Зависи каков фустан/венчаница ќе носиш и од должината на косата. Ако е затворен напред (без деколте) јас би собрана со некои јаки обетки големи, ако е отворен природни локни со ланче нежно.
Здраво Феминки, Дали знаете некој нормален фризер и шминкер кој нема да ја крене цената во плафон кога ќе кажеш дека си невеста. Не се нормални со разликава во цени, и тоа кога и се изнасмеав на една ми рече епа повеќе внимание посветуваме и ќе ни се фати терминот. Искуства?
јас освен да не најавиш дека си невеста не знам некој фризер и шминкер што нема да накачи цена, а од искуство иста е шминката, исто е и вниманието џабе пуфки продаваат демек за невеста повеќе внимание обрнувале
Jas pravev sminka i frizura vo studiovale cair bidejki bev nevesta mi zemaa 6100 ama ne mi mrdna ni sminka ni pak frizura toplo ti preporacuvam a inace zemaat 1500 den za sminka i frizura pozdrav i sekoe dobro
фризерско студио стил во драчево топло го препорачувам од искуство и шминка и фризура не ми мрднаа цел ден а освен тоа не зема скапо и многу брзо работи
Да се надоврзам, и јас бев кај нив за регистрација кога правев, 1500 ден ми наплатија (искрено мислев кога ќе кажам регистрација ќе зголемат). Се истури од врнење цел ден, ни коса, ни шминка ми мрднаа и преубава си бев плус многу се фини. Во Кензо бев 2 пати ама не би стапнала пак зашто се многу неорганизирани, каснат, ечи музика и едвај се разбираш со нив, покажуваш слика како сакаш да изгледаш (мхм, важи) и си тераат тие. Ако дадеш сугестија или ги поправиш ти превртуваат со очи. Не знам, може вториот пат шминкерката не ми се погоди.
DL Art искрено мене не ми се добри, за напата свадба од фамилија моја и на маж ми беа сите кај неа, страшно колку брзо ги нашминка, ни подлога ни ништо, во 13ч беа готови во 15 беше црква тие веќе без пудра на нив.. според мене сака да си спечали повеќе пари на ден со повеќе муштерии и само ради реда нашминкано.
јас во ДЛ арт се шминкав за свадба, сега во јуни и сум задоволна ептен...како што се потам ептен издржа шминката. Тоа што не ми се бендисува е што девојчето има ептен негативен вајб и оговара муштерии на велико. Некому тоа не значи ама мене ми значи и сакам да ми е пријатно таму каде што одам за убави нешта
Она само шминка, а има договор со еден фризер само многу е тешко да ги погодиш и двајцата слободни зашто не работат заедно. Кога и ѕвонев за да закажам ми рече минимум пред 1 месец требало да се јавам за плус фризура. А шминката не памтам која цена беше ама не беше под 1000 ден.
за невестинска кога закажав сѐ уште шминкаше дома и ми наплати по цена ко дома да ме шминкала 3000, а во новиот салон ги покачи цените. Мислам невеста е 3500, а регулар 2000
Кај Арменд, шминка не претна ама за фризура беше искрен и ми рече на таа коса не држи ништо, издржи која фотка и биди среќна, изгледаше прееубаво ама попот со круната си го напрај своето. Не беше скроз расипана ама не таква каква што беше. Имам долга,густа, тешка.. Скап е ама пак и кај Даниел сум бидена 6000 ми зеде, а не бев невеста, не знам за што, сама се преправав дома.