Свадбата ми е подалеку од Скопје, нема да можам да доаѓам до Скопје за шминка, додека да дојдам и се вратам плус шминкање отиде пола свадба. Ме интересира дали знаете дали Шурбевски/Косиќ/ Фран/ Октај патуваат и понастрана од Скопје ? Секако нема да бидам само јас за шминка, тука би биле и мајка ми, сестра ми, братучетки итн… го кажувам ова од аспект на исплатливост за фризерот/шминкерот. Any help is very appreciated
Шурбевски пред некој ден имаше слики како шминка во Аурора ако не се лажам и ако добро се сеќавам, така што можеби патува, а за другиве не знам. Најдобро да им пишеш/да се јавиш да го прашаш нив за поточни информации
Здраво, ме интересира дали некој има искуство со Милена Косиќ за невестинска шминка и фризура. Вака на инстаграм изгледа супер како работи меѓутоа од секојдневна пракса што гледам како ги фотошопираат сликите малку и ме фаќа страв.
Најискрено бев кај нејзе за шминка на неколку свадби и искрено не сум задоволна јас лично воопшто. Првиот пат така така бев, си реков ај следно ќе е оке, и вториот пат ај некако подобро… и ајде дојде третава свадба… ужас невиден, прво премногу камена пудра имав како со дупки ми беше лицето, врат и деколте не шминка… пудрата што ми ја стави беше потемна од мојот тен… имав дупки од пудра под врат… на косата имав шминка и на ушите исто… се бришев дома со солзи… и од тогаш уште еднаш не. Исто и за фризура кај тој што работи кај нејзе, мислев дека е добар дека работел кај Станче, ама ужас дур стигнам дома ми се распадна фризурата и тоа кума бев…. Моја другарка е презадоволна, ама ете јас многу лошо искуство имам.. на врвот на се и јачмен ми излезе после третиот пат… и невеста никад не би закажала кај нејзе. Мислам сеа јас не ти ја препорачувам, прелошо искуство имам. Може така мене ми се погоди.
А да ми препорачате некој/ја што навистина знае да шминка, да стои фризурата и секако со нормални цени.
Препорачајте ми фризер кој ќе успее да ми ја направи ваква косата.. Да напоменам дека јас имам темно кафена коса, па ќе треба малку да се помачи..
Јас патував од Кочани за Скопје за невестинска флизура и шминка кај Нергес 150 евра заедно се и сум задоволната шминката не трепна нагласени очи не бев како со брашно плесната немав идеа така отидов и задоволна косата малце ми се исправи предните прамени ги фатив при облекување на фустанот во бисерите и се исправија
Може ли да ми препорачате фризерско студио во Центар, околина на Зелен пазар? Освен Сандра ексклузив. За фризура ми треба
Девојки, вреди ли да се закаже за невестинска шминка или стандардно да се отиде без да кажете дека ви е за невеста, затоа што разликата е 200 евра
Јас лично не се каам за невестинската фризура и шминка. Ме чинеше 10000 ден. Секој нека прави како му одговара
Јас не кажав. Шминка и фризура ми направија како што си сакав. И ден денес стварно не ми е јасно што ќе беше поразлично да закажев за невестинска, освен цената нели.
Мојата фризура и шминка заедно ме чинеше 4500, што е многу скапо за во помал град Ама ете, пусти мерак тогаш за невеста да бидеш и не ни размислив на тоа да не кажувам дека сум невеста, а го гледав ценовниот за обична фризура и шминка е упола цена
Здраво, искуство со Фатлуме, Студио С и Валедема? Фатлуме ја фалат највеќе но кај неа е се закажано. За сестра и (студио С) некако не слушнав позитивни коментари како кај другиве две...
Може ли да ми препорачате некој што равоти во недела во околина на влае, хром, ѓорче или сарај? Ми треба за фризура и шминка.