Се шминкав за свадба на другарка, и искрено воошто не ме нашминка убаво, трепките надоле ми беа, не ја препорачувам.
Женски ве молам препорака за шминка и фризура (невестинска). Косич и дл арт не се слободни, октај и сим бараат 150 евра што е лудило. До кај 6 илјади макс би платила, ама стварно да се добри и убава фризура да ми направат. Хелппп
Јас не ни кажав дека сум невеста. Шминка и фризура добив каква што сакав, платив нормална цена. Не знам што ќе беше поразлично да барав "невестинска", за цената х5 да им биде.
Мене викендов ми правеше фризура Никола и премногу ми се допадна, беше скоро исто како на сликата што му ја покажав како инспирација. Ми траеше од 12ч дента до 12ч вечерта не се пушти се додека не ја пуштив јас. Би правела фризура кај него повторно, многу е ефикасен и брз, фризурата ми беше готова за 30-40минути.
Вреди ли SimSaltirova за 6000 невестинска? Ту мач ми се гледа, најдов една девојка njegach makeup ама не е нешто многу позната а вака океј ми дечува шминката. Не знам што да правам..
Стварно пакет невестинска шминка комбинација Сим и Октај е 10илјади.. немам коментар се утепав од барање на шминкер со пристојна цена
Сите се отприлика толку, на крај краева не кажувај дека си невеста ќе поминеш поевтино. Јас закажав кај Даниел , цената му е од 8 до 12000 во зависност од фризурата.
Може веќе имаш закажано, но со цело срце ти ја препорачувам Njegach, да знаеш дека со врвни брендови шминка( за мојот тен и текстура на лице користеше еден тип на пудра, кај сестра ми друг зошто она сува кожа јас мрсна), перфекционист, неколку пати се имам кај неа шминкано, но по следењето на инстаграм оддамна нема ставено ни пост ни стори дека шминка сеуште.
Вака да ви кажам не кажувајте дека ви треба невестинска шминка, со исти шминки ве шминка и само дупло ќе платите.
Леле ова ми требаше! Фала ти многу. Мислам дека познативе шминкери се преисфорсирани, а си барав така некој со поскромна цена ама нели убаво да работи. Искрено ми беше страв да ризикувам зошто малку слики има и не можам убаво да проценам ама сега ме охрабри хаха. Ти траеше ли шминката?
Траење, не мрдна ништо, а на целодневни свадби бев. Сега не знам каде шминка, но тогаш шминкаше дома, негде по тие зградите на Водно и малку е проблем за фризура ако сакаш да искомбинираш од фризериве нема некој во близина.
Закажав кај кенза за невестинска фризура и шминка, плус надградба за еден ден? Дали има некој изнајмувано надградба од нив и како сте задоволни? Поз
Има ли некој што шминка хигиенски? Се што гледам е исти четки, сунѓери, ставање кармин или течен кармин директно на уста со апликаторот и враќање назад.. хаос, а цените изгор, се грижи ли некој за хигиена? на толку пари платени, уште некоја инфекција да закачам фали