама сакам некои ситни бели цветчиња да имам низ косата и не знам дали ќе успеам сама дома да ги ставам
Сигурно ќе успееш земи си од оние што се прикачени на шнолички. Ако не можеш сама, некој друг од домашните ќе ти ги прикачи. Кога ќе дојде ред за мене, нормално дека нема да кажам дека ми е за невеста, па да лупам некои си 3000 денари па и повеќе. За свадба кај другарка ми е и готово