250€ . Кај неа се закажува 1,2 Јануари. Барем така беше кога јас и сестра ми бевме невести. Сега, ич не би дала толку пари за неа Преценета
Девојки некоја да се шминкала и фризура за невеста во студио Глам кај Фатлуме? Невестински пакет ми рече 6000 фризура, шминка и нокти. А нокти нигде не видов слики од неа. Па ве молам ако има некоја било какво искуство да ми каже.
Јас кога и да треба да се шминкам кај фатлуме идам. Има за 800 денари и за 1500 со професионална шминка Нокти можеби сега почнува да прави, го реновира моментално дуќанот. На почетокот супер и одеше а сега гледам дека има девојки вработено, тие прават фризура, пудра, контура на лице, на крај само Фатлуме шминка очи. Ако се одлучиш за неа кажи и дека сакаш целосно она да те направи, а за нокти најдобро на друго место оди
А јас веќе закажав, ваљда не е проблем да и се јавам пак и да и нагласам дека сакам се она да ме прави?
Кога ќе отидеш таму ќе и кажеш дека сакаш она да те направи целосно, за неа си дошла специјално. Мене ме убедуваше мила исто работиме, не е важно ама мене ми е важно. Од Аеродром до Чаир има премногу студија што шминкаат ама ете за неа сум се одлучила
Задоволна сум од него за шминка, само косата барем мојата не издржа како што издржувала кај некои што сум ја правела за многу поефтино.
Кенза, Анфи и Z Hair ext.. невидена катастрофа од лично искуство. Не сим била на невестинска шминка, ама сум била за апсолвентска, свадби итн , прават многу вештачки, користат евтини шминки, со еден збор како они шо знаат така си прават, критики не слушаат. Така да добро размислете си.
Добар ден, имаме закажано свадба на 28 Мај и сега барам каде да правам фризура дали омате некој во близина на Аеродром да ми препорачате и осто така дали знаете некои фризерски салони што може да ти срават како клипсови или надградба што после тоа може да се врати Ви благодарам
И јас закажав кај нејзе, ми пиша дека невестинските шминки ги изработува она од почеток до крај. Јас бидејќи закажав уште за 2 гостинки што ќе ми бидат на свадба во ист термин, ми нагласи дека само мене она ќе ме шминка. Фризурата ја прават другите девојчиња. И ноктите не ги прави она, рече ќе ти закажам неколку денови пред свадбата кај девојката што ги прави Искрено, многу ми е 6000, се надевам дека се ќе биде 'пиц пец'
Фала ти за информациите Инаку дека не се малку 6000 не се, ама она беше најефтина. Кога прашував на други места под 7000 немаше нигде. Цените одеа и до 200-250 евра...
Девојки, многу се мислам каде за невестинска шминка и фризура, посебно за шминка. Шурбевски не е слободен...со студио Мери потпишани на фб ( а на инстаграм - mejremeametii) дали имате искуство? Ве молам за предлози